
Mатематиката нема никаква врска со бојкотов. Тоа беше барање, точно, кое генерално служеше за плакнење на очите на граѓаните од страна на про-владините медиуми. Се бара стар концепт на матура т.е. оној што го спомна.
Новиот е апсолутна глупост и таква идеа би можела да му падне само на тежок деген (а во самото министерство такви имаш колку сакаш).
И подетално и за тебе. Новиот концепт се состои од полагање на 7 теста во рок од 14 дена т.е. секој 2-ри ден. Проектната и екстерното, како и нормално крајните оценки се приказна за себе и ги тргаме на страна (со фактот дека оклу екстерното веќе конкретно се изјасни). Притоа 3 теста ќе се полагаат компјутерски, а 4-ри писмено. Што е на некој начин преседан! Нема кабинети опремени со компјутери и со самото тоа ќе дојде до дознавање на прашањата и со самото тоа и на одговорите. Сега е и апсурд, и оваа замисла јас би ја декларирал како една утопија.
Оценките од екстерно влагаат во сведителство. Но и тука настанува проблем. Како е возможно со оценка 1 да се вади просек?!
П.С. Со самото тоа што беа дадени прашањата лани, дефинитивно секој професор тие прашања ги врти на тестовите преку целата година и со самото тоа во сенка се фрла квалитетот на образованието, а на виделина излага несериозноста на одреден дел професори. И ова ти е глупост...но главниот проблем е во тоа што нема со кого да се дискутира и демантира.