Средношколски протести

Малку не ни се погоди времето али како и да е одлично беше (y)

Него видете ги ова амебиве
http://www.24vesti.mk/srednoshkolska-unija-plenumite-se-nelegitimni

Ако марширале они непостоечката унија на средношколци ќе го посрамотеле пленумот:cuc::pos:

Ми се гади бе...
 
Последно уредено:
Малку не ни се погоди времето али како и одлично беше (y)

Него видете ги ова амебиве
http://www.24vesti.mk/srednoshkolska-unija-plenumite-se-nelegitimni

Ако марширале они непостоечката унија на средношколци ќе го посрамотеле пленумот:cuc::pos:

Ми се гади бе...

Го слушам на вести еден дечко, си чита нешто од ливче, на почеток помислив дека некој од денешните протести.... ама од месечина се гледаше дека е само обичен спикер кој чита туѓи текстови, се осеќаше дека чита и се срами, на крај се уверив дека тој е од групата на тие што никогаш не протестираат туку само контрапротестираат.

Ако и тие се против ,,реформите,, во образование, тогаш зошто се закачаат со пленумците?
 
Го слушам на вести еден дечко, си чита нешто од ливче, на почеток помислив дека некој од денешните протести.... ама од месечина се гледаше дека е само обичен спикер кој чита туѓи текстови, се осеќаше дека чита и се срами, на крај се уверив дека тој е од групата на тие што никогаш не протестираат туку само контрапротестираат.
Toa e групата на унија на средношколци формирана вчера..
Бедни се и одвратни веќе тие нивни диктаторски спинувања, извртување и лажирање на вистината, дечкото чита од лист напишан во генералштабот на дпмне а ги обвинува оние кои протестират дека одработувале за нечии политички интереси... мислам ми се повраќа од мизерноста дпмнеовска, нема дно нивната глупост..
 
Во ред е секој да има свое мислење, за кое стварно верува. Ама овој се нафатил да биде спикер, пошто неговиот срам покажува дека он мисли поинаку од тоа што го чита.
 
Утре некој ќе протестира, да се исфрли математиката од образованието. Многу е тешка. :)
 
Утре некој ќе протестира, да се исфрли математиката од образованието. Многу е тешка. :)
Не, но може да се измени програмата и новата да се примени спрема возраста или професијата. Тоа воопшто нема да биде на штета на образовниот систем. Нели? :)
 
Нема, ама ме чуди како се „извољева“. Фактот е дека НЕ СЕ УЧИ. Се сака со малку „мачење“ да се добиваат дипломи и да се вработува во администрација или НВО-и. А да се запне со потешко, со математика... тешко.

Ај што е така, ама барем нека не се рамнат со инженерите кога ќе завршат факултети.
 
Бидејќи некој што завршил на Електро/ФИНКИ/Машински итн. ќе конкурира за иста позиција со некој што завршил Економски/Правен/Филолошки. :)
 
Сите знаеме дека нема на влијае штетно, зошто тогаш тоа не се спроведе во пракса? Еве јас сум просечен математичар од проста причина што сум ги одбрал во животот општествените науки (кажи една која се учи во основно, но новиот или стариот образовен профил?). Зошто нема никаков увод кон правниот свет? Има Граѓанско, но тоа е далеку од недоволно за оформување на почетните знаења и привлекување кон овие средни стручни училишта, што е проблем бр. 1 во нашиот образовен систем.
Потоа релацијата ученик- професор е катастрофална. И тука мора да има подобрувања.

Но твојот факт мора да биде пробиен. Тоа е само твој факт и генерално е неточен. Ако просекот изнесува некаде 3,8- 4 што е мн. добар, гледаме дека се учи. Но прашањето е колку се учи?

Ако се намали и тежината на материјалот, се отфрлат баналностите, процентот ќе порасне, тука си во право околу тежината. Но ако има реформација на целиот систем, притоа и затегнување на односот професор- ученик резултатот или ќе варира или ќе опадне, што е поверојатно. Процентот би бил јасен показател дали тој систем функционира (и колку функционира) или дали не функционира? Овој сега не функционира според планот и оцекувањата.

Реформи и ререформи мора да се направат. Ова е еден од најбитните ресори. Затоа мора да истрпи најдобри и најсериозни промени.
 
Бидејќи некој што завршил на Електро/ФИНКИ/Машински итн. ќе конкурира за иста позиција со некој што завршил Економски/Правен/Филолошки. :)
Да, можно е... за директор, на пример. Каде се бара да се има ВСС, па макар и туризам, или педагошки...[DOUBLEPOST=1427980329][/DOUBLEPOST]Не те разбрав „правен свет“.
Реформи. Јас имам 44-45 години и цело време се зборува за реформи. Откако сум бил дете. Односот професор-ученик е многу сменет во полза на учениците. Сега недостига уште да почнат да ги тепаат професорите. Порано професорот беше закон. Во мое време немаше тепања на ученици (во минатото имало), но беше авторитет. Сега се тотално притиснати.
Реформите мора да се направат во менталниот склоп, пред се. Оценките денес се пренадуени. ПРЕНАДУЕНИ, па тој просек 3,8-4 е мноооогу сомнителен.

ОК, секој со свој памет.
 
Последно уредено:
Да, можно е... за директор, на пример. Каде се бара да се има ВСС, па макар и туризам, или педагошки...
Директор на што? За директори на средни училишта мислам сега имаше нешто ново, некакви испити за директори, не сум многу запознаен. Тоа пример е добра ствар, пошто секакви ликови во минатото се ставале за директори, а и се' уште се ставаат. За директор пример потребно е да имаш добри менаџерски способности, меѓу другото. Најбитно од се е да имаш една книшка, али не здравствена. Нејзината боја се менува, најчесто црвена или сина. Во последниве години црвената се преферира. (а да, не е ни индекс)
 
Утре некој ќе протестира, да се исфрли математиката од образованието. Многу е тешка. :)
Не треба да се исфрли од образованието, далеку од тоа. Ама не треба ни да се форсира и да се наметнува како задолжителен предмет за ученици кои немаат никаква намера да се занимаваат со струка која е поврзана со математика. Што ќе му е математика и полагање математика на матура на некој што ќе се запише на Драмски, Правен, Филолошки, Филозофски, Историја, Археологија и сл...?

Мислам дај не драматизирајте. Математика во школо треба да има, чисто заради тоа што ја разработува логиката и нели заради општа култура, ама нема потреба да ја полагаат за матура и да им расипува просек, наместо да се фокусираат на предметите кои ги влечат и кои ќе ги учат на факултет.
 
Ако некој не научил математика во тек на 12 години или не покажал интерес поради икс причини, нема шанси да го смениш тоа ставајќи го предметот како задолжителен за матура. Остави го изборен, факултетите сами нека ја ставаат положената матура по математика како предност и тие што сакаат да одат таму ќе си ја бираат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom