Прв пат гледав ваква комедија кога беше она Балкан Стенд Ап, или како беше, Џамбазов и Коцев од нашите беа тогаш, ме импресионираа.
Ми се допаѓа ваков тип на комедија, посебно затоа што се исмејуваат одредени ситуации, карактеристики од секојдневите на навистина специфичен начин.
за жал, на тој настан не си можел да видиш што вистински значи стендап. тоа е повеќе од типот: „како мали џокица замишља...“
значи без хејтање, само реално:
Првите обиди, и тоа прилично добри, беа на Тони Михајловски на оние Бубамара наградите. Сашко Коцев го доживуваме како бледа копија на Тони, затоа што е кумановец и го замени Тони со речиси истите фори и дијалект (двајцата се кумановци, нели).
За човек да биде добар стендап комичар, треба да има натпросечен IQ, богат речник и харизма заедно со фктот дека треба да биде пред се смешен.
башка што треба да вежба и да го смислува и разработува материјалот претходно. нашите (балканските) комичари, се плашам, се обидуваат да импровизираат и тоа не изгледа добро. не може анатерски однос да проектира професионализам. ни оддалеку.
според википедија, во велика британија стендапот влече корени дури од 18 и 19 век! кај нас тогаш било „пусто турско“
како што веќе беше кажано, повеќеминутно раскажување виц што не е смешен и покрај тоа што е раскажан на дијалект - едноставно не е стендап. сори.
еве и еден цитат од википедија:
The skills attributed to stand-up are diverse, as the stand-up comic often acts as writer, editor, performer, promoter, producer and technician for the act. Many stand-up comedians work for years to develop 45 minutes of material, and usually perform their bits repeatedly, slowly perfecting them over time.
(е, тука ја утнавме со нашите комичари - премногу работа
)
http://en.wikipedia.org/wiki/Stand-up_comedy