Средношколски протести

На технички факултет најлесен предмет е Математика, сите други предмети се со подлога од Математиката. Иако јас сум на тоа дека секој е предодреден за нешто и слободно нека учи што сака, споредба во тежина со техничките факултети а особено машинскиот можам само да прифатам од Медицината која директно е одговорна за човеков живот би рекол. За се друго не можам да најдам начин да споредам. Не ме интересира дали некој се фалел што учел или некој се осеќал навредено. Ова е моето мислење.
Автоматски од ова потекнува и моето мислење за темата кое понапред го имам споделено а тоа е дека матурата не треба да постои. Секој треба да си учи што сака и за истото да си полага приемен за на факултет.
 
Што се запали,го прочита ли воопшто постот?
Кај реков дека придонесуваат помалце и кај реков дека помалце плата зимаат?Реков дека повеќето од тие нема да работат по струка,бидејки врска немаат од тоа што го учат.На техничките факултети не можеш да пројдеш ако врска немаш од струката,нешто што и сам потенцираше.Дај болдирај кај не се согласуваш да знам за што се расправам.

Не е фората дали ќе влезат туку дали ќе пројдат.
Не викам дека ви е гола вода,али не е ништо тешко, математиката што ја влече цела генерација и положува кај тој со приватните часови е смешки,7 предмети имате во прва и тн.

Е тука се согласувам до негде,има деца што ги бива али нив ќе ги бива на секој факултет,капацитет се. Секој може да заврши технички факултет ако сака(не мора приватни да зема). Нормално зависи и од основата што ја има толку и ќе се мачи. Али нема шанси да дипломира и врска да нема од струката.

Па ти ја почна темата,дека сите факултети се еднакво тешки мало морген. Има и приватни технички факултети,кој се далеку полесни од сите државни а не па од државните технички.Да не ги спомињам џаболебарските факултети туризам,администрација,менаџмент и тн.
Да не го барам членот погоре што тресеше глупости,пазарот е тоа што ја диктира цената а не факултетот.Факултетот е за полесно да се пробиеш во струката(а ја се кладам дека знам поише за економија од пола економски).
Нема ништо чудно тој што е задолжен за маркетинг да зима поише пари од еден инжињер, тоа што од 1000 завршени еден ќе најде таква работа е друг муабет.

Еве што рече ти за членот кој рекол (јас сум тј член) дека не ги одредува пазарот цените на трудот.
 
Еве што рече ти за членот кој рекол (јас сум тј член) дека не ги одредува пазарот цените на трудот.
Не си ти тој член,жалам.Мислев на членот кој викаше дека оние со технички факултет треба да имаат повисоки плати.
Пазарот ги одредува платите,а и државата во наш случај.
 
Рики, што и да ми кажуваш за историја, за Заев, за Крим... ќе те разберам од збор до збор, па и би влегол во некоја дискусија. А можеби моите согледувања би биле и подобри од твоите.

А ако разговараш со математичар, физичар, хемичар... неговата дискусија за тебе ќе е „шпанско село на Пиринеите“. Нема да разбереш ништо. Нема да можеш ни малку да го следиш.

Разбери дека јас не сум против „нематематичките“ науки, напротив, потребни се и тие, но тежината (во секој поглед) е на странатата на „математичките“. И потребата од нив.

Малку ми е интересно „зошто Заев пушта бомби“, демек има врска со историјата, односно со човечкото однесување? Гола политика нема врска со природата. Таму не е необично и сам себеси да си тетин. Но тоа не е тема.[DOUBLEPOST=1427357488][/DOUBLEPOST]
Не си ти тој член,жалам.Мислев на членот кој викаше дека оние со технички факултет треба да имаат повисоки плати.
Пазарот ги одредува платите,а и државата во наш случај.
Јас сум тој. Пазарот ги одредува, точно, ама ако може продавач да има на пример 20,000 ден плата, лекар треба да има 100,000. А за тоа да е така, нивните услуги ќе треба да чинат 10 пати повеќе од сега. Нормално ли е да кафеанските пеачи да имаат поголеми приходи од лекари, инженери...? Нормално ли е да не е проблем да се потрошат 100 евра во ресторан за една вечер, а да е скапо да се купи софтвер од 300 евра, на пример? Не е нормално, се е тоа од нереално вреднување на нештата.

А ако се држиме до девизата дека „пазарот треба да одреди“, може да останеме без стручни кадри, сите да работат угостителство, пеење по свадби, па тогаш ќе се запрашаме дали само „пазарот треба да ја одредува цената“. Ова не го мислам замо за кај нас, туку глобално.
 
Последно уредено:
Да да, за секоја наука можеш онака да праиш муабет, од општа култура. :)

Иначе, тоа се вика капитализам. Пазарот одредува во капитализмот, а државата интервенира во одредени ситуации.
 
"не секој од нас има интерес".... Сам себе убил. :tapp:
 
УМС се овие не се наши :)
Намерно ги пуштија само за да не оцрнат нас и да го збунат народот.[DOUBLEPOST=1427661551][/DOUBLEPOST]Инаку од среда се почнува повторно со маршови низ Македонија. Во среда ќе има во Скопје и Прилеп, а во четврток во Тетово. Деновиве очекуваме да се приклучат и другите градови. Реков ќе напишам малку поопширно за нашите барања ама многу ме мрзи. Утре ќе излезе текст во еден интернет медиум каде што делумно ќе биде објаснето па ќе го постирам тука.


Евентот за скопскиот марш:

СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ


Драги соученици,студенти, професори, родители, граѓани, сите вие кои сте загрижени за правецот во кој се движи средното образование, придружете ни се на вториот средношколски марш во среда, 1 април, да покажеме дека цврсто стоиме зад нашите ставови и не се откажуваме од нашите барања, враќање на стариот концепт на државна матура и укинување на екстерното тестирање.

МОН во текот на изминатата недела се обиде да ги изманипулира средношколците дека ќе има средба со нивните претставници. Срамно е како министерот и неговите соработници цела недела се кријат иако ги баравме под дрво и под камен да ја договориме средбата која тие ни ја ветија на првиот марш.

Нашиот марш во среда нема да покаже страв од учење туку жед за знаење. За она вистинско знаење што секој од нас го заслужува. Заедно да и покажеме на оваа земја дека интелектуалната младина е оформена и независна. Нашиот дух е непокорлив, а нашиот став непоколеблив!


Собирот ќе започне во 12 часот пред Собранието на Република Македонија, а маршот ќе заврши пред МОН.
https://www.facebook.com/events/742778225839904/
 
Последно уредено:
УМС се 100%, уште пред некој месец кога збореше тој некој си претседател на Унија на средношколци, му одам на ФБ профил и гледам 500 лајкови на владеачката партија и нејзиниот помладок (по можност од сите локални и месни комитети).
 
Математиката нема да биде задолжителен предмет во државната матура за сите матуранти, туку само за тие кои на почеток на трета година одбрале природно-математичко подрачје, соопшти Министерството за образование и наука (МОН), кое денеска имаше средба со Унијата на средношколци, само еден ден откако оваа унија ја достави Средношколската платформа.

Супер одлично море укинете и матура што ќе им е :-)
 
Кои се овие Унија на (Млади) Средношколци? Прв пат се појавија пред 2 дена, одма добија прием во МОН, а Средношколски пленум (кој патем собра околу 4 илјади средношколци на марш) е игнориран до крај.

Иначе се слагам со тебе @Brutus , не треба матура, треба приемни.
 
Денеска пупу неважи за утре да нема собири. И крај ќе измислат дека ова било само како тест како ќе реагираат младите како она лани или кога беше со лажниот конкурс за вработување во собрание на град скопје само колку да се види дали и кој ќе се пријави на конкурс. Си играат како со бели глувци ако се збунат ќе смениме ако не кој ги шиша нека полагаат екстерни и матури...
 
Кои се овие Унија на (Млади) Средношколци? Прв пат се појавија пред 2 дена, одма добија прием во МОН, а Средношколски пленум (кој патем собра околу 4 илјади средношколци на марш) е игнориран до крај.

Иначе се слагам со тебе @Brutus , не треба матура, треба приемни.
А зошто да има и приемни кога у 90% случаи примаат над квота?[DOUBLEPOST=1427875057][/DOUBLEPOST]https://www.youtube.com/watch?t=39&v=ogBuz4dU5Ew
 
Последно уредено:
Браво девојки и момци! И покрај условното помилување (слична финта пробаа ко со студентите) од надлежните и покрај временските услови кои беа против вас, се одваживте во огромен број, би рекол повеќе и од првиот пат. И бидете горди на тоа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom