Средношколски протести

Средношколски Пленум
пред 53 минути ·
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Директен демант на денешните статии во кои се засегнати активностите на Средношколскиот Пленум

Средношколскиот Пленум и соопштува на јавноста дека бојкотот на наставата од утре влегува во својата петта недела односно во вториот месец. Одржувањето на Средношколскиот Фронт пред Министерството за образование и наука исто така продолжува и влегува во втората недела покажувајќи се како најголем притисок врз надлежните да ги ислушаат и воопшто разгледаат нашите барања.

Никаков договор не е постигнат помеѓу надлежното министерство и Средношколскиот Пленум. На последната средба од преговорите, одржана минатиот четврток, еден час се разговарало на тема легитимност, а дваесет минути на тема барањата кои ги поднесе Средношколскиот Пленум пред два месеци. За ова потврдува и Хелшинскиот Комитет кои присуствуваа на средбата во улога на мониторинг и во целост ги подджуваат нашите барања како и нашиот револт кон овој неадекватен и безобразен однос на надлежните кон оние во чија полза треба да работат. Моменталната состојба на преговорите е: полагање на државна матура по стариот концепт само оваа година и продолжување на екстерното тестирање што не е во никој случај прифатливо за сите оние илјадници средношколци кои изгубија од својата настава веќе еден месец. Средношколскиот Пленум смета дека министерот Абдулаќим Адеми, заменик министерот Спиро Ристовски и вицепремиерот Владимир Пешевски не се свесни која штета ни ја нанесуваат со пролонгирање на преговорите веќе една недела кога Средношколскиот Пленум јасно изјави дека преку компромис не се стигнува до квалитетно образование и дека не планираме да запреме со радикализација додека не бидат усвоени двете наши барања.

Се надеваме дека Министерството за образование и наука ќе не викне повторно на средба во најбрз можен рок на која конечно ќе биде постигнат разумен договор и учениците конечно ќе се вратат каде што им е местото, а тоа е во училишните клупи на настава.

‪#‎ПоздравПленумци‬

Не знам од каде искочи сега пак тоа дека се усвоени барањата на пленумот :toe:
 
цц.Нормално е да ја корегира власта,ама не на улица у парламент.И да ги остави протестите за оние кои ГИ ЗАСЕГА а не да ја има сегде.Не може да ги засега секој протест нив,не ?
па веројатно протест на средношколци ги засега средношколците сдсмовци. Ја видов партиски луѓе и на студентските и на средношколските протести,ама средношколци и студенти а не Заев и Шекеринска. Ќе ја корегираат таму кај што има ефект,со едни студентски протести се постигна поише него 10 години да се тегнеа во собрание.
 
цц.Нормално е да ја корегира власта,ама не на улица у парламент.И да ги остави протестите за оние кои ГИ ЗАСЕГА а не да ја има сегде.Не може да ги засега секој протест нив,не ?
Претпоставувам имаш 18 години, имаш право на глас. Е заради ова сакам евентуалниот подфорум политика да биде многу повеќе од дпмне и сдсм. Затоа сакам уште во средно да има предмет (макар бил и факултативен) на кои младите луѓе ќе бидат со основно политичко познавање и што е многу поважно, ќе ги знаат своите права загарантирани со Уставот и меѓународните ратификувани договори.

Карактеристика на политичката партија, посебно голема како што е сдсм, е да се интересира за се'. Тоа е разликата помеѓу политичка партија и интересна група.
 
Тоа е друг проблем. Опозицијата има сериозни докази и со самото тоа и силни аргументи зошто го бојкотира парламентот. За потсетување владеачката партија еднаш како опозициона го бојкотираше и еднаш кога беше на власт и имаше просто мнозинство избега од една парламентарна седница.

Молба, не мешај опоција и бојкот. Таа да го подржува бојкотот. Класичен пример тие е СДММ Струмица кои ги подржи средношколците и претходно студентите од Струмица. Но далеку од тоа дека ги организира или пак дека ги финансира.

И јас ако сакам можам да бидам граѓански активист. Зошто па да не? Ако сакам ќе одам за ГТЦ, ако сакам ќе влезам во невладина, ако сакам во ГДОМ или ако сакам на овој протестен марш. Мое право базирано врз мојата идеологија. А тоа дека не треба да присуствуваат, не си во право. Моментално притисокот е најбитен. :)
 
па веројатно протест на средношколци ги засега средношколците сдсмовци. Ја видов партиски луѓе и на студентските и на средношколските протести,ама средношколци и студенти а не Заев и Шекеринска. Ќе ја корегираат таму кај што има ефект,со едни студентски протести се постигна поише него 10 години да се тегнеа во собрание.
Хаха,добро ајде немаше никакви сдсмовци(јавни) кои ги знае цела јавност,како што знаат сите дека латас е дпмне така знаат сите дека ацо кабранов,борјан и ред други се сдсм,ама не,тие се средношколци,студенти,хонорарци,спасители на гтц,земјоделци,СЕ се тие,само не сдсмовци и НЕ,не придаваат партиско значење на сите протести,јок.

Не битно,да се вратиме на темата.
 
Да. Само и тука се креираше т.н. “контра пленум“ т.е. малолетни членови организирани од страна на УМС кои лепеа плакати преку кои беше етикетиран самиот пленум. А тоа е дополнителен доказ дека целта е манипулација на јавноста, а не соопштување на вистината и давање на вистинската слика во која се наоѓа нашето образование и нашиот образовен систем.:)
Не го провоцирајте да дојде жими се. :D
Јас чекам да се врати. Од проста причина што постојат фотки на кои неговите лидери и сопартијци испаднале смешно (повторно потези и контра потези, нели?). ;)
 
Претпоставувам имаш 18 години, имаш право на глас. Е заради ова сакам евентуалниот подфорум политика да биде многу повеќе од дпмне и сдсм. Затоа сакам уште во средно да има предмет (макар бил и факултативен) на кои младите луѓе ќе бидат со основно политичко познавање и што е многу поважно, ќе ги знаат своите права загарантирани со Уставот и меѓународните ратификувани договори.

Карактеристика на политичката партија, посебно голема како што е сдсм, е да се интересира за се'. Тоа е разликата помеѓу политичка партија и интересна група.
јас мислам дека протест се прави од одредена група на луѓе кои си ги бараат своите права,што имам ја да идам на протест на земјоделците ајде објасни ми,коа нит сум видел нива нит сум ископал нешто во мојот живот ?
 
Не ме сфати, ова се однесуваше за политичките партии. Сакав да ти доловам дека една политичка партија, посебно овие од типот на сдсм и дпмне, треба да ги интересира секое општествено прашање.
 
Не ме сфати, ова се однесуваше за политичките партии. Сакав да ти доловам дека една политичка партија, посебно овие од типот на сдсм и дпмне, треба да ги интересира секое општествено прашање.
точно е тоа,ама јас пак мислам дека парламентот е за политичките партии,а улиците за народот да го искажат својот револт/мислење/барање? а не да ги има истите 10-20 фаци на СИТЕ протести ?
 
точно е тоа,ама јас пак мислам дека парламентот е за политичките партии,а улиците за народот да го искажат својот револт/мислење/барање? а не да ги има истите 10-20 фаци на СИТЕ протести ?
Ова со парламентот е сосема десето прашање, не би го отварал.
А за тоа дека се појавуваат исти фаци, не знам што те чуди. И на сите контра-протести се појавуваа исти фаци од спротивниот табор. Они гледаат во тоа можност за добивање политички поени.

Да се тргнеме од овакви прашања, да дискутираме чисто околу барањата, реалните состојби во средното образование, одлуките на МОН, однесувањето на двете страни и слични работи.
 
Мене ме радува што средношколците и студентите масовно се изорганизираа и протестираат. Ме радува тоа што не сакаат да дозволат да ги ебаваат, што си имаат ставови и ете не се плашат да ги кажат. Кога пред 7 години мојата тогашна генерација протестираше заради воведување на матурски испити, немаше ни с од сплотеност. Имаше едно копиле од еден друг клас, беше лижач на дпмнеовците, сите излеговме од училници, надвор во школски двор, а тој си остана внатре. Оди да протестираш, лајнари некои си одеа да си пијат кафе, а излезе дека на нив најтешко им беше да положат. Се карав со директорот и магично од 8 неоправдани, добив 18... преку онаа работа, пак идев меѓу првите на протести. На крај, си полагавме матура (од сегашен аспект, ништо страшно де :)), само заради тоа што со секој изминат ден се помалку и помалку одевме да протестираме, се повеќе и повеќе си одеа да си пијат кафиња или си спиеја по дома.
Меѓудругото, и она што е најважно, средношколските и студентските протести се одраз најмногу на лошата економска состојба на населението, на целата пропаст во која ни е западнато општеството.
Огромна поддршка до средношколците и студентите, Вие можете да ја променете државата!
Ние пред вас што бевме килави генерации, бевме, Вие бидете посилни и што е најважно, бидете ИСТРАЈНИ И БИДЕТЕ ЗАЕДНО, ЕДНА ПРАЧКА СЕ КРШЕ, ЦЕЛ СНОП НЕ!
 
Хаха,добро ајде немаше никакви сдсмовци(јавни) кои ги знае цела јавност,како што знаат сите дека латас е дпмне така знаат сите дека ацо кабранов,борјан и ред други се сдсм,ама не,тие се средношколци,студенти,хонорарци,спасители на гтц,земјоделци,СЕ се тие,само не сдсмовци и НЕ,не придаваат партиско значење на сите протести,јок.

Не битно,да се вратиме на темата.
Кај па реков дека не се сдсмовци овие наброениве? Каква врска има тоа со моето прашање, зашто да не ги засега сдсм правата на студентите и средношколците кога партијата има членови кој припаѓаат на тие групи..
Дали утре ако реши владава да ги обеси сите слепи не треба да искочам зашто не сум директно засегнат? И те како треба политичко образование кај нас,да се разграничи што е функцијата на власта а што на опозицијата.А не секој втор пост да почнува со -јас не сум политички определен.
 
споредбава ти е врв.

Ајде да не ја труеме темава,нека си продолжи како што треба,и онака никад нема да се најдеме на средина.

Значи резиме-нема математика,стар концепт на полагање на матура,но сеуште има екстерно...
 
Problemot e sto od MON vikaat toj nacin nq polaganje da bide sega a za dogodina khe vidime.
 
точно е тоа,ама јас пак мислам дека парламентот е за политичките партии,а улиците за народот да го искажат својот револт/мислење/барање? а не да ги има истите 10-20 фаци на СИТЕ протести ?

И сега редот е поради 10-20 ете и 50 нека се фаци да игнорираме 20000? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom