Стан или куќа ?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Стан или куќа ?


  • Вкупно гласачи
    133
  • Гласањето е завршено на .
Сите сакаат куќа...а сте се запрашале колку чини одрзување на таа куќа?
 
Стан.Куќа...е заебано.Увек ја доградуваш,разградуваш,вамте тамте,никад не можеш да речеш,да готово веќе не градам нишо.

утре кога ке се ожениш ке имаш 2 3 деца па на старост ке имаш у внуци. ако имаш доволно пари може да купиш стан или куќа нели? ако живееш у стан ке сонуваш само за доградба и ако вопшто се согласат сите комшии да доградуваат ке имаш фиксно одредено место каде ке доградуваш - во куќа можеш да доградиш кога сакаш колку сакаш и како сакаш. get it?

у стан ако живееш на млади години може е добро. оди живеј на стари години по скали нагоре надоле кога нема да те држат нозете? оди летно време да те видам во стан како се седи - пушташ клима ладиш се откако ке ја изгасиш за 5 миунти се загреал цел стан затоа што самите ѕидови под/над/до тебе се усијани!

имаш кола - у куќа ке ја паркираш во двор а ако имаш гаража уште поубаво можеш да ја переш да работиш на неа шо сакаш да правиш - у стан треба да си плаќаш месечно за колата перење работење и слично заборавете!

у куќа можам навчер да пуштам и погласна музика ид а се начукам и да урлам и шо сакам да правам - оди во стан тоа направи го и пушти стоперица да мериш за колку време ке дојдат џандарите на врата.

и за греењето што викате сите дека е подобро за во стан дефинитивно не се согласувам! во стан сакаш несакаш ти го гасат парното накај 10 11 сат од прилика а за него плаќаш - дали си згреан или не е дискутабилно. во куќа ке си инсталирам јас соопствен систем за греење и ке го пуштам и гасам кога сакам и ко лку сакам.

има уште причини ама ај доста се за сега
--- надополнето: Sep 25, 2011 9:41 PM ---
Сите сакаат куќа...а сте се запрашале колку чини одрзување на таа куќа?
ај ти кажи ми колку кошта одржавање на куќата. еве ти ја пример мојата квадратура - јас живеам во о куќа од околуи 64/65 квадрата ама ај ке заокружиме на 70. колку кошта кажувај
 
Колку да купиш уште еден стан од 70 квадрати...толку!!!
 
јас сум сега во дилема дали да купам куќа или изградам куќа или купам стан. Се акам оклу тоа веќе 5 месеци, барам душкам ослушнувам....
Цените пополека одат надолу, градбата е доста ефтина (скапи се се уште плацеви и комуналии) Али за то има лек, ќе појдеш тро надвор (овде во БТ има добри места на кај пелистер, каде се ефтини ниви (плацеви) и каде или не се плаќа комуналии или се минимални ако влегуваат во надлежност на некое село. За нормална куќа градбата би ми била околу 250 евра квадрат (комплет не карабина - цената ја добив од градежни фирми) со приватни мајстори може и поефтинко, некои 500 квадрати плац (иако тешко се решаваат да продаваат ниви од по 3000-5000 квадрати на мали делови, значи за 500 квадрати плац блиску до пат, уште некои 5000 евра, да донесам струја, (ако нема низок напон) 1000 евра, вода - бунар под пелистер има многу вода и тоа кввалитетна, одвод - септичка јама и ете ти, куќа 80 квадрати со 500 квадрати двор - за испод 30.000 евра (тука во БТ) за 30.000 евра можам да земам 52-55 квадрати стан во градот, помалце трошоци за одење идење (не ми треба возило, во зграда ќе бидам загреван и одозгора и одоздола и од 2-3 страни од страна, нема да имам толку одржување на двор, огради, олуци, покрив, патеки чистења снег на зима, миење и метење патеки на лето... значи идам дома од работа и легнувам после ручек, во куќ секогаш има нешто, или да се изтрижи трева или бојадиса ограда или негде нешто да се чепне, али и убавината е поголема, просторот... за се си има свое оправдуање, ако си зфатено градско момче и сакаш времето да си го трошиш за себ и излегувања - стан, ако си малце склон кон домаќинлук и желба нон стоп нешто да чепкаш уредуваш дотеруваш... тогаш куќа со двор.
 
Моментално живеам во стан,а порано 12 години живеев во куќа и знам како е да се живее во едното и во другото.Мене лично станот ми е подобар моментално.Дома не сме типови на луѓе што многу би се замарале со двор,ем зафатени сите нема многу време за одржување,а мене би ми било мака да косам трева,стрижам жива ограда,чистам снег у двор и пред гаража и сл.Дворот не ни беше баш најодржуван често,а на никого не му претставуваше задоволство да го работи тоа (за брат ми и татко ми со алергиите двор е смрт).Башка што обично куќите се наоѓаат во поодалечени делови од градот,а мене целиот живот ми се вртел околу центарот на Скопје.Таму учам,сум учел,таму излегувам........едноставно за разлика кога живеев во куќа не мора да идам со автобус.Вака секаде пешачам.Плус мене ми е некако поудобно во помал простор,па и кога би имал куќа не би сакал да имам двор од 500-1000 квадрати.Сега јест да во куќа пример си имаш дрва па си береш цреши,кајсии,круши и смокви (тоа имав во куќата),имаш за деца каде да ги пуштиш да трчаат,со комшиите не си толку врзан.........
Си имаат и едното и другото свои мани и предности,зависи од човекот каков е што повеќе ќе му одговара.
 
Куќа е подобар избор ако се најдува на добра локација, но станот е полесен и поефтин за одржување.
 
Сите сакаат куќа...а сте се запрашале колку чини одрзување на таа куќа?

Значи ако парите не ги инвестираш во подобри услови за живеење во што би ги инвестирал до пред 3 4 години живеев во стан и дефинитивно никогаш више
 
Јас живеам во куќа а сум живеела и во стан и дефинитивно би одбрала куќа. Како и да е, децата секогаш можеш да ги пуштиш да трчаат низ двор, а на старост пак секогаш ќе имаш со што да се занимаш, ако ништо друго цвеќиња ќе одгледуваш.
 
Имаш ли ограничен буџет СТАН имаш ли поголем буџет КУЌА. Не се будали сите што имаат поголема пара куќи што земаат во елитни населби, ако можеш да ја одржуваш куќа е најдобра опција.
 
Куќа и куќа и куќа... Ти нуди комфор куќата, у стан се осеќам ко у кибрит. Башка у куќата ги нема оние правосмукалски секс активности на комшиите да те дразнат. Па она чуство кога ќе ти процвета црешата во двор, па кога ќе му се внесш у фаца на првото јаболко, па кога ги масираш јаготките за побрзо да стасаат, па тоа компотот од вишната и после се , стан? - Не благодарам.
 
Куќа !

Затоа што во стан немаш мир ... не дај боже ради невнимание ќе ти изгори стан може и ти сосе него ќе изгориш.. ко шо беше случај кај нас во комшии пред година дена. Постојано некој тропа.. крца, преместува,плаче некое детиште... или некоја будала отрештува музика... буквално нема мир!
во куќа има можеби повеќе работа.. ама затоа си знаеш дека никој не може да ти наштети.. да те запали, поплави или шо уште не.. си спиеш на раат без некој одозгора да ти оди и да те буди уште во 7 сабајле.
Нема подобро од куќа... одма би го продала станов.. како во затвор се осеќа човек... се што во едната соба се зборува.. во другата се слуша.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom