Squid Game

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.438
Поени од реакции
28.732
Заробени ли сме во една голема Squid Game секојдневно во нашите животи?

Прегледај го приврзокот 439932

Зошто луѓето постојано ја доживуваат Squid Game како нешто забавно? Ова прашање наметнува сериозни размислувања за тоа што навистина значи да се биде дел од овој глобален феномен. Што всушност крие „забавата“ што привлекува толку многу гледачи на серијата? Како тоа што започна како култен хит на Netflix стана основа за цела индустрија на производи, корпоративни настани и тим-билдинг активности кои ја доловуваат атмосферата на серијата?

Во суштина, Squid Game не нуди ништо ново. Гладијаторските борби до последната капка крв се присутни од античко време, а современите варијанти на овој концепт, како Battle Royale и Hunger Games, ја имаат истата основна премиса: луѓе, обично деца, се борат за живот или богатство, а богатите ги гледаат како нешто за забава.

Но, што всушност нѐ тера да ги гледаме овие содржини? Одговорот лежи во два клучни аспекта. Првиот е психолошкиот ефект – исто како и во хорор филмовите и акционите трилери, гледачите се соочуваат со своите најголеми стравови, пред сѐ, стравот од смртта. Се соочуваат со него за да го надминат на безопасен начин.

Но, тука се отвора и друго прашање: што би направиле ние ако бевме ставени во ваква ситуација? За да се завршат игрите на Squid Game не е доволно да се елиминира само една фигура, како што е Фронтменот. Играта е многу поголема и значи нешто многу повеќе – ако системот не се смени, играта ќе продолжи.

И еве каде започнува вистинската парадоксална реалност. Во нашиот секојдневен живот, многу полесно е да се насмееме на актерите кои се облекуваат како Фронтменот и да се фотографираме на корпоративни тим-билдинг настани. Потоа, се враќаме во безбедноста на нашите канцеларии и домови, со самозадоволство дека сме се ослободиле од стравот на игрите, додека всушност сме заглавени во истата игра, но овој пат во нашите секојдневни животи.
Баш болдовите сакав да ги пишам.
Популарна е серијава затоа што во денешницава кога сите гледаат само богатење, слава, пари, успех, лајкови а се повеќе се одалечуваат од природните текови, законите на универзумот, духовните вредности од размислувања за матриксот, лажната утопија во која живеат и со тоа се повеќе губењето на личната слобода на сите полиња, мораат приливот на допамин да го реулираат вака. И не само на допамин. Како што кажа привидното чуство на моќ и сигурност што го имаат додека дома бинџаат со чипс, кафе, чајче, пица под ќебе на топло додека гледаат сурово и голо преживување во кое што и самите потсвесно се дел од реалното такво преживување. Па на моменти сакаат да го задоволат егото со тоа што бар на момент ќе се најдат на позицијата на нивните шефови, нивните шефови на нивните шефови а тие така нагоре до бескрај на структуралната пирамида.
Реално ништо ново нема што да се научи од филмов освен тоа дека на покреативен и пофилозофски начин ни е прикажано секојдневието.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Кои филозофии, серија е.

Најреалниот дел и шамар од серијава е што овој копукот во главна улога е уште жив. Па и уште не му иде памет, се глупира ќе менувал он нешто. Едвај ја преживеа прва сезона, сите ликови беа поарни, попаметни и погрижливи луѓе од него, ама не, глупакот преживеа. Братучед му дури и сам си го збрца ножот во врат, наместо да го докрајчи овој и да си замине со парите.

Само чекам да видам дали ќе има логичен крај, или ќе заврши ко Money heist идиличниот, нестварен, надвор од секоја реалност, крај.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
747
Поени од реакции
2.141
Издоминира ликот,омилен од оваа сезона заедно со трудната.
Ја пред 3 години уште го осеќав има некоја длабока приказна. Сцената со брат му многу добро ја изглуми. Перфектно се служи со мимики, тоа е работа на лав сигурно има или барем месечина или Midheaven. (edit ракче бил со Месечина во вага како мојата) Тоа со трудната жена му е затоа што он првпат се пријавил да освои пари за лечење на неговата болна жена што исто чекала детенце. Тогаш победил ама за жал жена му починала пред крајот на играта и оттогаш не сакал да се врати во реалниот свет и научил како да напредува во играта за да стигне до нивото до коешто стигна. Првото соочување со реалниот свет му беше прва сезона кога брат му се појави, второто му е со бременава жена. Моја претпоставка е дека по 2 вакви соочувања нема да издржи 3 сезона и на негово место ќе дојде Ги Хун.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.438
Поени од реакции
28.732
Кои филозофии, серија е.
Ова ако на мојот пост се однесува пак ќе ти кажам дека е уствари филозофија на реални настани.

Walking Dead беше се освен зомби апокалипса. Кога сите свршаваа на тоа мантрите на Рик и Ниган кога се препуцаваа, јас ги користев и сеуште ги користам во секојдневен живот. И да 0 последици сум имал, има некои што се восхитуваат и чудат (секако тие неизживеаните што се ограничени ко тераси) и сеуште никој ми нема речено дека треба да снимам серија.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
747
Поени од реакции
2.141

Сценава ме направи парампарче.
Ако постои некоја духовна некомпромитирана правда, дечково највеќе заслужи да победи.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
984
Поени од реакции
1.278
Кои филозофии, серија е.

Најреалниот дел и шамар од серијава е што овој копукот во главна улога е уште жив. Па и уште не му иде памет, се глупира ќе менувал он нешто. Едвај ја преживеа прва сезона, сите ликови беа поарни, попаметни и погрижливи луѓе од него, ама не, глупакот преживеа. Братучед му дури и сам си го збрца ножот во врат, наместо да го докрајчи овој и да си замине со парите.

Само чекам да видам дали ќе има логичен крај, или ќе заврши ко Money heist идиличниот, нестварен, надвор од секоја реалност, крај.
Која е логикава, планов беше да се скријаат сите СИЛНИ момци шо беа овие за излегување од играва, и да им ги истепаат сите жени и послаби... ај реков можи со пушките че ги натераат и овие другиве да се борат заедно со нив, ко демократски ги прашаа само дали сакате и нормално никој од нив нејќеше. Госпо нека им е напомош трета сезона овие што преживеаја. Тој војникот психички нестабилен шо е и ова транџава, ама 2 наспрема 10 силни момци во реален свет ништо не можат.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Која е логикава, планов беше да се скријаат сите СИЛНИ момци шо беа овие за излегување од играва, и да им ги истепаат сите жени и послаби... ај реков можи со пушките че ги натераат и овие другиве да се борат заедно со нив, ко демократски ги прашаа само дали сакате и нормално никој од нив нејќеше. Госпо нека им е напомош трета сезона овие што преживеаја. Тој војникот психички нестабилен шо е и ова транџава, ама 2 наспрема 10 силни момци во реален свет ништо не можат.
Па нема логика, демек сакаше да ги спаси сите, ама мала жртва да се даде беше океј, онака лабаво. Нека ги колат овие другиве, што ти е гајле. Дури и овој главниов на игриве го потпраша уште еднаш, овој да, тој е планот. Епа и другар му појде ете, толку од планот.

Логичен крај овде е копукот да загине, заедно со уште колку и да се останати, еден да ги земе парите и наредна година се гледаме пак.
Може на друг остров, може ќе сменат игри, ама ако големиве сакаат, игрите ќе продолжат.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
984
Поени од реакции
1.278
Луѓе овој е нарцисист гаден, ги жртвуваше неспособни, слаби и стари луѓе, се криеја ко пички, за да после демократски ги прашаат тие што ги испотепаат длаи ќе се борите со нас, нормално дека ги одбијаа, мислев барем нив ќе ги отепаат и онака имаа пушки в раце. :)


Овој нарцисистов во претходната игра имаше премногу среќа, преглуп беше да му ебам сељакот.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Океј втора сезона, ама клишеа и драстично помал возбудлив/wtf фактор од прва сезона. Тапа крај.
Баш на првото гласање по прватља игра за дали да се продолжи иле не, одма се погодија да бидат еднакво поделени гласачите, дада, секако.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
984
Поени од реакции
1.278
Океј втора сезона, ама клишеа и драстично помал возбудлив/wtf фактор од прва сезона. Тапа крај.
Баш на првото гласање по прватља игра за дали да се продолжи иле не, одма се погодија да бидат еднакво поделени гласачите, дада, секако.
Факторот страв кај повеќето, да си одат дома е поарно и со тро пари в џеб..
 
Член од
22 август 2022
Мислења
747
Поени од реакции
2.141
Кога беше дуелот во првата сезона, Санг Во рече, вака кога бевме деца и ќе се заборавевме во играта, мајките ќе нѐ викнеа да се прибираме дома, а сега веќе никој не нѐ вика. Тој тогаш се откажа, не можеше да поднесе и тогаш всушност му ја препушти победата на Ги Хун. Не можеше да прифати да излезе од играта без пари. Ем парите како главен фокус, ем тој негов комплекс од неуспех тој негов перфекционизам секогаш да биде фален и најдобар го победија, не дека Ги Хун беше најсилен, или најумен или најспретен. Да не беше Али Абдул, немаше ни првата игра да ја помине. Вистинскиот победник беше Санг Во и тоа е уствари поентата, никогаш не е најљубезниот како Али, ниту најпаметниот и најсилниот како Санг Во. Победува храбриот, макар бил и налудничаво храбар, без основа, којшто е е заробен од стеги и којшто не се плаши да се бори да ги смени нештата. На крајот на краиштата, такви луѓе влегуваат во историјата. Тој се откажа и од ќерка му и од парите на некој начин (се откажа, во смисла да не му се единствена цел) и целосно беше посветен таму.

Ах, тоа гласање, апсолутно ништо не значи.
Тоа гласање им е само да им се потсмеат и да им докажат дека како лисицата што откако ќе сврти два круга, пак ќе се врати пред врата кај крзнарот, така и тие ќе изберат да продолжат. Затоа што, игрите се така создадени, да не можеш повторно да се вратиш во животот да се социјализираш како ништо да не било. Тој регрутерот самиот кажа, вие не сте луѓе, вие сте ѓубре и не заслужувате и не сте од никаква полза од овој свет. Покрај тоа и тие долгови. Тоа се такви долгови што веќе животот е речиси незамислив. И така е. Дури и тој што ќе победи, тешко ќе излезе од тој остров. Тој што ќе успее, веќе докажал дека е доволно вреден да преживее.

Памтам крајот на втората епизода кога се изгласа да престанат игрите после сите како со подвиена опашка се вратија, дури и на музиката ми текнува, омилено парче од саундтракот.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom