Средношколски протести

Да, пошто на матура математика се бара 2+2. Знам што све се учи математика од 1ва до 4та и знам колку многу од тие работи му требаат на еден правник, политиколог, економист, лингвист, психолог и ред други професии. Учебници немам, но можам да најдам тетратки да видиме колку од тие работи што сме ги учеле биле основни.

И нон-стоп се спомнува, „гимназијалци, имате математика, треба да полагате“ и слично...знаеш колку мал дел од деца на 14 години знаат што сакаат да работат во иднина? Зошто да се запише во стручно средно училиште и со тоа значително да си ги лимитира можностите? Сосема е во ред ако некој од 14 години знае што сака (пример да работи со економија, право итн, иако веројатно многу малце знае за тие области, но има нешто што го влече), но исто така убаво е еден млад човек на 14/15 години да се запознае со различни науки и да се пронајде себеси во бар една од нив понатаму. Затоа постои усмерување во трета година што начи младите имаат 2 години, бар отприлика, да се пронајдат себеси. Пример: некој ќе се пронајде себеси во конкретна наука или пак во поле од науки (природно-математичко или општествено) и одлучува натаму да го продолжи своето образование. Конкреетно јас не се пронајдов во правото уште во втора, но знаев дека повеќе ме влечат општествено-хуманистичките (а и ме одбиваа природно-математичките).

Барањето на средношколците е легитимно иако многу полегитимно барање е укинување на екстерното оценување од кое јас, а и многумина други, не гледаат ништо полезно за учениците. Треба да ги искомбинираат тие две барања. Така ќе имаат многу повеќе подршка и ќе се обединат средношколци од 1ва до 4та година. Мило ми е што почнува активизирање и кај оваа група на луѓе, што сметам дека е многу добро за едно општество. Голема подршка до нив, па не гледам причина зошто не би ги подржал и на некој од нивните протести.
Сакав да прокоментирам нешто за оние болни умови што ги правеа летоците, но нема. Станува збор за болни умови чии акти не само што се незаконски туку и крајно безобразни, искористувајќи малолетни лица (веројатно) за некоја сопствена корист или корист на некој претпоставен.
Децава треба да сватат дека ако не те бива за некој предмет не треба да имаш петка,овие знаат дека се дрва и сеа не ја гледаат вината кај нив туку кај државата што ги тестира.
Лектирите никогаш не ми беа интересни ама сепак ги полагав и Странецот и Божествена комедија на матура,стурчно никад нема да ми се најдат ама тоа е тоа општо образование што се добива во средна школа.Да за 5ка сигурен сум дека ќе треба да знаеш многу Математика,ама ја коа полагав имаше агли во триаголник да броиш.Сеа ко што ќе полага цела генерација ако вакви работи не знаат срамота е диплома да им се даде.
 
Децава треба да сватат дека ако не те бива за некој предмет не треба да имаш петка,овие знаат дека се дрва и сеа не ја гледаат вината кај нив туку кај државата што ги тестира.
Лектирите никогаш не ми беа интересни ама сепак ги полагав и Странецот и Божествена комедија на матура,стурчно никад нема да ми се најдат ама тоа е тоа општо образование што се добива во средна школа.Да за 5ка сигурен сум дека ќе треба да знаеш многу Математика,ама ја коа полагав имаше агли во триаголник да броиш.Сеа ко што ќе полага цела генерација ако вакви работи не знаат срамота е диплома да им се даде.
Различно размислување имаме, во ред е, го почитувам тоа, јас изложувам мои аргументи, ти изложуваш твои. Ништо страшно ако не ни се поклопуваат мислењата. :D Иако стојам цврсто на ставот дека има премногу работи кои не се баш основни за да математиката биде задолжителна на матура.
Но, ако ја гледаме поголемата слика сум на став дека не треба матура туку приемни испити во факултетите. Така секој ќе може да го полага она што му треба за конкретниот факултет.
 
Како и да е децава за разлика од студентите ќе бидат растурени на каква било дебата или официјален разговор,од причина што не се бунат за тестирањето туку за своето незнаење.
 
Протест денес во Велес
Screenshot_29.jpg
 
Во некој претходен пост напоменав дека не сум ЗА математика на матура, но доколку МОН вложи доволни напори за да го прилагоди нивото за стручните (медицинско, економско, техничко, земјоделско итн) за секое стручно да има соодветен тест и исто така и за гимназиите посебен епа тогаш и би прифатил... Едноставно се надевам дека нема да се повтори истото сценарио со математиката на екстерно!
 
Зашто си запишан гимназија,а види ко за чудо и математиката спаѓа во предметите што ги учиш. Разбирам да протестираш поради неефикасност на матурата,али ако има толку неписмени што не знаат 2+2 тие не треба да имаат диплома од средно.
Жал ми е за просеков,веројатно тешко ти паѓа дека не можеш во секое подрачје да бидеш одличен.
Да,тешко ми паѓа зошто?
Пошто ми зависи животот од таа математика.
Чим сум се запишала гимназија и сум одбрала општествен смер или јазичен,сигурно бегам од природно-математичките предмети и за да имам подобар успех со кој ќе се запишам на некој факултет од областа на смерот на кој сум се запишала.
А,да ми виси мене над глава тоа полагање на математика...
Те сфаќам што сакаш да кажиш,но не сум само јас како единка тука за која се работи туку некој прилично добар и висок број на средношколци кои се ист случај со мене.
 
Да,тешко ми паѓа зошто?
Пошто ми зависи животот од таа математика.
Чим сум се запишала гимназија и сум одбрала општествен смер или јазичен,сигурно бегам од природно-математичките предмети и за да имам подобар успех со кој ќе се запишам на некој факултет од областа на смерот на кој сум се запишала.
А,да ми виси мене над глава тоа полагање на математика...
Те сфаќам што сакаш да кажиш,но не сум само јас како единка тука за која се работи туку некој прилично добар и висок број на средношколци кои се ист случај со мене.
Ти може да бегаш колку сакаш али има основно ниво на математика што мора да го знаеш бар за двојка за да завршиш гимназија. Едноставно прифати дека незнаеш и седни научи.На факултет нема да ти смени ништо оцената од причина што тие што ќе извадат добри оцени математика сигурно нема да на твојот факултет да идат.
Тоа е жалосно што сте многу,знам и ја бев средно пред малце.Баш тоа што сте многу е причина плус да се притиснат повеќе професорите математичари и самите ученици.
 
Јас го разбирам револтот на овие маливе што им се наметнува да полагаат математика без разлика што одлучиле да студираат понатаму. Иако не ги подржувам протестите. Можеби матурата не е правилен начин, но факт е дека многу малку од средношколците излегуваат со доволни познавања од основите на математиката а не па нешто повеќе. Јас сум една од тие што заврши гимназија природно математички смер без да знае што е извод, што е интеграл. Да биде поголема иронијата имав 5ка.
И поради таа математика избрав факс кој не го сакав и го учев со мачење за да кога созреав сфатив дека ја сакам да завршам информатика бе, па на стари години седнав и учев математика за да положам испити. Математиката треба да биде задолжителна, и не смее да има ученик кој завршил средно кој ќе биде на мое ниво на знаење кога јас завршив (читај НУЛА). За таа цел професорите по математика треба да бидат внимателно бирани и да предаваат само оние кои ќе знаат да им развијат љубов на учениците кон предметот, кои ќе знаат да објаснат убаво прво зошто математиката им е битна а после и како да ја совладаат. За жал од она што го гледаме, се помалку има такви професори и децата ни излегуваат од средно извинете на израз, прости. Наместо да протестираат за укинување, подобро нека протестираат за подобрување на програмата и методологијата. Затоа што никој не би протестирал, ако научил. Очигледно проблемот е дека врска немаат. Сеа нешто се окуражија од студентите па ајде ќе протестираме за се и сешто. Ако студентите ги подржував, на овие би им врзала две три шлаканици и би ги вратила на дополнителни часови по математика секој викенд. Затоа што они се премногу мали да знаат што е добро за нив:D
 
Не е само поврзано со матурата, туку со екстерното, ама нека седи тука. Во четврток средношколците излегуваат на Средношколски марш. Од Фонтана (Градски парк) до МОН.
https://www.facebook.com/events/679466998830029/
 
Денес имало голем протест во Кавадарци и искрено ме зачуди бројноста на селфи-генерацијата. Ова е втор протест,минатата недела имаше еден ама не беше баш организиран,ама денес и марш имаше низ улиците и тоа навистина одлична бројка.
 
Денес имало голем протест во Кавадарци и искрено ме зачуди бројноста на селфи-генерацијата. Ова е втор протест,минатата недела имаше еден ама не беше баш организиран,ама денес и марш имаше низ улиците и тоа навистина одлична бројка.
Неделава ќе има протести во повеќе градови. Скопје, Тетово, Неготино, Струга, Кочани, Ресен, Струмица.
http://bulevar.info/?p=14110
 
Маршови ќе има низ цела Македонија. Маршот во Скопје ќе се одржи во четврток, а во повеќето градови тие ќе бидат во среда.
Ударна парола на сите маршови ќе биде: СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО.
Главни приоритети ни се укинување на новиот концепт на матура и укинување или намалување на ефектот кој екстерното го има во оцената на учениците. Покасно ќе на подолго ќе ги образложам нашите барања бидејќи сега сум презафатен. Само да напоменам се соочуваме со огромни притисоци кои во Скопје се појавуваат само во облик на плакати и закани од професори, но во помалите места заканите се огромни ( одат до таму и со закани за бркање на родителите од работа ).

во живо од штабот на СОРОС ВардарВоСрцето :cool:
 
http://www.radiomof.mk/foto-novi-plakati-za-ocrnuvanje-na-srednoshkolskiot-plenum/

Срамота, жив очај! Брука невидена еј. Па деца се ова бе, многу од нив малолетни се' уште. Имате ли грам мозок...кој и да го прави ова (а не е тешко да се претпостави). Имам само порака до средношколците: Ова покажува дека се плашат од вас!
 
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20998

Од Пленумот велат дека заканите се однесуваат на нивното излегување на маршовите и собирите под организација на Пленумот, а се одразуваат со насилство, лаги за санкции во училиштата каде што учат, не одење на екскурзии, бркање од работа на нивните родители, исто така и кинење на плакати со информации околу маршовите, создавање црна контракампања и слично. Овие обиди да се спречат активностите на Пленумот извршувани се дури и од страна на професори во самите училишта. :tapp:

Не се предавајте, не се откажувајте, ништо не ви можат!!!
 
Засилени притисоци на ден пред протестниот марш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom