Средношколски протести

Барем едно нешто да кажеше точно.[DOUBLEPOST=1430149527][/DOUBLEPOST]
Ако на детето му се падне лош професор, а родителот не е финансиски моќен да го пушти на приватни часови тоа значи дека е лош родител?
Секако дека не,како што реков тогаш на интернет има бесплатни лекции и вежби за математика ке седне со него и ке вежба.
 
Секако дека не,како што реков тогаш на интернет има бесплатни лекции и вежби за математика ке седне со него и ке вежба.
Нормално дека и родителот треба одвреме навреме да му поможи на своето дете ама детето своето знаење треба да го стекни од училиште односно од професорите.
 
Алооооооооооооооооооооооо, читаш ли кој е коренот на проблемите на македонското образование? Вработување на се и сешто по средниве па и основниве училишта. Викаш другиве деца што полагале математика матура не биле ништо подобри од нашиве па и нашиве требало да си полагаат.

Кај се видело тогаш да те прашам по другиве земји „лоши“ професори по математика? Што ги мрзи задача на табла задача да пишат? Што трчаат по материјалот? Што не сакаат да одржат дополнителна за послабите ученици? Читаш ли погоре што ми реплицираат, тие редовна настава не држеле оти и текнувало на професорката да ја здува па уште ако му е на некој нејасно дополнителна да држеле. Епа нема вакви работи во странство. Зошто кога веќе споредуваме, ајде, да споредуваме се на маса. А не само „гадните“ работи, казните и матурите од другите земји да ги земаме.

Знае и Адеми и хобитите над него и околу него кој е проблемот на македонското образование меѓутоа не им одговара да биде среден на начин на кој што треба и како што е среден во другите земји затоа што партиските интереси им се мешаат.

Инаку за информација кај и да е ќе завршам на технички факс така да моето дете дефинитивно нема да е скратено од помош математика ама не знам како да ви се нацрта дека не е тоа поентата. Не е моја работа јас да го учам математика. Ко така јас а и другиве на темава можеме да си ги научиме децата по Х предмети и да нема потреба на школо да се праќа.
А сега се протестира за вработувањата на наставен кадар по училиштата?
Или ако се проблем професорите ,зошто не протестирате за тоа ?
Зошто не го подржавте екстерното и тестирањето и казните за наставниците?Туку молчевте?
Иначе ,мноогу бев за екстерно ,се додека не им ги тргнаа казните на наставниците,ако нема казна за нив и последица ,тогаш не треба да имаат и учениците.
Тоа е единствена точка која ја подржувам!
 
Зошто не го подржавте екстерното и тестирањето и казните за наставниците?Туку молчевте?
Една причина е дека екстерното и оние казнине никому не му помогнале во образовниот процес.
Друга е начинот на кој се изведува и систематските пропусти кои постојат.

Дали има потреба детално да објаснувам?
 
А сега се протестира за вработувањата на наставен кадар по училиштата?
Или ако се проблем професорите ,зошто не протестирате за тоа ?
Зошто не го подржавте екстерното и тестирањето и казните за наставниците?Туку молчевте?
Иначе ,мноогу бев за екстерно ,се додека не им ги тргнаа казните на наставниците,ако нема казна за нив и последица ,тогаш не треба да имаат и учениците.
Тоа е единствена точка која ја подржувам!
Имаш ученик кој има реална 2ка/3ка (која се добива со тестови, испрашувања, едно друго) и доаѓа екстерно, еден тест со 30 прашања на заокружување (патем кажано, претходно познати прашања) и вади 4ка/5ка. Каде е тука вината на наставникот? Не е ниту негова, ниту на ученикот. Вината е во системот. Поточно оваа т.н. реформа. Секако, реални се ситуациите и обратно од ова кога поради икс причини добар ученик ќе киксне на овој толку значаен тест. Да подржуваш екстерно, вакво какво што е, според мене, треба да си слеп. Ова не е за тебе, генерално е, не се навредувај. Да, можда треба нешто со цел да се оди на подобро, но ова не е тоа.
 
А сега се протестира за вработувањата на наставен кадар по училиштата?
Или ако се проблем професорите ,зошто не протестирате за тоа ?
Зошто не го подржавте екстерното и тестирањето и казните за наставниците?Туку молчевте?
Иначе ,мноогу бев за екстерно ,се додека не им ги тргнаа казните на наставниците,ако нема казна за нив и последица ,тогаш не треба да имаат и учениците.
Тоа е единствена точка која ја подржувам!
Има една тема за студентските протести испишана со 500 страни (барем мислам толку имаше) за сите проблеми во високото образование кои датираат и од средното и се` уште има ликови кои влетуваат на сите теми со те едни исти прашања.

Ајде вака. Коренот на проблемот сите го знаеме кој е. Проблем се вработувањата по партиска основа. Кога вработуваш секакви мисири кои лепеле плакати и знаат дека ќе останат на работа само ако продолжат да лепат и дека нивното залагање нема врска со работниот однос, дали мислиш ти дека желба на тој мисир ќе биде твоето дете да го научи математика, хемија, физика и слични предмети за кои треба добро објаснување? Ти не можеш да очекуваш 350 ученици во генерација да ти полагаат матура математика човече ако им се погодил кадар како горенаведениот. Да не го барам постот на @RickyLFC9 на почетокот каде што пиша дека не му оди математика но во прва година се потрудил за зимски распуст да реши педесетина задачи како така, ги решил, кога ги однел, му рекла професорката, си ги препишал, нема шанси ти да решиш. И кажи ми дали ти мислиш дека влијае или не влијае на фрустрација кај 14-15 годишњак ваков однос професорка - ученик? Па јас знам по мене, слични глупости доживував со професорка по друг предмет и ми се смрази предметот да едвај читав не па да учам. Сега, испаѓа дека треба да бидам среќна што ја сочекав старата постава во моето средно па беа фер и коректни кои сакаат да те научат и не те комплексираа, освен еден двајца секако.

А во што е претворено сега моето средно? Еве во ова е претворено http://www.dokaz.mk/pekol-vo-josip-broz-tito-direktorkata-brka-profesori-i-uchenitsi/ тој што ми предаваше прво стана директор, па еве сега е пратеник и се ропачи со таа што ја постави за директорка и двајцата изнавработија хобити откако си замина старата постава.

Едно од барањата на студентскиот пленум како што беше 8528532432 пати постирано во прошлата тема е да се укине државната матура и да се вратат приемните испити на факултетите. Кој си решил да оди на ФЕИТ, Градежен, ФИНКИ, Архитектонски, ПМФ, нека си полага математика + стручен предмет. Само македонскиот јазик треба да биде задолжителен. Еве јас што сум на таков факс го поддржувам ова и сметам дека не сите треба да ја полагаат матурата по математика зошто сепак материјал од 4 години е, не даваат формули до тебе што е дебилно во најмала рака, мислам немаше дигитрони и ред други работи.

Но сепак сметам дека треба да се крене знаењето и квалитетот на наставата по математика, физика, хемија, биологија во средните училишта, бидејќи знам дека е на многу ниско ниво. Но децата како деца не се виновни. На тие години ако ги натераш да научат, ќе ти научат и за астрономија, но тоа не се постига со недоаѓање на часови, немање дополнителна, методи на предавање стари 50 години и ред други работи. Чисто за споредба, по англиски на мојот клас му предаваше можеби во топ 3 најстроги професорки во државава. На другите неколку класа па предаваше друг, од овие што не им е гајле за наставата. Ама квалитетот на наставата и методите на предавање беа неспоредливи. И што мислиш, кои класови имаа поголема просечна оценка, кај млакиов или кај мојава? :)

Да завршам за ова екстерново, протестиравме и ние кога бевме средно, протестираат и сега, едноставно тоа е начин на тестирање промашен уште во старт со оглед на информатичките капацитети по училиштата (оти нели парите за техниката в џеб се пикнаа па се донесе нешто колку да има) а да не зборам за оценките што испаѓаат нереални и разни глупости.
 
I ja da sum minister nema da gi viknam. Koj kur se oni pa da razgovaraat so ministerot be? Mochkovci so 15-16 godini so zavrsheno OSMO ODDELENIE! Ne pregovaram be i kraj! Nema svidetelstvo da dobijat i kur na fakultet sho ke se upishat! Doktori i trista chuda shtrajkuvaa pa nishto a ne ovie mochkovci!! Nejkeme ova nejkeme ona mochkovci neuki...sramota! A ke plachat posle...neeeema rabotaaa vladata e kriva! More fatete se za kniga i ne se mrsulavete mnogu, 90% nemaat pojma za sho protestirate. Pak ke kazam...nema da ve primi a eve go krajot na godinata, na kondicija ke ve fati i pak ke go srknete!
Генијално. Камо среќа ти да беше на власт,а овие сеа да лепеа плакати место тебе.
 
мизеријата во квалитетот на кадарот во образованието има долга традиција. На времето таа беше најзастапена на факултетите каде се вработуваше по фамилијарна хиерархија, а во средното образование одеше шкартот, од причина што имаа мали плати во споредба со стопанството. Со енормно качување на платите во средното образование не се покачи квалитетот на кадарот, туку само протисокот за вработување таму. Сега може да имаме и симптоматични ситуации да родителот биде наставник во средно и да има 2х поголема плата од детето кое завршило ВСС, па и магистратура ама работи во стопанство. Дали некој од наставниот кадар избегал во странство за поголема плата ? А дали воопшто некој, кој незадоволен отишол во странство и постигнал признат успех и кариера, може да се врати ниту на почетното место во образованието од кај што тргнал од тука ??
 
Ох бе ако не објаснувал добро професорот на приватни часови да оди детето :facepalm:

А за што ја зема таа плата од 23-24 илјади денари професорот, за учениците да треба приватно да си плаќаат часови за да научат? Ако не сте знаеле професорите се обврзани да организираат дополнителна настава, не само по математика и не само за послабите ученици. Еднаш неделно или пак еднаш во две недели секој професор има обврска на заинтересираните ученици дополнително да им го објасни материјалот ако за тоа нема време на часовите. Па макар и тројца заинтересирани да има.

И неквалитетниот кадар не е само по математика, туку и по многу други предмети. Во основно имав катастрофа наставник по биологија и никој од класот не го знаеше тој предмет и мене ми се створи одбивност кон предметот и затоа денеска знаењето од истиот ми е на нулта ниво. Од друга страна пак имав добри наставници по англиски, македонски, историја, географија што ми створија добра навика за учење и ми оставија какво-такво знаење. Многу се важни наставниците во основно бидејќи честопати лош наставник може на ученик кој е уште дете од 10-11 години да му створи одбивност кон одреден предмет.

Во средно да не зборуваме, од 15-16 професори кои ми предаваа по стручните економски предмети дали 5-6 беа добри. Другите две третини беа луѓе кои немаат три чисти од материјалот кој го предаваат, а раскажуваа на ниво ученик кој одговара за двојка и гледа во таванот мислејќи се да му текне зборот од вториот ред на крајот. Ама нормално дека ќе е така кога се примаат по основа на роднинско-партиски врски.
 
Поздрав од средношколскиот камп.
Сакам да му се заблагодарам на господинот спиро за родителските советибшто ни ги даде на средбата. Исто така сакам да им се заблагодарам на Адеми и Пешевски што одвоија половина час од својот згуснат распоред. Штета што првиот не кажа еден збор, а вториот се однесуваше потценувачки иако е понеписмен од сомалиски пират.
 
Od nepismenite i zatucani partiski vraboteni vo obrazovanie ne e cudno i decata od osnovno i gradinka da ispadnat na protest.
 
Што се не ќе изначиташ.Екстерното е едно од многуте срања што му се десило на образованиево.Не може да се оценува според 30 прашања однапред дадени ,нешто што се градело цела година.Па Баба ми со 75 години да ја пратам да полага екстерно би можела да извади 2-3ка по предмет што никогаш у животот не го слушала.Од друга стрна има еден куп технички проблеми,паѓа системот,се кочат компјутерите,не ги покажува прашањата и пред се,неусогласеноста со предадениот материјал.Во 3та математика имав 2ка регуларно,на екстерно извадив 3ка,од кои последните 8 прашања ни беа од тема што не се изучуваше тогаш (дали според програма,дали поради нешто друго.Која е таа објективност? Македонски имав 3ка цела година,не сакав да читам лектири и тоа е тоа,на екстерното извадив 5ка,а мене претпоставен ми е професор/ка што предава македонски и пишува Филозов,активна и пасивна реченица нема разлика за неа и мал број киксови и зборчиња по кои се докажува дека е неписмена.Башка тоа што беше глупава и дрска,и тие што и лижеа гз имаа петки,јас имав 3ка.За на крај тие истите со 5ки на матура да добиваат 2,3 и 4 а јас со 3ка во сите 4 години,извадив 4.
Општо цел систем не чини ,ама тоа е.
Математика на матура за сите е исто така голема глупост,бидејќи не се учи во сите гимназии истото и не предава квалитетен кадар,а тоа е факт и сите го знаат.Приватен професор не доаѓа во обзир во држава која платите и се мизерни,па да одвојува 300-400 денари од саат за професор,а на 70% тоа им е дневниц,што некако не држи вода.Целта на образованието е да те научи во тие неколку саати додека си на училиште,а дома сам да повторуваш,решаваш и да учиш.

Тие што спомнаа интернет клипови како алтернатива,нека им каже на професорите што се неписмени,да даваат оправдани отсуства,бидејќи реално гледано,јас повеќе ќе научам за 45 минути на интернет,отколку 45 минути да седам кај професор чии познавања се за нијанса поголеми од моите.Ама ако избегам од час за да евентуално учам дома,ќе добијам неоправдан :D
 
Јас од септември ќе бидам средношколец протиф математиката немам ништо оти сум одличен ама ако успеат да ни олеснат секоја чест тие се борат за идните генерации а за нив е веќе поминато
 
Брат @VardarVoSrceto ти си овој со рибок блузонот?
5555(2).jpg
 
Со изведбата на драмата "сомнително лице" се собраа доволно средства. Утре 20 средношколци од Охрид тргнуваат за Скопје.

#поздравпленумци

Се гледаме таму!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom