Шведо, ниту ја знам Ана, ниту ја познавам, ама примерот нема врска со темава.
Точно е дека има луѓе кои се наоѓале (се наоѓаат) во таква состојба каква што опиша. Но, во никој случај не станува збор за split personality disorder. Во примерот, девојката претходно сигурно била повредена и со намалена доверба, можеби и во депресија, па поставила ѕидови околу себе за да се заштити од болка додека ги излечи раните. Секој во животот може да се најде во таква состојба и најдобро е личноста да ја оставиш на раат за сама да се опушти, сама да посака некој да и` ја врати довербата. Џабе би бил сиот твој труд ако таа не сака ти да бидеш тој човек кој ќе ја ослободи, па само ќе се одбиваш од ѕидовите кои ги изградила. И автоматски и кај тебе се создава незадоволство што нема да наидуваш на позитивни резултати, а и кај нејзе што по којзнае кој пат ќе се труди да ти црта дека треба да се тргнеш.
А и не мора да е во некоја посебна состојба за да се однесува некој кон тебе (или кон било кој друг) вака како во примерот. Ако веќе не знае на кој начин некој да ти каже дека треба да се тргнеш од неговиот живот, може да се обиде со поставување бариери.
Значи, повеќето како што кажаа, кај Ана не станува збор за болест. И со тоа, нема потреба да дискутираме за приказнава и за очигледната огорченост која се родила во тебе затоа што Ана те оттурнувала од себе (причина за отворањето на темава).
И, конечно, да се вратиме на насловот. Освен Ада, има некој да каже нешто конкретно за темава?
