Средношколски протести

Па зошто ме праша „каде е Адеми?“. И што ми е гајле за него. Не разбирам која ти е поентата со Адеми?

Сакам да кажам дека САКААТ помалку да учат. Се организираат протести и од средношколци, и од студенти ЗА ПОМАЛКУ да учат. Секако, тие нема така да кажат.. ќе спомнуваат лоши реформи и сл.
Ако не учиш математика, ќе учиш англиски. Секако бројот на испити што се полага на матурата е ист. Дали некој сака да учи англиски или математика е негово право. Ако утре на факс му бараат математика, он нема да биде глуп и да запише англиски. Во спротивно, ризикува да не биде во државна квота или воопшто да не се запише на факултетот.
За екстерното не ми зборувај за учење, тоа нема никаква врска со учење...освен запамтување на точните одговори. Ако тоа е наука според тебе, јас не знам што да ти кажам повеќе.

А за студентите не почнувај, побиен беше тој „државен испит“ во старт со десетици аргументи без ниеден аргумент „за“.
 
На истиве типци го боле таквото за Македонија.Истите тие тврдат дека МРО биле бугари.Жално е што за неколку години овие можеби ќе ја водат државата.

Не можеш заради лични ставови на еден поединец да го етикетираш цел пленум. Убавата страна на пленумот е тоа што секој може да има различно мислење.

пс. Некој од офците на форумов прашуваше кој сум бил. Јас сум тој со белата маица на видеото. Задоволен си или ти треба и матичен број како што твоиве идоли бараа матични броеви на родителите во некои школи.
 
Последно уредено:
Ако не учиш математика, ќе учиш англиски. Секако бројот на испити што се полага на матурата е ист. Дали некој сака да учи англиски или математика е негово право. Ако утре на факс му бараат математика, он нема да биде глуп и да запише англиски. Во спротивно, ризикува да не биде во државна квота или воопшто да не се запише на факултетот.
За екстерното не ми зборувај за учење, тоа нема никаква врска со учење...освен запамтување на точните одговори. Ако тоа е наука според тебе, јас не знам што да ти кажам повеќе.

А за студентите не почнувај, побиен беше тој „државен испит“ во старт со десетици аргументи без ниеден аргумент „за“.
Што сакаш да каже? Да не ме помеша со некој друг?????

А да.. кај се видело учениците и студентите да диктураат што ќе се учи...! Збесната работа. Туку да.. за НВО е доволно диплома, каква и да е.
 
Не се дискутира што ќе се учи. Програмите треба да се прават во согласност со професорите. Но ако нешто иде на моја штета, јас во согласност со Уставот како највисок правен акт и човековите права кои треба да се центарот на демократијата имам право на граѓанско здружување, искажување револт и протест. Тука се работи за последното. Зар треба еден чин на вандализам се со цел оние куртонски медиуми да одвојат 10 секунди од вестите со цел да го осудат тој чин и на радарот да забележат дека некој протестира!? Им било скршено едно возило! Чудо големо. Во Битола се запалени 2 автомобила на членови на СДС и никому ништо. Темата не е тоа но правам една паралела каде што се посветува внимание и за што се посветува внимание од јавноста. И еве “имам 52 г. и сум професор 27 г. Кој е тој политички аматер или политички пубертетлија да ме учи како да оценувам?“ Тоа е смешно. 200 евра за едно советување и после да нема бојкот. (а 3 советувања = отказ). Па ќе има, ова веќе не се трпи. Ова е тортура, (подоле) мобинг, кршење на демократските слободи и права....
Јас не сум за вандализам. Јас сум за оставка на Адеми и на Грдана, отворено. Не се способни. Ете им инвалидска пензија и нека дојде некој способен од нивните редови и крај на приказната.

Сакам да напишам уште нешто, за темата. Денес во средното скопско училиште Корчагин директорот држел предавање за тоа како еден професор треба да наметне авторитет врз еден ученик со цел тој да се врати на настава! Навистина!? Јас не би сакал да коментирам, а ако некој сака или има нешто повеќе нека напише во интерес на темата.
 
Море ај да се протести за кембриџ моделот да разберам ама заради екстерното стварно е смешно да протестират коа препишуваат.
 
Море ај да се протести за кембриџ моделот да разберам ама заради екстерното стварно е смешно да протестират коа препишуваат.
Тоа е минато. Прашај ги овие кои полагаа оваа година. 3-ца инспектори и записник ако влезе странка.
А таа “напредна технологија“ која ја форсира оваа власт ќе го искорени образованието. Само штетите од тој модел ќе ги видиме за неколку години.
 
Не се дискутира што ќе се учи. Програмите треба да се прават во согласност со професорите. Но ако нешто иде на моја штета, јас во согласност со Уставот како највисок правен акт и човековите права кои треба да се центарот на демократијата имам право на граѓанско здружување, искажување револт и протест. Тука се работи за последното. Зар треба еден чин на вандализам се со цел оние куртонски медиуми да одвојат 10 секунди од вестите со цел да го осудат тој чин и на радарот да забележат дека некој протестира!? Им било скршено едно возило! Чудо големо. Во Битола се запалени 2 автомобила на членови на СДС и никому ништо. Темата не е тоа но правам една паралела каде што се посветува внимание и за што се посветува внимание од јавноста. И еве “имам 52 г. и сум професор 27 г. Кој е тој политички аматер или политички пубертетлија да ме учи како да оценувам?“ Тоа е смешно. 200 евра за едно советување и после да нема бојкот. (а 3 советувања = отказ). Па ќе има, ова веќе не се трпи. Ова е тортура, (подоле) мобинг, кршење на демократските слободи и права....
Јас не сум за вандализам. Јас сум за оставка на Адеми и на Грдана, отворено. Не се способни. Ете им инвалидска пензија и нека дојде некој способен од нивните редови и крај на приказната.

Сакам да напишам уште нешто, за темата. Денес во средното скопско училиште Корчагин директорот држел предавање за тоа како еден професор треба да наметне авторитет врз еден ученик со цел тој да се врати на настава! Навистина!? Јас не би сакал да коментирам, а ако некој сака или има нешто повеќе нека напише во интерес на темата.
Да бев професор би отишол со учениците на бојкот па да видам дали некој друг ќе го советува директорот како да воспостави авторитет над професорите.
 
Не можеш. Ти даваат идентификациона картица. Во еден посебен апарат мора да ја ставиш се со цел да видат дали си редовен и во колку часот си пристигнал на работа. Таа картица ја вметнуваш и кога си одиш. 3 дена не одиш на работа и отказ. Кој сака отказ? Е кога веќе се на работа и е свикан состанот ќе мора да се појавиш.

На тој состанот 3 елементи се многу битни. 1. Кој го кажува тоа?. 2.Како го кажува тоа? 3. Што кажува? Знаеме кој зборел и за што зборел, но ако го земеме фактот дека имало вознемирени професори кои подоцна дале изјава, ќе го дефинираме тоа како мобинг во работната институција и во период на работното време. Ако не е мобинг, тогаш што е?

Авторитетните сили веќе не го движат општеството. :)
 
Nego dali treba da se polaga predmet kade nema kniga? Kako kaj nas Biologija? Zamislite u sredno medicinsko nemame ucebnik po biologija. Gimnazija imaat,nie nemamo. Mora od Gimnaziskiot da ucimo. Koga profesorkata po toj predmet potrazila da ni dadat ucebnik za medicinska struka i toa starata verzija imale odgovor za toa, zastarena e taa verzija treba nov. Sto ne go izvadat togas? Oni sakaat da ne pravat "najpametni" a kako prvo osnovni potrebi nemame- ucebnici. Zabranile skripti da fotokopiramo. Od kade da ucimo ako nemamo knigi? I za toa ima odgovor. Od Internet. I sega aj objasnite mi zasto da ne se protestira za eksternoto?
 
И влагате ли во 6-тата неработна недела? Сега е нужен притисокот. Сега е нужно обединувањето на албанците и македонците. Јас колку што знам ниту едно албанско средно училиште не бојкотира. Обединување ќе биде кристалната слика за тоа како никој, освен политичарите не сака војна и немири. А идиотите кој се на власт, моронот кој ја води државата и непатриотската партија која е на власт мора да го приметат незадоволството на младите од ваквиот живот. Да ти....животот кој пола ќе го поминеш како ученик, пола како роб ќе рабитиш за минимална плата и на крајот со минимална пензија ќе завршиш во аут. Но ќе се возиш во вторник и петок џабе! Треба да се избориме заедно за поубава иднина, пред се за помладите генерации преку образованието и потоа и за постарите за повисоки плати. Ова е екстремен хорор. Ова е понижување на работничката класа. Ова е разретчување на средната класа. Ова е имбецилизам. Ова е диктатура, ова е и тортура. Јас до крајни граници сум згаден од овој однос на власта.............
 
Па поголеми плати се добиваат со зголемено производство. Не со политички науки, и сл. Па ти сам заклучи кои науки се „побитни“... природни и технички или ...? Од НВО-а нема поголеми плати. А баш фокусот на владата е во отворање на фабрики. Односно, за услови за тоа.
Ама знам дека политиката е толку спротиставена, што тоа не вреди ...
 
Со зголемено производство се добиваат повеќе плати, а не поголеми плати. Би се добивале поголеми плати, ама кога би немало 28% невработеност. Зголемените работни места во новоотворените фабрики реално треба да ја намалат просечната плата, бидејќи таму се работи за минималец.
 
Па со намалување на невработеноста, се намалува и бројот на избор на слободни работници, па и поголеми плати. Сега, работодавците ги уценуваат луѓето, „ако не сакаш, има кој сака“. Ако немаат голем избор, ќе даваат поголеми плати.
 
Како тоа се намалува невработеноста? Вработување како минималец!? Тоа е глупост. Зошто се потценува работничката класа? Се знае, сакаш економија (која не учи дека влијанието на државата не е потребно, ниту нужно), и со враќање на работничката класа можеш да постигнеш феномен повеќе работни места. Но ако се врати и средната класа ќе се добијат и повисоки плати. Прашањето е како тоа да се постигне? Ќе одиш форум, потоа економија, бизнис, вработување и ќе ја најдеш соодветната тема. Овде темата гласи Средношколски протести, а не економски концепции, парадигми, фактори и работнички права. Ок? ;)

Ако се дискутира за значењето на образованието во Македонија, е веќе друго. За ова што зборите е надвор од дометот на темата и технички сте “оф- топик“. :)[DOUBLEPOST=1431288286][/DOUBLEPOST]И поправка на грешката. Во дел од средните училишта утре ќе биде тој работен ден (генерално во сите), а не во среда. Барем тоа е најновата одлука на пленумот, а претходно тоа било предлог идеа. Јас претпоставувам дека вчерашните настани изиграле огромна улога при оваа идлука. Но најбитно е бојкотот од вторник повторно е на сила. :)
 
Последно уредено:
Ти си изгледа овде главниот „фраер“. Почнуваш нешто, јас кратко одговарам и ми „солиш“ памет. Ако немаш капацитет да ми ја разбереш едната реченица од постот, која е универзална на пазарот, твој проблем. Само едно ќе додадам: „Се што е премногу на пазарот, има ниска цена“. Така и работната сила. Платите ги дава работодавецот, според пазарните услови, како и секоја работа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom