Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Живеј во куќа и прави галама,прави нешто што ќе им пречи на другите комшии имаат право да те пријават во полиција за нарушување на јавен ред и мир и ќе се чешаш.Ако не си знаел и во населбите со куќи има куќен ред.Куќа, дефинитивно - сам свој газда. Не сакам згради и станови зошто секогаш постојат идиоти комшии на кои се им смета, или ти им сметаш, или сакаат да сметаат. Вака во куќа и диносаурус си трчкам низ двор.
Живеј во куќа и прави галама,прави нешто што ќе им пречи на другите комшии имаат право да те пријават во полиција за нарушување на јавен ред и мир и ќе се чешаш.Ако не си знаел и во населбите со куќи има куќен ред.
А бе не те пријавил некој па ќе видиш.Инаку имам комшии што чуваа куче,кое мораа да го тргнат затоа што по цела вечер лаеше и нонстоп ги пријавував во полиција.Абе не треси зелени бе ало![]()
Море пријател, јас не знам кај пишав нешто лошо дека правам, муабетот ми е имаш слобода во куќа, јас ниту пукам ниту кршам ниту сум некултурна бараба, ама реално во куќа си господ за разлика од зграда...нејсе, ако сме комшии случајно и сметам за нешто, бујрум на кафе поручек.А бе не те пријавил некој па ќе видиш.Инаку имам комшии што чуваа куче,кое мораа да го тргнат затоа што по цела вечер лаеше и нонстоп ги пријавував во полиција.
Уште едно недоквакано прашање. КАДЕ е станот/куќата?. Стан од 80 м2 во Аеродром или куќа од 80 м2 во, да речеме Пинтија? Или куќа од 80 м2 во карпош или стан во Даме Груев? Јас на пример станчето во аеродром не би го менувал за палата во "периферијата" на Скопје, -нема асфалт/канализација/автобус/школо/продавница - ЦИВИЛИЗАЦИЈА. Мој познаник ми се фали со куќата во Пинтија - Аеродром бил загаден?! Јас живеам во зграда во парк, а тој во куќа практично во дворот на ОХИС....