Средношколски протести

Ако се најде навреден или повреден, прими длабоко извинување затоа што намерата не ми беше таква. Само темата за која зборите нема допирна точка со оваа. И башка не си во право, барем такво е моето мислење.

Сега бидејќи јас не сум доволно информиран, како поминал денешниот ден? Дали имало проблеми и дали бојкотот ќе продолжи?
 
Абе точно и јас сум против она компјутер за секое дете зш има ни таблица не ја знат , а не па друго инаку што сакаш да може да дојде професорот да ти го реши тестот за екстерно , а ти да не учиш? Свесен сум дека има грешки во тоа тестовите ама мора да се стави крај на поклонети оценки!
 
Јас сум пред се за она “книга пред секое дете“, па потоа да размислуваме за компјутери, лап топи и друга експериментална настава. Тоа не е потребно во овој систем. Ако сакаме поефикасно образование треба нешто поконкретно да се преземе. Вака само тапкаме во место. Првиот чекор би можел да биде оној вистинскиот, така што треба да се седне да се разговара и со пленумот, да се види нивната идеологија, но и со професорите и директорите, па потоа да се дејствува. Никој не може да одлучува за идните генерации, но барем може да се исчисти патот за самите да можат да одлучуваат за себе и своето образование во иднина.
Тие се моторот во нашиот систем, општество и нација и тој треба многу почесто да се одржува. Нашиот моментално е расипан, а поправката ќе чини доста скапо.
 
Таблети да се даваат е НЕПОТРЕБЕН трошок во матно. Таблети не служат за ништо сем за играње, отворање на фејсбук, и сл...
Компјутери ОК, треба константно училиштата да се опремуваат со компјутерска опрема, секој ученик да има пристап до компјутер.
 
Таблети да се даваат е НЕПОТРЕБЕН трошок во матно. Таблети не служат за ништо сем за играње, отворање на фејсбук, и сл...

А за читање електронски книги?
 
Малку е читање на електронски книги за да има секој ученик, студент...
 
Абе во Британија имало некој сличен проект , па заклучиле дека компјутерите ај сеа таблетите ги затапиле децата па наредиле одма да се исфрлат истите е коа нашиве ќе го разберат тоа незнам инаку зошто пленумот кој фактор се они? Доволно е да се направи една добра дебата од типот на бура на идеи каде секој што има идеја како да се подобри образовниот процес ќе може да ја каже и да се применат најдобрите идеи ,а не ќе ми кажуват кембриџ бил добар модел сигурно за производ на неписмени нации да.
 
Коментарот ти е каша попара. :D

Него да, секоја држава денес сака да го реши овој проблем. Ако ја решаваме проблематиката, се е до свеста на учениците. Генерално не учат и воопшто не се заинтересирани за предметот и за сржта на предметот. Но и не може наставната програма да варира од година во година. Јас сметам дека треба да се прочисти и конечно да се направат учебници за секој предмет. Без учебници не барај квалитет.

Сега имаше предлози, но никој не сакаше истите да ги сфати сериозно затоа што одат контра нивните предлози и идеи (а да се вратиме на почеток, тие не функционираат), така да овој проблем ќе ги мачи и следните генерации се до оној момент кога ќе добиеме нова влада со нови погледи. И тука останува отворено прашањето дали ќе продолжиме да тонеме или конечно ќе го видиме сонцето.

Сега, кој фактор е пленумот? Студентскиот пленум јасно рече дека едногласно одлучиле дека ова министерство и оваа влада не се легитимни. Веројатно исто размислување делат и од средношколскиот пленум. Они се фактор на еден либерализам. Тој либерализам ги тера да дојдат во судир со истересите на оваа власт и со самото тоа тие се под огромен притисок. Дали тоа е демократски? Ако не е тогаш јасно ни укажува на тоа дека оваа влада не е легитимна, но ако ни укажува дека е, тогаш спротивно- учениците не се во право. А кој е во право треба да одлучи секој поединечно. Ти што мислиш? Доволно фер е да се остави бродот да потоне или треба некој да застане зад корнилото? И кој би бил тој, политичка партија, невладина, медиуми или пак самата власт и да ги корегира своите грешки? :coffee:

Има многу фактори преку кој ќе утврдиме дека системот одамна е расипан. ;)
 
Студентите се откажаа. Реално очекувам и среношколците да го сторат тоа, зошто реално средношколците не се некое единство како студентите за да се сплотат и да се борат за своето. Они да не беа поддржани од студентите немаше ни да излезат да протестираат за своето.
 
Никој сеуште се нема откажано. Бојкотот сеуште е на сила, а и 2-та пленума сеуште активно постојат.
И повторно Медгар „Можеш да го убиеш човекот, но не и идеата“. Оваа идеологија ја делат 20.000 ученици, 10.000 професори и повеќе од 10.000 студенти. 40.000 (и тоа без родителите), воопшто не е мала бројка. Сите сакаат промени и никој нема да отстапи од својата позиција се додека дел од тие (ако веќе не може сите) барања не се исполнат. :)
 
Абе да не се лажеме пленумот и средношколски и студентски го создаде опозицијата така што не е фактор дури и да им речеш ете нема да има екстерно тие пак ќе протестираат. Се согласува со тебе дека без учебници нема квалитет во образование и со менување на моделот на учење. Само едно забораваш нашиве професори коа Тодоров беше министер за образование протестира за тоа да не мора да напишат нови книги затоа што уште може да се учи со податоци од 95 на пример и никому ништо. Сметам дека малку фалеше да успее и помине таа инцијатива ама дојде друг министер даде други приоритети. Се додека овие протестират за екстерно ќе кажам не им се учи а не дека сакаат поквалитетно образование.
 
Средношколскиот пленум се оформи во кафич откако претходно два три дена во една група на фб коментиравме дека многу не сјебале со математиката. Никаква опозиција никакви бакрачи.
 
Средношколскиот пленум се оформи во кафич откако претходно два три дена во една група на фб коментиравме дека многу не сјебале со математиката. Никаква опозиција никакви бакрачи.
Џабе се трудиш да им објасниш на овие од партија
 
Најако ми е кога ќе речи некој дека протестираме против екстерното оти не ни се учи, а сите шо се со слаби оценки од кај мене, шо книга не му се фаќа се против протестирањето односно се за екстерното пошто со екстерното тие ќе извадат подобри оценки со препишвање, учење на неколку прашања напамет итн...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom