Чиче, остај ги измислиците на страна. Таа пропаганда не пали кај народот.
Како вработени се водат оние што имаат договор за вработување и земаат плата, а придонесии се плаќаа на месечни надоместоци/хонорари над 9700 денари. Среќа што државава од 2008 година отвара факултети насекаде и високото образование го направи достапно за сите, па вака образувани никој не може да ни продава ниска пропаганда.
Тебе да те лечи доктор шо завршил медицина во диспанзиран факултет во Зовиќ а статика на зграда да ти праи дипломиран инженер шо завршил факултет за градежништво во Велмеј
Инаку за пропаганда видовме, пропагираше дека не е вистина податокот од светска банка за 630.000 иселени од македонија, го доби линкот и податокот дека е така, пропагираше дека македонци масовно летуваат на сејшели, малдиви и кариби - се испостави дека е лага, пропагираше дека “инвестицискиот бум“ масовно вработува и добро плаќа, испадна дека повеќе земаат субвнции од држава од колку шо даваат плати а платата кај нив е третина од месечна потрошувачка кошничка, пропагираше дека Македонскиот народ живее среќно и богато, испадна дека една третина се сиромашни, една третина се невработени, а од вработените, речиси половина земаат нередовно плата или плата која е е третина од потрошувачка кошничка.
Мислите дека се јадат слики од бифтеци и се плаќа со слики од пари кои им ги покажувате на народот?
Во улица каде живеам карши мене еден од браќата замина франција пошто неможеше овде да преживее и да не е тој мајка му и другиот брат ќе бараа по контејнери а куќата таткото ја напраи во СФРЈ како вработен во свиларата, во истата улица синот со снаата заминаа германија двата со факултет овде питаа дома 50 денари за кафе, и нив татко им крена и куќа и гаража и дуќанче во склоп на куќата во време на СФРЈ како работник во, Гоце Радосављевиќ, подолу од мене 2 куќи синот веќе втора година оди сезонски да работи на брод и така преживува, во куќа на 2 спрата шо татко му ја кренал во време на СФРЈ, погоре во улицата детето дипломира пред помалце од година дена, сега замина во убаи да работи како келнер, татко му во РЕК работеше, убава куќа крената во време на СФРЈ, подолу од мене заминаа Канада, тој имженер жена му со средно, овде оставија куќа која татко им ја напраи дур работеше во конзервната во Битола во време на СФРЈ...
Се распаѓаме дете, завладува пустош очај и депресија, како затвореници сите мисли ни се како да се избега од тука, таму ги концентрираме знаењата идеите мислите...
али то тебе не ти е важно, не сте ради тоа на власт, си имате поважни работи, а народот, лесно праиме има статистики има коефициенти има графикони, нека јаде и пие од нив