Старите добри времиња

леле бевме 9 внуци и сите пораснавме кај нашата БАБИЧКА !!! Што уште не ни направивме лудории до бескрај наинтересно е кога ја гледавме Касандра и читавме превод на баба и кога ни кажуваше приказни за да заспиеме на крај таа заспиваше а ние пак будни ко индијанци. Собирање на детска пошта јура правевме флипер од даска конап ,шајки и штипки за закачување на алишта цел ден со тоа ќе си играш.Мојот пра дедо пак ми правеше количка од конзерва и од лубеница КОЛКУ ЛИ СЕ РАДУВАВ по цели денови на игралиште со фудбал американска или кошарка игравме се карав со другари за НБА ги знаев сите играчи сите екипи кој каде игра колку завршила утакмица и добивав на облог. По три саати на мустафа играв или на Ф1 возев ролери трчев паѓав целата бев белези. ОД изгрејсонце па се до 10 излезен надвор да си играш правевме бунќер ид дрва и си игравме војници . џамија ,ластик се плискавме со вода потоа тетрис нинтендо супер марио. Колку само убави спомени .НАЈИНТЕРЕСНО ОД СЕ кога со една братучетка месевме леб. Ја видовме баба како меси леб и ајде и ние. Баба ми имаше фурна и го печеше лебот таму .Па ние немавме брашно па наместо брашно ПЕПЕЛ . немавме каде да месеме па кај баба в кујна на тепих . Пепел вода зејтин шекер црвен пипер се живо и диво ставивме :) на крај кој ќотек го изедовме ама БИТНА Е ЗАБАВАТА хАХАХ и плашило од тиква правевме па цела вечер си игравме на улица со тоа демек ќе ги плашиме другите. А не како денес на 10 год незнае шо да направи од многу задоволство . Фејсбук интернет мобилни дечковци абе лудило денес незнаат да си играт !!!

И ДА НЕ ЗАБОРАВАМ БАРУМ БАРУМ НА МТВ КОГА ГО ГЛЕДАВ И КАЛИМЕРО ОМИЛЕНИТЕ МОИ ЦРТАНИ
 
)))) Детство вов најдобри моменти ми беја тоа.
Имав еден другар најдобар ми беше Милан се викаше.
Секое утро со нетрпение станувавме и одевме во Скопјанка во подрумот со бубрежија и двајцата оние торбичиња кои се носат на половина.
Во нив имавме секакви тракатанци од елекро моторчиња џамлии сликички ако случајно начекаме да се играт џамлии
врвки носевме за кога идевме на некој непознати места со торбичињата се врзувавме еден со друг и си носевме и по нешто за јадење сендвиче палевме оганче го греевме јадењето и јадевме ))).
После Игравме Твистед Метал и Кадилак и Панишар ги вртевме шетавме секаде по сите флипери
Брканица Џамија Вис се некој од игрите кои кога ги игравме се радувавме тоа беше чудо колку многу и само сакавме да не дојде некој од родителите да не собере дома.
Па ми текнува како глумевме мажи и во 4 то одд се бричевме со пена за бричење само без жилети колку да почуствуваме како е/
се соберевме во касните часови за нас касно беше некаде 21 и ке земевме да си кажуваме некој страшни приказни сите се правевме дека не се плашиме а уствари се мочавме во гаќи што се вика од страв )))
Одевме дури до далечни месте )))) за нас беа далечни да се отиде како од
Скопјанка 4 те кули во Ајродром до мостот кој оди накај Афтопазар и собиравме по пат лименки и правевме колекции
Уффф детство до 12 години ми беше убаво после некако почнав да зреам и да мислам )))) дека разбирам///
Најубаво нешто од детството е што не се грижиш за ништо
 
Oф тие времиња... кога ми текне ц.ц.ц... шетање низ градот и само гледавме да направиме некоја беља или да седнеме во паркот и да наоѓаме маани на секој шо ќе помине покрај нас.. играњето на флипери .. посебно МУСТАФА...или панг.. криењето по стари куќи за да испушиме по неколку цигари...едвај чекавме да дојде петок и сабота да се опиеме ... после тоа почна сеедно да ни биде и кога ни текнеше тогаш се опивавме ако се најдеше со некој шо сака да пие преку недела иако е на школо прва смена... лее ко ми текне серијата "Mлади Бунтовници" ... хаха.. лепење и разменување на сликички од фудбал .... играње џамлии во маалото .. .играње фудбал маало против маало... и многу нешта има шо не ми текнува :)
 
patam za maicka so kratki rakavi i patiki za dobra ZURKA ...a ne se stikli letaat na site strani :)))))))
 
Играње "Супер Марио" на нинтендо и на флипери една игра "Пчеличката Маја" се викаше.
Пред зграда колку имаме играно докторки или праење манџи од трева,лисја и цвеќиња од околните дворови,па после со барбики преслекви ги, облекви ги...
Константно јадење тесто,се дури не сфатив дека стварно е грозно.
Пред телевизор радвење со "Бушава азбука" и "Здраво генијалци" или кога даваја песни од "Златно славејче" пред телевизиор играј.
Најбитен момент ко дојде Касандра на плоштад :pos: Прајслес.
И многу други глупости од собирање албуми,салфетки до црнки од боици и моливи.
Пубо беше ко си имав 5-6 години.
 
овие емисии ми го направија детството незаборавно






ми се плаче бееееееееее..... :angry2::angry2:
 
За она добра добра добра стара времена :pipi:
И мене ужасно ми недостигаат старите добри времиња.
Кога игравме ластик,кога игравме криенка,брканица,кога гледавме цртани филмови,играњето на нинтендо како што кажа VeS погоре,не и дека сега не играм ама сето тоа е скришум :icon_lol:
Koга ја гледав серијата Наше Маало,боже па јас пораснав со нив.
И многу други работи кои ми недостигаат,се би дала за еден ден да се вратам во детсвото.Кога поминувам низ градинката ги гледам безгрижните мали дечиња како си играат.
Да ти е мерак додека ги гледаш.
 
Вие со 19 години жалите, а јас плус 10 на вашите шо да речам....

Нема детство такво какво што имаше, летно време се играло жмурка до бесвест, недај боже да жмуриш има да окапеш барајќи, големо маало 50 деца, живеев во Ново Лисиче, и коа ке се испосокријат оди најди некој да те видам со саати сме се бареле, али без мака, па џамија, па народна, долга магарица, ја бев костур слаботија тешка имав другарка така крупничка и коа ќе се акнеше врз мене да беше друг одма кичма можеше да му летне, поиздржливи сме од денешниве дечиња. Имаше едни чипсови интересни џурасик парк, череза, томби, нинџа желки.... и да свтарно некој да те фатеше за гз беше доживљај, и башка што ќе оди со скршена рака после тоа.
Ластик, леле колку само сме скокале високо коа ке ми текне сеа да рипнам на половина има да биде чудо... па оние песнички што се за со раце, као сол макарон, где си била ружице, и ред други, абе со сендивичи надвор сме биле по цел ден и мака сме немале, сега денешниве да тажно е што забавата ја гледаат само пред пц но нормлано и ние им сме пример они друго незнаат, жими сабота и недела што ќе ги прошетаме до водно или парк, друго се е на школо или дома.
Такво е темпото не се криви децата. :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom