bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Убаво си пиша, ПИОМ е далеку померодавен кога се работи за вработени. Еве што вика ПИОМ:
- на крајот на 2005 година, бројот на вработени изнесувал 348.500.
- на крајот на 2014 година, бројот на вработени изнесувал 536.191.
Од 2006 година до 2014 година, се вработиле 187.691 луѓе. Значи, за девет години, невработеноста се намалила за вкупно 187.691 луѓе. Бројкиве се до 2014та. Ако ја сметаме и 2015та, бројката сигурно надминува 200.000 нововработени луѓе.
![]()
Сум слушнал.![]()
Нас треба да нè интересира точна бројка на вработени, бидејќи само за тоа имаш гаранција "црно на бело" дека тие луѓе имаат приходи и се вработени. Стапката на невработеност не ја отсликува објективната реалност, и можеш комотно да ја помножиш со нула. Јас имам редовни приходи, но се водам како невработен. Такви како мене има илјадници. И шукурац од таков податок, фаличен, неточен!?
Е ова треба да те интересира: oд 2006 година до 2014 година, бројот на вработени се зголемил за 187.691, и истиот има тенденција на растење. Тоа значи дека бројот на невработени, од 2006 година до 2014 година, се намалил за 187.691 луѓе. Овде нема ништо фиктивно. За сите овие луѓе се води евиденција, вработени се и плаќаат придонеси.
Ако пак нешто не ти е јасно, кажи, ќе ти нацртам.
Фала што ни даде статистика за бројот на вработени последниве 25 години.
Владата на Кљусев оставила 531.000 вработени, за да во 2003 година се намали бројот на вработени на само 321.000. И сега еве имаме 536.000 вработени 2014 година, дури 5000 илјади повеќе отколку 1992 година.