Средношколски протести

A dali na srednoshkolcite im e prifatliva varijantata nishto na kraj na sredno da ne polagaat tuku samo priemen za na fakultet?
Според мене тоа е топ понуда. Но дали јас се прашувам?
Јас тука ги бранам средношколците (а очигледно такви има малку) и можам да произнесувам свои ставови во однос на одредени нешта поврзани со нивните грешки, барањата, чекорите или пак во врска со притисоците со кои се соочуваат.

Буквално исто беше и со студентите, но они се позлели во однос на овие. Но тоа е само споредната предност, главната е полнолетството. Пленумот е под притисок дека манипулира со малолетници додека студентите не можат да бидат етикетирани по овој основ. Затоа бројката е 15.000 на ниво на цела Македонија во однос на студентите кои само во Скопје излегоа со неверојатна бројка од 12-13.000 (нека јадат трици колку сакаат, но бројката беше огромна).
Едно е да ти ја врзат устата, но друго е да ти ги врзат и устата и рацете. Нели?
 
Mislam deka i so ovaa ponuda nema da se slozat srednoshkolcite. Taka mi deluvaat...nejkeme matematika, nejkeme ova nejkeme ona...spomnete im priemen ispit za fakultet kade ke polagaat po 2 predmeta materijal od 4 godini 100% pak ke protestiraat! Mnogu od nas taka polagavme!!
 
Ок гледам имате многу нејаснотии па еве ќе ви ја постирам аргументација и барањата. Вечер во 20:00 на телма ќе има гости од средношколскиот пленум.

Имаме 2 барања.
1.Враќање на стариот концепт на државна матура.
1.1 Да нема електроснко полагање на државната матура.
1.2 Математика и Англиски да не бидат задолжителни предмети.
2. Укинување на екстерното тестирање.

Аргументација за 1.1 Да нема електроснко полагање на државната матура.
1.Преголем терет за учениците претставува фактот што се полага 7 пати во рок од 14 дена

Предвидено е од оваа година да се полага 7 пати, еднаш интерниот предмет, и по два пати екстерните предмети ( во различни денови). Со ова се оптеретуваат учениците, им се создава дополнителен товар и стрес со кој не секој знае да се справи. Се скратува времетраењето на едно полагање што е од клучна важност за учениците. Се намалува концентрацијата, а се ограничени и способностите на учениците.

2. Електронскиот начин на полагање не соодветствува со природата на предметот

Системот на електронското полагање, доколку е ист како тој на екстерното тестирање, е нестабилен бидејќи веќе три години по ред се случуваат проблеми од типот на: паѓање на системот; има прашање – нема понудени одговори (и обратно); има повеќе од еден точен одговор; нема ниту еден точен одговор и слично како што е наведено во приговорите што ги добивате секоја година.

Според Законот за полагање на матура, сите ученици треба да имаат исти прашања и да започнат со полагање на тестот истовремено. Тоа нема да биде овозможено од технички причини како што е недоволната опременост на кабинетите во училиштата.

Доколку се полага електронски, нема да има конкретна тежина на прашањата и матурата ќе ја изгуби формата на стандардизиран тест.

1.2 Математика и Англиски да не бидат задолжителни предмети. Министерството нуди некој нов трет концепт за државна матура во кој математика и англиски нема да бидат задолжителни предмети. За жал чудесно сите веб страници каде што може да се информираме за овој нов концепт веќе два дена не функционираат. Поради таа причина немаме подготвено аргументација за овој нов концепт кој го нудат, но уште не го објавуваат никаде. Аругментацијата за претходниот концепт нема потреба да се постира бидејќи очигледно во МОН убидоа каква глупост направиле и без многу бука го повлекоа истиот.

2. Укинување на екстерното тестирање.
Почитувани,

Со ова обраќање би сакале да ви ги доставиме барањата и агрументацијата позади нив на Средношколскиот планум

- Укинување на екстерното тестирање

- Враќање на полагање на стариот концепт на државна матура

-

Овие барање се базирани на аргументацијата образложена подоле.


1. Екстерното тестирање не го унапредува знаењето и интелектуалните процеси кај учениците


Според стандардите за оценување во средните училишта пропишани од Бирото за развој на образованието, нивото на знаење и способности кај ученикот се оценува преку следните параметри:

• Помнење

• Разбирање

• Применување

• Анализа, синтеза и вреднување


Земајќи го во предвид предвидениот концепт од јавен пулт на прашања, со екстерното тестирање акцентот на учење е ставен само на првиот параметар-Помнење, кој воедно е и најниското ниво на учење. Просто меморирање на факти без нивно разбирање, анализирање, знаење како да се применат не придонесува кон унапредување на знаењето за предметот кој се полага Дополнително, овој концепт на оценување не стимулира развивање на повисоките интелектуалните процеси кај учениците, туку само ја поттикнува способноста за репродукција. Стимилирањето на краткотрајно меморирање на факти го обезвреднува сиот вложен труд на ученикот во текот на целата школска година и неговата активност за предметот. Оттука, јасно укажуваме дека екстерното оценување не стимулира унапредување на знаењето и не придонесува за развивање на интелектуалните процеси кај учениците.


2. Оценката добиена од екстерното тестирањеореди со оценката добиена од предметниот наставникеди со оценката добиеприменат т наставник. процесите н аучење не може да се спореди со оценката добиена од предметниот наставник/ Оценката добиена од екстерното тестирање не соодветствува со знаењето на учениците


Со предвидениот концепт на екстерно тестирање, оценката на ученикот добиена од предметниот професор еднакво се вреднува со оцената стекната преку екстерното тестирање. Овие две оценки се добиваат од различни параметри и оттука тие не може да се споредуваат. Поточно, крајната оценка што ученикот ја добил од предметниот професор се базира на сите претходно добиени оцени по дадениот предмет, вклучувајќи ја и целокупната активност на ученикот во текот на школската година. Дополнително, при тестирањето на знаењето, според одредбите предвидени од Бирото за образование, професорите мора да тестираат колку информации учениците запомниле, колку ги разбираат инфромациите, нивната способност за анализа, синтеза, вреднување, како и можноста да го применат практично нивното знаење. Во споротивно оценката од екстерното тестирање не ја вклучува активноста на ученикот п опредметот и се базира само на капацитетите на ученикот да меморира подтоци. Оттука, оценката од екстерното тестирање не соодветстува со знаењето на учениците и не може да биде споредувана со оценката добиена од предметниот наставник.


3. Сведителството издадено со најниската оцена- недоволен (1) е невалидно

Доколку ученикот ја добие најниската оцена-недоволен (1) на екстерното тестирање, таа ќе биде впишана во неговото сведителство со што тоа истото станува невалидно, и не може да биде признатово повеќето на странски земји. Потсетуваме дека според чл. 45 од Законот за средно образование сите оценки се преодни освен оценката Недоволен (1) која НЕ МОЖЕ да стои како финална оцена во свидетелството на ученикот, кратејќи му го на ученикот правото на натамошно образување.

Дополнително види: Чл. 11 од Правилникот, чл. 54 од ЗОО, чл. 45-б од ЗСО, чл. 70 од ЗОО, чл. 48 од ЗСО, чл. 65(9) од ЗОО, чл. 45 од ЗСО. ЗОО – Закон за облигациони односи и ЗСО – Закон за средно образование

4. еЕкстерното тестирање не го унапредува квалитетот на средното образование

Екстерното оценување во Македонија се воведува како реформа која според упатствата на Министерството за образование и наука ги има следниве цели:

· Да им овозможи на учениците да согледаат што навистина знаат

· Да им даде можност на наставниците да ја проверат објективноста на оценувањето што тие го практикуваат.

Во начинот на кој се дефинирани целите може да се забележи дека со воведување на оваа политика кај надлежните не се цели кон подобрување на квалитетот на основното и средното образование, туку единствено утврдување на степенот на објективност на наставниот кадар. Овие цели не се базирани на однапред спроведена анализа која укажува на проблемите и слабостите во средното образование, туку се произволно одбрани од страна на надлежните институции.


Компаративно, во другите земји екстерното оценување се воведува примарно за унапредување на квалитетот на средното образование, што меѓу другото вклучува и евалуација на објективноста на

наставниот кадар. Во нашиот случај направен е сериозен пропуст што приритетот е ставен на

вршење на контрпола на наставниот кадар, а не како во примерот на Слпвенија: [1] да

придонесува за подобар квалитет на учењето, наставата и знаењата; [2] да оценува како се

постигнуваат станардите на знаењата пропишани со наставните програми; [3] да придонесува

за разбирливата примена на различни наставни методи и техники; [4] да ја олеснува

ефективната евалуација на наставните планови и програми; [5] да придонесува во

обезбедувањето еднакви образовни можности за сите ученици; [6] да ги развива

споспжобностите на учениците за критичко вреднување на своите постигања; [7] да им

обезбедува на учениците информации за нивните стекнати знаења што можат да

се споредуваат со нивните врсници и со просеците на ниво на држава и [8] да придонесува за

повоедначени критериуми во оценувањето од страна на наставниците на часовите.


Дополнително, со начинот на кој се имплементира екстерното тестирање не се постигнуваат горе поставените цели. Како што наведовме во претходните точки, оценката од екстерното тестирање не е објетивна и не соодветстува со знаењето на учениците. Оттука, навистина е нејасно поради кои цели се имплементира оваа реформа.
 
:facepalm: :facepalm:
Да, да. Они да не сакаа да учат ќе побараа и поништување на Законот за задолжителното средно образование, нели? И нели се се сведуваше на личноста? Ок, ќе ја прифатам твојава теорија, зошто па да не. Дали тоа значи дека пред 25 г. учениците сакале да учат кога постоела стара концепција за државната матура?!

И дали знаеш што се случува по средните училишта?! Очигледно не, па тогаш зошто збориш и изнесуваш смешни ставови кога не си запознаен со вистината?

Инаку патетично, јас од тебе очекував употреба на некоја специфична терминологија, некоја мудрост или пак компарација стар- нов систем. Како личност која сакала да учи, мора да си и начитан, нели? :)[DOUBLEPOST=1428498462][/DOUBLEPOST]
Каде, кој, кога и за што се договориле/договарале? Ако го најдеш договорот, те молам постирај го овде. :)
Зошто се сведува дискусијата за тоа каков сум јас или каков ученик сум бил. Јас ако коментирам една работа, не значи дека тоа комплетно се однесува на целиот образовен систем. Јас не спомнав матура, на пример, дали да се полага. Ниту одев во споредби, мислам дека не може да се даде компетентен одговор, сепак треба да си стручен за тоа. Би испаднало како „оговарање“. Јас се чудам како децава се бунат против учење. Сакаат со лесно да поминат, тоа е фактот.
И јас не мислам дека екстерното тестирање ги дава саканите ефекти. Не дека е лошо да се проверува знаењето, но тоа не е реален показател и само се трауматизираат учениците. А исто така е факт дека оценките се многу напумпани.
Јас не полагав матура, немаше „во мое време“, полагав приемен испит на факултет (плус просек од средно образование).
 
Кои се буни против учење? Само Чак Норис ќе успее да ги положи сите 7 теста. Е тоа е проблем. Но се со цел да се амортизира ударот беше оваа реакција за тргање на математиката како задолжителен предмет на државната матура.

И дали ти си имал оценка 1 во сведителство? Дали според тебе таква оценка смее да стои во сведителство?
 
Сум немал 1. Не можам да кажам дали смее. Не знам која е идеата?

Јас не слушнав бунење против 7 теста, туку против математика. Го коментирам она што се случува.
 
Сум немал 1. Не можам да кажам дали смее. Не знам која е идеата?

Јас не слушнав бунење против 7 теста, туку против математика. Го коментирам она што се случува.
Да. И што мислиш, 2 пати треба да се полага математика?

Идеата?! Тоа не е прелазна оценка и со самото тоа ученикот не би можел да студира во странство. Тоа е проблем голем колку месечината и човек треба да е слеп да не го воочи. Како да знам јас дека таа оценка не е извадена од ракав?
Нема никаква повратна информација од тестот од екстерното тестирање, освен оценката.

Сега сеуште сметаш дека учениците не сакаат да учат? Па кој би сакал во ваков ретардиран режим, нели?
 
Да. И што мислиш, 2 пати треба да се полага математика?

Идеата?! Тоа не е прелазна оценка и со самото тоа ученикот не би можел да студира во странство. Тоа е проблем голем колку месечината и човек треба да е слеп да не го воочи. Како да знам јас дека таа оценка не е извадена од ракав?
Нема никаква повратна информација од тестот од екстерното тестирање, освен оценката.

Сега сеуште сметаш дека учениците не сакаат да учат? Па кој би сакал во ваков ретардиран режим, нели?
Да, сакаат да поминат со полесно. Не за џабе масовно се студира некои маркетинзи, политички науки, туризам, штипски, тетовски универзитети... секако, без математики. Кога речам „не сакаат да учат“, не мислам на буквално, туку дека сакаат да си минат со лесно.
Јас ќе ти повторам дека го коментирам конкретниот случај, а не за системот. И самиот кажав за на пример нецелисходноста од екстерното тестирање. Можеби и матурата како систем е непотребна, но мене тоа не ми беше тема.
 
Па тоа е нормално. Знаеш кога небото е лимитот (поминуваш или не), секој ќе сака тие граници да се приземјат. Но бидејќи тоа не е возможно, тогаш ќе бараат истите барем малку да се спуштат. Но и тоа не е можно. Тогаш нормално, сето тоа ќе резултира со незадоволство и сега со бојкот.

Сега пак ќе те прашам, кој нормален ќе стави 7 теста на матура? Нели или треба да се многу неписмен, како министерот Менделеев, или премногу глупав како нашиот пвемиев. Концепцијата се прави во согласност во професорите, а не според замислите на еден човек, кои за волја за вистината не е способен да креира новитети во нашиот образовен профил.

Да не сметаш дека навредиве ги вадам од ракав. Сето ова се први со цел се помалце и помалце ученици да ја бркаат државната квота.
 
Сум немал 1. Не можам да кажам дали смее. Не знам која е идеата?

Јас не слушнав бунење против 7 теста, туку против математика. Го коментирам она што се случува.
Ете во мојот пост убаво ти пишува кои ни се барањата. Вчера на топ тема исто убаво кажаа кои ни се барањата. Претходно на сите емисии каде што имаше наши луѓе беа кажани истите барања, чудно како некој намерно се прави глув и си го фура филмот што го прават некои медиуми.



@Dumbledore ме праша по пп за првото барање.
Ние бараме матура да се полага на следниов начин:
1. Мајчин јазика - екстерен
2. Математика или странски јазик - екстерен
3. Изборен - екстерен
4. Изборен - интерен

А од мон првично нудеа:
1. Мајчин јазик - екстерен
2. Странски јазика - екстерен
3. Математика - екстерен
4. Изборен - интерен

Одкако си ја формираа унијата на млади сили и си ,,преговараа" со нив го понудија следниов концепт:

ПМА и ПМБ бидејќи биле математичари(?) ќе полагаат математика како втор предмет. Секој што учел средно знае дека ПМБ смерот освен името нема никаква врска со математика. Очигледно реформаториве од МОН не учеле па не знаат.

ЈУА и ЈУБ ќе полагаат втор предмет странски јазик.

ОХА и ОХБ ќе можат да бираат што сакаат за втор предмет.

Овој концепт кој беше предложен од унија на млади сили ќе важи само за сегашните матуранти, а за идните повторно ќе се врати првичниот концепт. Ова никој од МОН не го кажува со цел да го намалат отпорот кај ОХА и ОХБ смеровите кај децата од прва, втора и трета година.


*Унија на средношколци=унија на млади сили
 
Последно уредено:
]http://ohridpress.com.mk/?p=9272
Рајко Домазетоски, член на Училишниот одбор и на Советот на родители во Гимназијата „Свети Климент Охридски“ истакна дека дел од родителите денеска биле со своите деца поддржувајќи ги во нивните барања.

– На 6-ти април дојде писмо со известување за новиот концепт на државната матура. Воведени се некои нови предмети што треба да ги полагаат учениците. Дотогашниот концепт на државната матура којшто на некој начин на учениците што им беше предложен во ноември минатата година повеќе не важи. За жал, Државниот испитен центар и Бирото за развој на образованието како да ги натераа учениците со сила да излезат на улица, изјави Домазетоски.



Според него, врз средношколците од училиштето се вршел притисок за да не ја бојкотираат наставата и да не го одржат денешниот протестен марш.

– Трети ден како учениците ја бојкотираат наставата, а Советот на родители нема закажано никава средба. Од ова што го гледаме на телевизија, во училиштата каде има бојкот на наставата, Советот на родители е во постојан контакт и постојано заседава. Категорички тврдам дека раководството на училиштето врши притисок врз учениците по секоја цена да се откажат од бојкотот на наставата и од маршот којшто денес го организираа, додаде Домазетоски.
 
Коа сме веќе кај тоа колку ѝ е на државата битно да знаете математика:

Помош за младата математичарка стигнува од Швајцарија

веста дека 17-годишната Сања Симоновиќ од Охрид, победник на општинскиот, регионалниот и државниот натпревар по математика и националната олимпијада, поради недостиг на 2000 евра може да ги пропушти претстојните меѓународни натпревари за кои се квалификувала, како што објави Телма, во редакцијата на Плусинфо се јави Мустафа Алиловски од Швајцарија, кој рече дека ќе уплати 2.000 евра за да може Симоновиќ да се натпреварува.

За тоа да се случи, родителите на Симоновиќ ги замолуваме да ни се обратат со податоци на следнава адреса: contact@plusinfo.mk

Овој потег на господинот Алиловски е за секоја пофалба, ако се се земе предвид дека не бара ништо за возврат, туку само ќе ги покрие трошоците за Македонија да биде соодветно застапена на натпреварот, а Симоновиќ да може да го реализира својот талент.

Се поставува прашањето кога вакви хумани граѓани мора да реагираат, што всушност работи Министерството за образование, кое се финансира од даноците што сите ги плаќаме - ДДВ, дури и кога ќе купиме леб во некоја продавница, од персонален данок, што го плаќаат малиот број вработени во земјава, земајќи предвид дека се повеќе млади луѓе од Македонија бегаат неповратно од земјава.
 
Пропагандно-манипулирачката моќ на нашата власт преку верните медиуми е една од најзастрашувачките работи во земјава и главниот извор на таквата сила која ја добија, особено последните години. Знаејќи го потпросечниот капацитет на граѓаните во Македонија сами да ги перцепираат работите, секојдневно за било која појава на телевизија се испраќаат експерти кој треба да му ги отворат очите на обичниот човек и да му кажат од експертска гледна точка, што е добро, а што не е. На големо тоа го забележав првпат кога ги објавија тие снимките. Наредниот ден на сите верни медиуми се појавија по 3-4 експерти кои тврдеа дека било многу лесно да се измонтира снимка, толку било лесно што секој можел да го направи. Изгледаше како од два милиони народ 98% да може да измонтира снимка и да ја пушти во јавноста.

Истото го забележав и со математиката. Видоа дека има протести и дека не попуштаат па одлучија со добрата позната тактика. Експерт да каже колку многу е важна математиката, толку многу важна што без истата не може да се живее и дури не може да се дише. Оние кои знаеле математика биле поиновативни, попаметни и поснаодливи. Уште да кажеа дека се поубави.

Во некој реален свет тоа би требало и да е точно. Но, од лично искуство познавам доста луѓе кои знаат многу математика, но пред се иновативноста им е непозната и непостоечка карактеристика. Тоа се должи на она што го зборувавме овде неколку страни поназад. Математиката кај нас се учи на лош, погрешен начин. Се учи напамет и се предава како готова, оскудна материја која само треба да ти го покаже начинот на решавање кој треба да го следиш. Математиката онака како што се учи кај нас нема допирна точка со иновативноста, оти не го поттикнува размислувањето и логиката туку го поттикнува слепото следење на правила и начини. Во математиката како што се предава кај нас од страна на професорите нема зошто, нема затоа што. Нема причина и нема последица. Се поставува задачата, се решава и толку.

Затоа ако стварно оваа влада или некоја наредна ќе сака во вистинска смисла да го унапреди образованието ќе треба да обрне многу поголемо внимание на битните работи на сметка на глупостите врз кој обраќа внимание денес. Тоа се квалификациите на кадарот, целокупните програми на изучување на предметите, начинот на добивање на прелазните оценки и пред се условите за одржување на настава за сите специфични струки кои имаат потреба од техничка подготвеност. Без овие работи, џабе се обидуваме да го поправиме она што од старт е расипано.
 
Коа сме веќе кај тоа колку ѝ е на државата битно да знаете математика:

Помош за младата математичарка стигнува од Швајцарија

веста дека 17-годишната Сања Симоновиќ од Охрид, победник на општинскиот, регионалниот и државниот натпревар по математика и националната олимпијада, поради недостиг на 2000 евра може да ги пропушти претстојните меѓународни натпревари за кои се квалификувала, како што објави Телма, во редакцијата на Плусинфо се јави Мустафа Алиловски од Швајцарија, кој рече дека ќе уплати 2.000 евра за да може Симоновиќ да се натпреварува.

За тоа да се случи, родителите на Симоновиќ ги замолуваме да ни се обратат со податоци на следнава адреса: contact@plusinfo.mk

Овој потег на господинот Алиловски е за секоја пофалба, ако се се земе предвид дека не бара ништо за возврат, туку само ќе ги покрие трошоците за Македонија да биде соодветно застапена на натпреварот, а Симоновиќ да може да го реализира својот талент.

Се поставува прашањето кога вакви хумани граѓани мора да реагираат, што всушност работи Министерството за образование, кое се финансира од даноците што сите ги плаќаме - ДДВ, дури и кога ќе купиме леб во некоја продавница, од персонален данок, што го плаќаат малиот број вработени во земјава, земајќи предвид дека се повеќе млади луѓе од Македонија бегаат неповратно од земјава.

Немале за финансирање.Зошто ако уплатат ќе им ја побијат нивната проста малограѓанска логика (и на општина Охрид) според која металци, рапери, навивачки групи не можат да бидат добри математичари или напреден дел од едно општество, не можат и да си дозволат да поддржат финансиски луѓе кои се свесни дека палмата не е автохтон вид во Охрид, дека Студенчишко блато не е место за згради, луѓе кои организирале донаторски акции за Тамара од Велес.Со нивниот ментален склоп такозван ‘Држава сме‘.Ете, појќе пари за споменици :kluc:

[DOUBLEPOST=1428845819][/DOUBLEPOST]
sertifikat.jpg
diplomi.jpg
sanja1.jpg

http://www.ohridnews.com/vesti/82687
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom