А сега се протестира за вработувањата на наставен кадар по училиштата?
Или ако се проблем професорите ,зошто не протестирате за тоа ?
Зошто не го подржавте екстерното и тестирањето и казните за наставниците?Туку молчевте?
Иначе ,мноогу бев за екстерно ,се додека не им ги тргнаа казните на наставниците,ако нема казна за нив и последица ,тогаш не треба да имаат и учениците.
Тоа е единствена точка која ја подржувам!
Има една тема за студентските протести испишана со 500 страни (барем мислам толку имаше) за сите проблеми во високото образование кои датираат и од средното и се` уште има ликови кои влетуваат на сите теми со те едни исти прашања.
Ајде вака. Коренот на проблемот сите го знаеме кој е. Проблем се вработувањата по партиска основа. Кога вработуваш секакви мисири кои лепеле плакати и знаат дека ќе останат на работа само ако продолжат да лепат и дека нивното залагање нема врска со работниот однос, дали мислиш ти дека желба на тој мисир ќе биде твоето дете да го научи математика, хемија, физика и слични предмети за кои треба добро објаснување? Ти не можеш да очекуваш 350 ученици во генерација да ти полагаат матура математика човече ако им се погодил кадар како горенаведениот. Да не го барам постот на
@RickyLFC9 на почетокот каде што пиша дека не му оди математика но во прва година се потрудил за зимски распуст да реши педесетина задачи како така, ги решил, кога ги однел, му рекла професорката, си ги препишал, нема шанси ти да решиш. И кажи ми дали ти мислиш дека влијае или не влијае на фрустрација кај 14-15 годишњак ваков однос професорка - ученик? Па јас знам по мене, слични глупости доживував со професорка по друг предмет и ми се смрази предметот да едвај читав не па да учам. Сега, испаѓа дека треба да бидам среќна што ја сочекав старата постава во моето средно па беа фер и коректни кои сакаат да те научат и не те комплексираа, освен еден двајца секако.
А во што е претворено сега моето средно? Еве во ова е претворено
http://www.dokaz.mk/pekol-vo-josip-broz-tito-direktorkata-brka-profesori-i-uchenitsi/ тој што ми предаваше прво стана директор, па еве сега е пратеник и се ропачи со таа што ја постави за директорка и двајцата изнавработија хобити откако си замина старата постава.
Едно од барањата на студентскиот пленум како што беше 8528532432 пати постирано во прошлата тема е да се укине државната матура и да се вратат приемните испити на факултетите. Кој си решил да оди на ФЕИТ, Градежен, ФИНКИ, Архитектонски, ПМФ, нека си полага математика + стручен предмет. Само македонскиот јазик треба да биде задолжителен. Еве јас што сум на таков факс го поддржувам ова и сметам дека не сите треба да ја полагаат матурата по математика зошто сепак материјал од 4 години е, не даваат формули до тебе што е дебилно во најмала рака, мислам немаше дигитрони и ред други работи.
Но сепак сметам дека треба да се крене знаењето и квалитетот на наставата по математика, физика, хемија, биологија во средните училишта, бидејќи знам дека е на многу ниско ниво. Но децата како деца не се виновни. На тие години ако ги натераш да научат, ќе ти научат и за астрономија, но тоа не се постига со недоаѓање на часови, немање дополнителна, методи на предавање стари 50 години и ред други работи. Чисто за споредба, по англиски на мојот клас му предаваше можеби во топ 3 најстроги професорки во државава. На другите неколку класа па предаваше друг, од овие што не им е гајле за наставата. Ама квалитетот на наставата и методите на предавање беа неспоредливи. И што мислиш, кои класови имаа поголема просечна оценка, кај млакиов или кај мојава?
Да завршам за ова екстерново, протестиравме и ние кога бевме средно, протестираат и сега, едноставно тоа е начин на тестирање промашен уште во старт со оглед на информатичките капацитети по училиштата (оти нели парите за техниката в џеб се пикнаа па се донесе нешто колку да има) а да не зборам за оценките што испаѓаат нереални и разни глупости.