#SpreadTheTruth, секој ден, 21 часот

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Мамата ова ко за филм еј, перипетии се дешаваат, пречки, негативци, поддржувачи на негативците (влијателните)... кај е батето што отвори тема за филмски сценарија пред некој ден !? :icon_lol:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Има едно квадратче со лупа на него и курсорот од маусот кога ќе дојде на него и лево дугме на маус со десен показалец.
Аха ок така и мислев, сега ќе стиснам едно 1000000000 пати :DDDDDD
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ај некој нека ми објасни ако знае воопшто.. се работи за блокада од самиот твитер кон Македонија или цензура прави државата или пак е хакерски напад кој што ми е некако приказна за деца од пред школска возраст
Абе каков хакерски напад, еднаш на два дена се јавува оваа порака минимум, 3 години користам Твитер, не тропам глупости.
 

l33tz

Macedonian Security Crew
Член од
9 септември 2007
Мислења
84
Поени од реакции
34
А ти ја прочита темава?
24 часа се праќаа мејлови на сите можни светски медиуми. Твитер дојде како плус.
http://pastebin.com/cGw3s9WM Сигурно ... На сите...
Тоа е веќе завршена работа, нема медиум кој не ја доби веста за Македонија.
Дечки доволно е спамирање по медиуми и фб. Запрете секаков спам.
Ако се оправите Твитер кажете му Андреј да почека до 03ч да види што ќе се дешава:pos:
Цело време менувајте му го саатот, нека си очекуваат луѓето!
Само со спам се привлекува внимание ... А тоа е целта ...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Аха ок така и мислев, сега ќе стиснам едно 1000000000 пати :DDDDDD
Види сега смешно ти изгледа ама CNN на второ трето место беше за истата вест но со различно толкување што ја имаше Infowars :icon_lol:.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
43
Поени од реакции
25
Абе каков хакерски напад, еднаш на два дена се јавува оваа порака минимум, 3 години користам Твитер, не тропам глупости.
Така.. ја ти благодарам.. нов сум на ова чудо.. за потребите на оваа иницијатива го напраив па незнам баш што и како е процедурава овде :))
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.734
Поени од реакции
8.752
Се извинувам што ме немаше некое време, обврски.
Еве сега се пријавувам на фронтот, бањата, освежена, кило кафе, 2 кутии цигари.
Само да не ме јебе Твитер... :unsure:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
GoroGoro напиша:
Драги мои форумџии.

Вие вчера и денеска станавте дел од еден херојски и навистина историски настан, масовна македонска виртуелна акција за пораз на исламскиот радикализам и во МК а и во светски рамки како дел од државите на светот кои се борат со ова зло како и ние. Огромна почит кон сите вас и продолжете ја акцијата и денес со 22:00 твитање а од утре малку и одморете. Заслужено. И до следната акција.

Со оглед како медиумите функционираат и се затрупани со вести од цел свет медиумската кампања беше крајно успешна со CNN Ireport како врв на успехот. Во смисла на објавување вести медиумите секако имаат краток фокусна внимание и за нив ова веќе денес е yesterday’s news. Поголем е успехот е што нашиот глас го слушнаа влијателни уредници, новинари на кои ќе им остане во сеќавање за користење во идни написи таканаречени споровозни материјали каде што ова пто им го дадовте ќе игра улога во формирањето на нивното мение и пристап кон темата.

Мислам денес најкорисно е да се продолжи какои што и планирате со преминување на фокусот кон блогерај, ФБ, твитер итд. Верувајте дека социјалните мрежи стануваат и повлијателни од самите медиуми кои постепено ја губат монополната позиција во владеењето со информацијата.

Чувајте ги врските, мрежите, контактите со други портали, организации, линкови и адреси за брзо распространување информации до голем број медиуми, блогови и социјални мрежи. Ќе има можности и потреба за вакви брзи реакција и во иднина можеби. Користете и експонирајте ги сите слабости на овие радикали, пишувајте не долго а ефектно, прваете концизни видеа, користете највпечатливи фотографии кои сами раскажуваат приказна, користете факти и благ и неутрален јазик прифатлив за увото на цивилизираниот слушател како што мудро правевте и вчера и денес.

Голема благодарност што ја ставивте Македонија и нас на мапата на светот во контекст на културни цивилизирани напредни и толерантни луѓе како што сме и какви што ќе си останиме. Ги осветливте ликовите на загинатите деца и ги им дадовме помен во очите на светот не само како невини жртви туку и по играта на случајот наши херои кои се запишани со крв во нашава историја.

Исламските радикали ќе бидат поразени и кај нас како што ќе бидат поразени и во целиот свет. Вие само им ја пренесовте на целиот свет сликата која е реална и која исламските радикали сами си ја создадоа на вчерашниот протест кога сами си се упукаа жестоко во нога. Имаат право да се лутат, сами на себе. И тие џихадистите и водачите на чело кои не се повеќе од 50тина и кои полицијата треба да ги затвори како превенција на терористички акции а и тие останатите кои беа заблудени, искористени и злоупотребени да застанат зад знамето на Џихадот. После ова бламирање и радикалите а и заблудените ќе се замислат на кого ќе му даваат подршка во глобалново село кога се се гледа. Тоа е и успехот на вашата акција. Одделување на доброто од злото.

Тука однапред да подвлечам, ги ставам само исламските радикали а не и Албанците или било кој муслиман. Нашата акција треба да биде насочена кон Џихадистите а не кон сите, ние нема да викаме смрт за Албанци затоа што тие викаат смрт за Каурите. Ние сме повисоко од тоа. И Гоце не убивал турски селани а убивал зулумџии и војници. Тоа нас не прави морални победници, Гоцева раса, тоа што никому не сме му наштетиле, никого не сме убиле, а и во момент на најмонструозниот масакр во историјата на Македонија бевме доволно силни и големи да бараме само законска казна за монструмите и таа да биде потврдена со докази и да настрадаат точно убијците а не невини луѓе. Верувајте, имам муслимани како многу блиски мои луѓе кои не можат да ги смислат овие радикали и кои се грозат од тоа што група дебили им го урива реномето на една цела религија. Не ги ставајте во ист кош сите, тие заслужуваат да бидат третирани како тоа што и се, добри луѓе муслимани. Тоа е најважната порака до нив.

Ако вака размислуваме и не паѓаме на нивото на секој последен талибанец, така и ќе ја добиеме медиумската битка и битката за срцата на граѓаните во светот и на медиумите и уредниците и на политичарите што ќе ни биде најголема и најважна победа.

Со тоа покрај што ке излеземе морални победници затоа што сме во право туку и ќе обезбедиме меѓународни симпатии и подршка за нашите правилни определби за мир. Со тоа ќе им дадеме простор на нашите институции да се справуваат со водачите на овие џихадисти кои под тие 1,500 не се повеќе од 20 до 30 луѓе со нивно итно апсење во рамките на превенција на тероризам. Со тоа ќе им дадеме шанса на заблудените од вчерашните кои не се исламски радикали да се дистаницраат од овие кои им вееја Џихад знамиња напред. А со тоа и ќе ја добиеме и целосната битка за нашата Македонија во која секој ќе се чувствува дома а секој џихадист ќе се чувствува прогонет додека на крајот не го снема и последниот од нив.

Ако, ако, сите праведни напори паднат на глуви уши кај заблудените кои имаат шанса да бидат на страната на мирољубивите и човечните сили во овој свет и сите напори не успеат и ако ги ескалираат нападите, ќе одиме гора зелена и пак ќе ги поразиме до последен. Но јас верувам во својата држава, во мудроста, знаењето и умеењето на оваа генерација и мислам дека битката ја добиваме на цивилизиран начин, преку институциите на нашава земја и преку напорите како што оваа херојска група на кајгана.com ги направи вчера и денес за обезбедување на подршката на целиот цивилизиран свет. Сме биле и ќе бидиме свои на своето, сите ние добри луѓе што живееме во Македонија .
Драги мои форумџии задолжително прочитајте го ова.
Конечно Македонците да се обединат во нешто. Ви благодарам што бевте дел од оваа акција. Чувајте ги адресите ќе ни бидат потребни во следна друга акција за брза интервенција. Акцијата за откривање на лицемерството продолжува на Твитер. Прекинете со спамови до медиуми. Раширете ги видеата во кој најубаво се објаснува нашата ситуација. Одморете, насмејте се со хипстерите кои ве сметаат за неписмени и вмровци/сдсмовци. Останете со ладни глави, ние сме за мир.
Вие сте прекрасни луѓе!
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Кај мене е ок, ама многу е спор, нешто налик на стара бабичка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom