INVINCIBLE
MUFC
- Член од
- 9 декември 2007
- Мислења
- 3.469
- Поени од реакции
- 449
Фудбалскиот сојуз на Англија денеска одлучил да не го казни менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон за непристојниот гест кон навивачите на Рединг. Фергусон на натпреварот со Рединг стана од клупата и направи непристоен гест кон противничките навивачи кога Кристијано Роналдо во последните минути постигна гол и им обезбеди победа на “црвените ѓаволи” од 2-0. Навивачите на Рединиг се пожалија дека гестот на Фергусон бил злонамерен и упатен кон нив. “Се што направив беше израз на олеснување, бидејќи ова беше еден од нашите најтешки натпревари сезонава.” – изјавил менаџерот на Манчестер.
Добро е тоа не ни требаше уште една суспензија на САФ...