Средношколски протести

Би се сложил, ама и на екстерните матура имаше препишување. Е проблемот е што негде има, негде нема. Патем кажано, кај нас и на интерните не можеше секаде да се препише. Олеснителна околност е што ги имавме прашањата.

Тоа што го предложува Средношколскиот пленум е сосема океј опција, нешто што го има во Словенија. Екстерното да биде анонимно, резултатите да се споредуваат со цел поправање на аномалиите во образованието (пример повеќе внимание да се осврне на некој предмет, промена на наставна програма, дополнителни обуки за просветни работници итн итн).
Во право си за екстерното, имаме сличен став околу тоа, да се средат програмите, да се проверат знаењата на професорите па да има екстерно. Поради тоа што велиш дека некаде имало, а некаде немало препишување, сум за тоа да се укине матурата и да се стави приемен испит на факултет.
 
и физички таму кај што треба.
 
Реално екстерното и државната матура се добар проект доколку се спроведат добро. Национални тестови на ниво на средно образование постојат во многу држави и функционираат одлично,пример САТ во Америка. Тоа што се неспособни да го претстават и спроведат проектот е друга работа. Мислат дека ако им пројде со сила законот,дека со сила може да направат реформата да им функционира...затоа и имаат право да протестираат децата.
 
Колку е подобра дискусијата вака кога го немаш Брутус и компанија да делат етикети врз децата... последниве две страни објаснаа се зошто протестираат средношколциве.
 
Да и дискриминацијата....(n)
Тоа ти е идентично како да имаш еден огромен брод кој речиси е под вода и се решаваш со кофи да го спасиш. Технички, водата од кофите повторно ќе се врати во бродот и така ќе нема апсолутно никаков ефект....само вложен труд, средства и време.

Екстерното е глупаво осмислен проект. Тука спасот е укинување. Но државната матура ако претрпи сериозни измени ќе добиеме некаков ефект, но не и поквалитетно образование. Но ако се тргне од пречистување на учебниците и програмата уште во основните училишта, тогаш ќе може да зборуваме за нешто. Како и оној феномен- сакаш власт и буташ се живо и диво на работа, само да е портокалов по боја (а сега во мода е и црвено-црн). Многу погрешно. Сакаш да решиш 2 централни проблеми, но всушност создаваш 2 нови проблеми. :)
 
Не го провоцирајте да дојде жими се. :D
 
не би ставал етикети,ама веќе кога почнавте со тоа...на протестите се гледаат многу лица од сдсм,новинари од сдсм...истите лица се гледаат и на-протестот за гтц,средношколски протест,студентски протест,хонорарци,земјоделци,протест на работниците...сигурно не идат пошто осеќаат на своја кожа,не знам кој е толку наивен.Зошто идат само они знаат,ама сигурно не е пошто им е жал или имаат исти интереси како тие луѓе кои протестираат.

И поради нив,се става таа етикета.Да ги нема нив меѓу тие луѓе/деца,немаат основ да лепат етикети.
 
Реално екстерното и државната матура се добар проект доколку се спроведат добро. Национални тестови на ниво на средно образование постојат во многу држави и функционираат одлично,пример САТ во Америка. Тоа што се неспособни да го претстават и спроведат проектот е друга работа. Мислат дека ако им пројде со сила законот,дека со сила може да направат реформата да им функционира...затоа и имаат право да протестираат децата.
Нема Македонија менталитет да спроведи добра матура, сега поготово од кога за станување професор нема ниту еден етички и морален критериум освен партиска книшка.
Си кажа убаво мичо во погорните постови како се функционира. При ваква поставеност и при вакво "програмирање" на Македонскиот народ, само на вистински образован човек можеш да му наметниш некој режим, затоа треба да се тргни од департизација на универзитетските професори кои се и те како способни да селектираат само она што вреди и вистински да ги образуваат, за во иднина да се добијат и поквалитетни професори во средно и наставници во основно.
 
не би ставал етикети,ама веќе кога почнавте со тоа...на протестите се гледаат многу лица од сдсм,новинари од сдсм...истите лица се гледаат и на-протестот за гтц,средношколски протест,студентски протест,хонорарци,земјоделци,протест на работниците...сигурно не идат пошто осеќаат на своја кожа,не знам кој е толку наивен.Зошто идат само они знаат,ама сигурно не е пошто им е жал или имаат исти интереси како тие луѓе кои протестираат.

И поради нив,се става таа етикета.Да ги нема нив меѓу тие луѓе/деца,немаат основ да лепат етикети.

Па истите лица се и на секој "контра протест".

Овде зборуваме за подлабок и пореален проблем во образованието кој не засега сите директно и индиректно.
 
не би ставал етикети,ама веќе кога почнавте со тоа...на протестите се гледаат многу лица од сдсм,новинари од сдсм...истите лица се гледаат и на-протестот за гтц,средношколски протест,студентски протест,хонорарци,земјоделци,протест на работниците...сигурно не идат пошто осеќаат на своја кожа,не знам кој е толку наивен.Зошто идат само они знаат,ама сигурно не е пошто им е жал или имаат исти интереси како тие луѓе кои протестираат.

И поради нив,се става таа етикета.Да ги нема нив меѓу тие луѓе/деца,немаат основ да лепат етикети.
Нормално е опозицијата да е на наша страна пошо и нив им одговарат ситуацијава. Нив им одговарат све шо е против влада. Мислам и сдсм да беше на власт иста песна ќе беше. Само сметат то шо не мачкет многу...
 
Апсолутно ми е јасно тоа,и кој и да е опозицијата ќе ја има сегде кај што е против власта,било што да е.Но тоа НЕ е нормално.Ради таквите,се ставаат етикети...и после имаш револтирани граѓани/деца,зошто ни лепат етикети...ради тие помеѓу вас...за ЖАЛ.[DOUBLEPOST=1430671639][/DOUBLEPOST]ПС-на Канал 5 кажаа дека од утре почнува пријавувањето за стариот концепт на матурата,и баш сега ми пишаа да сум дошол утре да сум се пријавел во школо...така да веројатно ќе прават компромис за екстерното,бидејќи 2 барања им усвоија(стар концепт и да нема математика)
 
Да не е нормално опозицијата да е против власта сегде. Заедно треба да бидат,а зад граѓаните господ да застане.
 
цц.Нормално е да ја корегира власта,ама не на улица у парламент.И да ги остави протестите за оние кои ГИ ЗАСЕГА а не да ја има сегде.Не може да ги засега секој протест нив,не ?
 
Нема Македонија менталитет да спроведи добра матура, сега поготово од кога за станување професор нема ниту еден етички и морален критериум освен партиска книшка.
Си кажа убаво мичо во погорните постови како се функционира. При ваква поставеност и при вакво "програмирање" на Македонскиот народ, само на вистински образован човек можеш да му наметниш некој режим, затоа треба да се тргни од департизација на универзитетските професори кои се и те како способни да селектираат само она што вреди и вистински да ги образуваат, за во иднина да се добијат и поквалитетни професори во средно и наставници во основно.
Ако има желба за напредок и способни луѓе во министерството за образование може да се реши проблемот,професорите се само пиуни. На крај краева тие што чуваат не мора ни да се професори. Има начин за матурата да стане реална и поеднаква за сите,проблемот не е толку партиските професори туку тоа што нема добра контрола за нив па негде се препишува негде не.Поготово во маливе градови,кај што сите се знаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom