Според вас кое е најдобро мало градско возило-АНКЕТА

  • Креатор на темата Креатор на темата _master
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобро половно градско возило

  • Opel Corsa B

    Гласови: 7 9,9%
  • Renault Clio

    Гласови: 4 5,6%
  • Vw Lupo

    Гласови: 1 1,4%
  • Peugeot 206

    Гласови: 5 7,0%
  • Citroen Saxo

    Гласови: 2 2,8%
  • Opel Corsa C

    Гласови: 9 12,7%
  • Renault Twingo

    Гласови: 2 2,8%
  • Fiat Punto

    Гласови: 12 16,9%
  • Vw Polo

    Гласови: 27 38,0%
  • Daewoo Matiz

    Гласови: 2 2,8%

  • Вкупно гласачи
    71
како љубител на французи, и малтене брат со рено, сепак гласав за пежото... твингото е едно од нај шупачките коли произведени воопшто, па нек е и од рено... грдо си е грдо...
 
како љубител на французи, и малтене брат со рено, сепак гласав за пежото... твингото е едно од нај шупачките коли произведени воопшто, па нек е и од рено... грдо си е грдо...

Многу е грдо ама имав прилика да возам едно доста стартно брзо и удобнно возило е.
 
Сум возел Твинго 2000та не знам што мотор имаше ама колата колку е грда толку е брза, економична и удобна + ако ја бувнеш на плин4е поефтино ке те фати него кола на струја да возиш :) . Добро де така иде зборот...
Инаку гласав пред некој ден, мислам дека за Пунтото.
Што знам тоа полото ми е антика изгледот од електроника има светла и бришачи а кога станува збор за комфор, можам да го сместам на едно место над Југото. Инаку што се мали потрошувачи се нема збор, ама затоа и пунтото 1.2 исто толку троши деловите му се иста цена а изгледот му е каде каде подобар од полото.
Пежото е добро ама 206ка испод 3000 евра здрава не ја наоѓаш, додека другите возила се некаде до 2500 евра регистрирани.
 
многу е ,за тие пари xsara ќе најдам, покомотна,поубава на изглед,поудобна за брзина незнам.. Исто и тигра

Споредуваш Ксара со Тигра ?! Тиграта е „спортска верзија“ од Корсата, носи ист мотор а за удобност да не збориме. Поубаво пешки ке одам.
 
Споредуваш Ксара со Тигра ?! Тиграта е „спортска верзија“ од Корсата, носи ист мотор а за удобност да не збориме. Поубаво пешки ке одам.

Ja за пунто сум рекол, не тигра прочитај поубаво.. А нит па Тиграта нит па корсата е поудобна од Корсата
 
Smart... 0.8 CDi, ем малку троши, ем секаде го бери да го паркираш. Удобност и пространост не барајте од градските возила, наменети се да те однесат од точка А до точка Б за најмалку пари, притоа растојанието од А до Б да не е поголемо од 20 км.
 
Многу е грдо ама имав прилика да возам едно доста стартно брзо и удобнно возило е.

Се слагам, удобно е у пм, а и конфорно како за мало возило,а мене па и не ми е толку грдо
 
Што знам тоа полото ми е антика изгледот од електроника има светла и бришачи а кога станува збор за комфор, можам да го сместам на едно место над Југото. Инаку што се мали потрошувачи се нема збор, ама затоа и пунтото 1.2 исто толку троши деловите му се иста цена а изгледот му е каде каде подобар од полото.

Зависи од која година Поло си гледал, јас имам ново Поло и има многу повеќе од светла и бришачи. Споредбата со југото ќе ја изигнорирам во име на хуманоста :)
Пунтото во споредба со полото ми е мене далеку погрдо и дизајнот е без врска, како киндер јајце ми изгледа пунтото, а за квалитетот и трајноста на деловите воопшто нема споредба.

Smart... 0.8 CDi, ем малку троши, ем секаде го бери да го паркираш. Удобност и пространост не барајте од градските возила, наменети се да те однесат од точка А до точка Б за најмалку пари, притоа растојанието од А до Б да не е поголемо од 20 км.

Со полото стигнав до Берлин и назад, сред зима и снегови и ништо не ми фалеше :) Се' зависи од тоа колку луѓе се возат внатре и кои ти се очекувањата од колата :toe:
 
Со полото стигнав до Берлин и назад, сред зима и снегови и ништо не ми фалеше :) Се' зависи од тоа колку луѓе се возат внатре и кои ти се очекувањата од колата :toe:
E арно де... и со Смарт можиш истото да го направиш. 90% од возилата се донесени со возење.

Еве јас што ќе ти спомнам... пример кога јас би имал можност да одам до Берлин, ако сигурно ќе сакам да купам два пара скии од таму. Нити во поло нити во смарт неможиш да ги сместиш. Ако одиш на 3 недели, две торби со облека треба некаде да спакуваш, во смарт незнам кај ќе ги клајш.
 
Македонска работа :) Сакаме возило за на автопат/фамилијарно/градско :) Епа нема такво нешто.
Научени кутрите од Фичовци, Југовци и сл. возила кои беа наменети за се :)
 
Не е македонска работа... баш заради големината, мразам пикавци. Ама кога веќе треба да одбирам, го бирам најмалиот, нема да го возиш по автопат, стриктно за низ град.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom