Спотови кои ве нервираат

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Just Lose It oд ропакот Еминем. Беден обид да се дискредитира и омаловажи големината и влијанието на Кралот на поп музиката од страна на еден уличар.

Дали истово ќе го напишеше доколку Мајкл беше жив и на никој не му беше гајле за него, и по весниците одеа статии како тој повторно е обвинет за злоупотреба на деца!?
ЕМИНЕМ секогаш реметел луѓе кои не му се свиѓаат во неговите спотови. Тука станува збор за ЛИЧЕН став на Еминем.
И да бидеме искрени, Џексон стана карикатура од човек.

Инаку на темава... одамна не сум видел лош спот.
 
Се согласувам со тебе дека во последно време ретко се гледаат лоши спотови. Дури и нашиве музичари почнаа да прават солидни спотови. ;)

Но за првото што го кажа, точно Еминем си е Еминем, но има луѓе кои го сакаа и почитуваа Мајкл без разлика на се' и на кои не им е сеедно кога некој ќе го ремети низ песни. Има теми за Џексон на форумов пред негова смрт, каде можеш да го видиш тоа.
 
Дали истово ќе го напишеше доколку Мајкл беше жив и на никој не му беше гајле за него, и по весниците одеа статии како тој повторно е обвинет за злоупотреба на деца!?
ЕМИНЕМ секогаш реметел луѓе кои не му се свиѓаат во неговите спотови. Тука станува збор за ЛИЧЕН став на Еминем.
И да бидеме искрени, Џексон стана карикатура од човек.

Инаку на темава... одамна не сум видел лош спот.

Да истото го напишав додека Мајкл беше жив. За истиот Еминем. За мене Џексон е легенда и Крал на поп музиката и додека беше жив. Да не ви цитирам постови барем за тоа.

А еве ти цитат за Еминем што сум го напишал:
Абе може да сум ама тоа си е мој личен став, на почетокот имаше добри песни од албумот Don't Call Me Marshall ама после многу почна да сере за сиве пејачи (Бритни, Кристина Агилера, Џенет и Мајкл Џексон), а испаѓа дека ни самиот не е подобар од нив (во приватен живот). Не му судам јас и не можам да му судам, само господ може да му пресуди.
 
Јеее... ми текна на еден спот што ме нервира :)
Трифке и Александар - Срце тетовирано :)
 
Just Lose It oд ропакот Еминем. Беден обид да се дискредитира и омаловажи големината и влијанието на Кралот на поп музиката од страна на еден уличар.
Ќе го кажеше ова ако не умреше Мајкл?

Тончи ме претрка... :(
 
Дај бе не замарај читај погоре шо сум напишал и времето кога е напишано!
Време на мислењето... вчера, 20:52 или 15 јули 2009 и ај да не ме наведе на тоа да мислам.
 
Специјално за тебе Марко, по втор пат. Мои цитати и погледи околу Еминем:
Типов ми е одвратен, направи песни против сите пејачи и ги исмеа, а тој самиот е за никаде.

Абе може да сум ама тоа си е мој личен став, на почетокот имаше добри песни од албумот Don't Call Me Marshall ама после многу почна да сере за сиве пејачи (Бритни, Кристина Агилера, Џенет и Мајкл Џексон), а испаѓа дека ни самиот не е подобар од нив (во приватен живот). Не му судам јас и не можам да му судам, само господ може да му пресуди.

Можеш и десно од корисничкото име, на стрелката да си кликнеш да го видиш точното време на цитатите, ако ти е тешко јас ќе ти кажам:
Првото мислење: 24-01-09, 01:23
Второто мислење: 24-01-09, 01:56

Мислам дека сега ти стана појасно.
 
К-Тим по којзнае кој пат се докажа дека воопшто не ја бива за спотови.
Ги прави ужасни, и нервирачки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom