јас сум сега во дилема дали да купам куќа или изградам куќа или купам стан. Се акам оклу тоа веќе 5 месеци, барам душкам ослушнувам....
Цените пополека одат надолу, градбата е доста ефтина (скапи се се уште плацеви и комуналии) Али за то има лек, ќе појдеш тро надвор (овде во БТ има добри места на кај пелистер, каде се ефтини ниви (плацеви) и каде или не се плаќа комуналии или се минимални ако влегуваат во надлежност на некое село. За нормална куќа градбата би ми била околу 250 евра квадрат (комплет не карабина - цената ја добив од градежни фирми) со приватни мајстори може и поефтинко, некои 500 квадрати плац (иако тешко се решаваат да продаваат ниви од по 3000-5000 квадрати на мали делови, значи за 500 квадрати плац блиску до пат, уште некои 5000 евра, да донесам струја, (ако нема низок напон) 1000 евра, вода - бунар под пелистер има многу вода и тоа кввалитетна, одвод - септичка јама и ете ти, куќа 80 квадрати со 500 квадрати двор - за испод 30.000 евра (тука во БТ) за 30.000 евра можам да земам 52-55 квадрати стан во градот, помалце трошоци за одење идење (не ми треба возило, во зграда ќе бидам загреван и одозгора и одоздола и од 2-3 страни од страна, нема да имам толку одржување на двор, огради, олуци, покрив, патеки чистења снег на зима, миење и метење патеки на лето... значи идам дома од работа и легнувам после ручек, во куќ секогаш има нешто, или да се изтрижи трева или бојадиса ограда или негде нешто да се чепне, али и убавината е поголема, просторот... за се си има свое оправдуање, ако си зфатено градско момче и сакаш времето да си го трошиш за себ и излегувања - стан, ако си малце склон кон домаќинлук и желба нон стоп нешто да чепкаш уредуваш дотеруваш... тогаш куќа со двор.