#SpreadTheTruth, секој ден, 21 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Момци и девојки, кајгана crew, твитер спамери и публикуме од надвор што сеир фаќаш(#влијателни). Moody ве известува дека нарeдниве два дена нема да се логира. Морам да се спремам за полагање иначе тешко ми се пишува од страна на професорица. Останете ми со здравје, силни и сплотени и со уште поголем елан и мотив.

#Спамираменаскоро

#spreadthetruth (y)
 
По нашите медиуми важни вести се тоа што Андонис Самарас го вратил мандатот и тоа што Штефан Муле не потапкал по рамо дека сме ги исполниле условите АМА,,, ,дека Катарски компании ЌЕ инвестираат во Македонија, :tapp:
После масакарот во Франција немаше ТВ или немаше медиум што не ја пренесуваа веста или анализи зошто се случило, како се случило,цели приказни, заговори, теории, дрн, дрн цел свет го раздрмаа со настанот.
А на нашите медиуми око не им трепнува, влада, политички партии, око не им трепнува што им се случува во сопствениот двор и како да се справиме со тоа:facepalm:,
Ама затоа пак знаеме дека Самарас го вратил мандатот:facepalm:
Во Франција нема вакви дегени , што незнаат за што протестираат . Нашите медиуми подобро е да си молчат оти најголемо влијание имаат врз народот , и секој си објавува вест онака како што му одговара , албанските vs македонските објавуваат за еден настан а кога ќе видиш ќе си речиш за сосема два ралични настани известуваат ... ете тоа се случува во оваа наша ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА :tapp:
 
Не одговоривте, дали да се обидеме кај Јанко?
 
Имаш право,ама мислиш дека сме доволни само НИЕ? Треба некако ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА да се разбуди и да ни се придружи. Место да гледаат оние срања од турски серии можат да твитнат 2-3 пати. Нема да ги заболи главата од тоа,а и башка ќе придонесат нешто. Затоа мора да најдеме начин на кој ќе ни се приклучат МНОГУ повеќе луѓе а посебно МАКЕДОНЦИ и со тоа ќе имаме многу поголеми шанси.
Ова е само мое мислење:)

Види, ако гледаме што прават другите нема да успееме. Сега се` што треба да направиме е да твитаме и да го шириме ова, а после некое време ќе ни се придружат и другите, лека - полека. Важно е што не се откажуваме ние на форумов. Да знаеш дека има многу луѓе кои не се регистрирани а ја читаат темава и препраќаат на други. Форумов е најдобро место за вакви иницијативи. Прво пробаа да залепат партиски етикети и да не поделат, кога видоа дека не им успева - се повлекоа. Сега треба малку време да се расчуе меѓу останатите.

Инаку, имаме поддржувачи. Еве, види, овие 300 страни не се пишуваат сами!
 
Не одговоривте, дали да се обидеме кај Јанко?

Мислам дека ако се обидуваме веќе кај него треба некој поконкретен линк да му дадеме а не како минатиот пат првата страна пошо очигледно се изгуби почна статистиките на леандра да ги чита :D
 
Не одговоривте, дали да се обидеме кај Јанко?

Јанко веќе објави за ова. Не знам за што пак да се обидуваме искрено.

Патем ако се демотивирате за акцијава, само видете колку прегледи има за толку кратко време, сосе темата за Смилковци. Има интерес за прашањево, не се секирајте. За два дена чим станавме трн во око некому, значи некој забележал што правиме.
 
Јанко веќе објави за ова. Не знам за што пак да се обидуваме искрено.

Патем ако се демотивирате за акцијава, само видете колку прегледи има за толку кратко време, сосе темата за Смилковци. Има интерес за прашањево, не се секирајте. За два дена чим станавме трн во око некому, значи некој забележал што правиме.

Знам, но овој пат да биде подетално, и да се спомне и за Twitter, еве баш сега збори за рамковниве т.е. нивните идни "протести" :rolleyes:
 
Сајонара од мене, не можам веќе, одам да одморам малку. :)
Се што треба контактирајте ги модераторите за да сменат саат и ден. :)
Чао.
 
Што мислите да го нападнеме малку Латас!! Гарант ке објави на летиС!!:pipi: И тоа ке го спакуе така да не им се свиѓа на БРАЌАТА....Чисто малку да останеме у форма...

НИКАКО. Латас за оваа работа нејќам да го видам. Поголема глупост од тоа Латас да земе некоја вест во раце, не може да се направи.
 
НИКАКО. Латас за оваа работа нејќам да го видам. Поголема глупост од тоа Латас да земе некоја вест во раце, не може да се направи.
Тоа и мене ми падна на памет затоа и го избришав постот :cenzura:
 
И мене сабајлево ми дојде таква идеја со Латас ама тој одма ќе не етикетира ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom