Средношколски протести

Има ли други задолжителни предмети при полагање на матура?
Има. Македонски јазик и литература и англиски јазик.

Министерот Абдилаќим Менделеев сега треба да смисли начин да им се одмазди на учениците, затоа се очекува уште еден закон кој ќе оди против интересите на учениците и професорите.....Јасно е дека ја губи битката, но не и војната. А притоа клучната алатка е во неговите раце- парламентарното мнозинство.

Патем еден таков за професорите бидна, на 17 јануари, можеш да го прочиташ и пронајдеш затоа што веќе е стапен во сила. Генерално поради него беше и бојкотирана наставата. :)[DOUBLEPOST=1428242580][/DOUBLEPOST]https://srednoskolskiplenum.wordpress.com/2015/04/04/радикализација-на-мерките-пленумот-н/
 
Последно уредено:
А зошто овие предмети да ги полагаат оние ученици на кој не им треба?
На кого не му треба македонски јазик, како предмет? Треба ли да имаме општество кое нема да знае да склопи 1-на реченица на македонски јазик, а притоа да грее столица во македонскиот парламент? Македонскиот јазик, според мене е предмет кој е повеќе од потребен, но не и литературата како сегмент и таа слободно може да се отфрли.
А англискиот? Тој е јазик, тоа е богатство кое служи за комуникација во светот. Тука има времиња т.е. доста граматика, но нема формули, задачи и теорија учени пред 2-3 г.
Но и англискиот е и директно поврзан со информатиката која е во подем. Притоа и овие 2 предмета се учат цели 4 години.

Сега зошто е потребна математиката на државната матура? Како горд бранител на оваа теорија мораш да имаш добра причина зошто таа би требало сеуште да се полага, нели?
 
Се е до општа култура. Јас поддржувам учење на мајчин јазик (во случајов македонски). И јас иако не сум филолог или слично, одлично го зборувам литературниот јазик. Сметам дека тоа треба да го негува и развива секој академски образован човек, а и не само тие.
Англискиот јазик исто така е светски јазик и неговото познавање е потребно за секој човек.
Но, што ќе му е литературен јазик на ѕидар, што ќе му е англиски јазик на водоинсталатер, итн, итн... Што ќе му е македонски јазик на електри инженер, лекар...?
Се е до општа култура.
Жално е што речиси сите „нематематичари“, а академски образовани луѓе, имаат знаење на математика колку еден третоодделенец. Само собирање, одземање, множење... делењето е малку попроблематично.
Јас токму затоа велам дека не е до „потребата“ на науката, туку до оштата култура.
 
(ВИДЕО) Родител: Не’ викнаа на родителска да ни вршат заплашувачки притисоци
Објавено: 15:00, 07/04/2015 Прегледано: 2,346 пати.
Screenshot_27.jpg



Учениците продолжуваат со бојкотот на наставата во повеќе скопски средни училишта.. Во Тетово заврши протестот на економското средно училиште „8-ми септември“.

Синоќа беа свикани вонредни родителски средби со цел да запре бојкотот. Но, поголем дел од од родителите го поддржале барањето на Пленумот со потпишување петиција за итна средба со министерот Адеми. Во дел од гиманазиите учениците се зад затворени врати во холовите, а дел се надвор. Училиштата се заклучени. Учениците информираат дека вчера им било изгаснато светлото во холот каде седеле за време на бојкотот на наставата.

За А1 он, родител, кој сака да остане анонимен, раскажува што се случувало на родителските средби каде и родителите биле заплашувани со парични казни и тврди дека Државниот испитен центар вчера ги информирал учениците за измените за избор на предметите за матура, а рокот за пријавување е вчера и денеска.


- Вчера бевме на родителска во СГУ „Орце Николов“ на која, претставници од класот (деца) и професорката, не’ информираа зошто ја бојкотираат наставата, и нивното излагање беше дека не се сложуваат со наметнување на математиката како морален предмет за матура, и полагање на секој предмет по два пати, еднаш писмено и еднаш електронски, така да нив ќе им се фати за матура да полагаат 7 пати плус секој од нив мора да направи и презентира, а со тоа и да положи проектна задача по предмет по избор. Цела оваа измена ја донесоа во првото полугодие, а во Службен весник е излезено на 09.02.2015. Исто така, имаат барање за укинување на екстерното, бидејќи тоа ја изгуби својата смисла, односно тоа требаше да биде проект во кој што ќе се види дали и колку децата ја совладале наставната програма и дали таа соодветствува на нив, а не да се пишуваат оцени кои влегуваат во просекот и да служи како мерка за заплашување и притисок.

Не’ информираа дека во текот на вчерашниот ден во училиштето имало инспекција која по мое видување се обидувала врз децата да изврши заплашувачки притисок и им велела дека часовите од овие два дена ќе им бидат заведени како неоправдани, а знаеме дека со 7 се добива укор, а понатаму е се’ поригорозно, дека може да им се продолжи училишната година, а тие се матуранти, а и дека ќе им се пролонгира рокот за полагање на матура. Сите овие излагања и закани внесуваат немир и конфузуја кај децата, а и кај нас родителите.

Исто така во текот на вчерашниот ден добиле допис од Државен испитен центар со кој ги информираат за измените за избор на предметите за матура, а рокот за пријавување е вчера и денес што е апсурдно, незаконски и многу деградирачки кон децата и нивната личност. Ме радува тоа што ние родителите (освен двајца) бевме на страната на децата и ја имаат нашата поддршка, бидејки ова се сулуди состојби на реформирање на образованието и најголемата жртва ја понесуваат нашите деца, а исто така и ни изложија дека имаат поддршка од целиот наставен и раководен тим (освен со мали исклучоци) од училиштето.

Молам да се има слух за барањата на децата кои се издржани и образложени и за нивна правна, институционална и едукативна поддршка, бидејки се плашам дека ке се дрзнат се’ повеќе да ги заплашуваат и притискаат за да се откажат, а со тоа да си ги протнат на мала врата сите нивни небулозни реформи, кои воопшто не се во интерес на децата и општеството, вели родител на средношколец за А1 он.

 
Дома доаѓам само за да спијам и не можам да ви пренесам детално околу бојкотот.
Само едно ќе ви кажам со заканите само ни даваат до знаење дека постапуваме правилно. Нема да се предадеме одиме до крај. Во Скопје почавме две гимназии , а денес бевме 8. До крајот на неделава очекуваме да бидеме 11 :)
Во другите градови се вршат многу поголеми притисоци ама и таму децата се будат и се приклучуваат.
Нема сила што ќе не сопре да го кажеме нашето мислење!
 
Ne mi e jasno. Neli matematika nema da se polaga? Sho e problemot sega pak? Ne sum vo tek seriozno me interesira..
 
Да се протестира затоа што не се сака математика? Не е ни чудно што толку паметни луѓе излегуваат од училишните клупи.Да е жив и здрав дигитронот и Гугл.Со нив не ти треба мозок.Ако намераваш да го имаш секако.
 
Ова се глупости. Учениците протестираат бидејќи не сакаат да учат. Боже боже... и уште диктатура. А бе деца, нека ви напишат сведителства со сите 5-ки, ич не треба да учите.

Па уште сте биле во право. Мореееее..... изместени вредности.
Јас предлагам за матура да испеете по една песничка и директ сте положени со највисока оцена.
 
Ова се глупости. Учениците протестираат бидејќи не сакаат да учат. Боже боже... и уште диктатура. А бе деца, нека ви напишат сведителства со сите 5-ки, ич не треба да учите.

Па уште сте биле во право. Мореееее..... изместени вредности.
Јас предлагам за матура да испеете по една песничка и директ сте положени со највисока оцена.
И ја го имав истово мислење и се карав на темата али ко што глеам на власта не и е битно што ќе искочи од училишните клупи се додека политички ја изврти целава работа.
Треба да си ретардиран да подржуваш вакви методи на власта,пропаганда,закани и правење паралелни организации за поткопување на протестите.
Доколку стварно сакаа да го подобрат образованието преку математика можеа да го викнат пленумот на дебата и партали да го напраат бидејки немаат никакви аргументи за барањава,али не, они викнаа некој полтрони и ем ги издупија децава што протестираат ем ја заебаа една од ретките паметни одлуки што ги донесле.Дебили.
 
Ако ми се сака ќе протестирам пошто сакам часевите да траат 39 минути наместо 40, никој не може да ми го забранува тоа.
 
Koj k**ac be ke gi kaznuvale tie so protestirat i bojkotirat so po 2000 evra?
 
Ова се глупости. Учениците протестираат бидејќи не сакаат да учат. Боже боже... и уште диктатура.
:facepalm: :facepalm:
Да, да. Они да не сакаа да учат ќе побараа и поништување на Законот за задолжителното средно образование, нели? И нели се се сведуваше на личноста? Ок, ќе ја прифатам твојава теорија, зошто па да не. Дали тоа значи дека пред 25 г. учениците сакале да учат кога постоела стара концепција за државната матура?!

И дали знаеш што се случува по средните училишта?! Очигледно не, па тогаш зошто збориш и изнесуваш смешни ставови кога не си запознаен со вистината?

Инаку патетично, јас од тебе очекував употреба на некоја специфична терминологија, некоја мудрост или пак компарација стар- нов систем. Како личност која сакала да учи, мора да си и начитан, нели? :)[DOUBLEPOST=1428498462][/DOUBLEPOST]
Ne mi e jasno. Neli matematika nema da se polaga? Sho e problemot sega pak? Ne sum vo tek seriozno me interesira..
Каде, кој, кога и за што се договориле/договарале? Ако го најдеш договорот, те молам постирај го овде. :)
 
Последно уредено:
A dali na srednoshkolcite im e prifatliva varijantata nishto na kraj na sredno da ne polagaat tuku samo priemen za na fakultet?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom