Длабоко, длабоко...Пошо идеме мак на конац еве малку цепидлачење, или позвучно, објективен enlightenment time...
Раздвоена личност е релативно ретко дисасоцијативно пореметување во кое вообичаениот интегритет на личноста се раздвојува, и две или повеќе независни личности излагаат на површина.
Нема категорија или феномен во психијатријата наречен раздвоена личност. Терминот вообичаено се употребува во конвенционалниот јазик за да индицира на контрадикторни или драстично флуктуирачки типови на однесување во стилот на Џекил и Хајд (фак тоа ми беше потпис под никот едно време). Често се поистоветува со шизофренија затоа што етимологијата на грчкиот збор schizein значи да се раздвои a phren значи разум, што погрешно сугерира дека шизофренијата е еден тип на раздвојување на личноста. Сепак, во шизофренијата раздвојувањето е во склоп на единствена персоналност, односно, мислите, чувствата и емоциите на индивидуата се збунивачки одделени едни од други на хаотичен и произволен начин. Шизофрениците, далеку од тоа дека имаат раздвоени или повеќе личности, всушност имаат голема потешкотија да ја одршат кохереницајата и интегритетот дури на едно единствено јас, а камо ли на повеќе.
Да тупам уше?...Ај ќе продужам со друг извор(God bless the world wide web)
Сиптоми(не ги измислив јас, него се признати од официјалното американско здружение за ментални болести)
- Повеќе личности, во просек 10, иако може да варираат помеѓу 2 и 100.
-Демонстрација на различни личности, однесувања, дури и физички појави.
-Епизоди на амнезија или губиток на чувство за време(на пример, не паметат луѓе, места, итн.)
-Често се депресивни или суицидални.
-Само-повредувањето е честа појава.
-1/3 од пациентите искусуваат визуелни или слуховни халуцинации.
-Просечната возраст за развој на алтер-личности е 5.9 години.
-Неможност да се фокусираат на училиште(како деца)
-Проблеми со однесување дисциплина(особено како деца)
За да на некој клинички му се дијагностицира СРЛ, потребно е да бидат идентификувани следниве симпроми:
-Присуството на најмалку две одделни личности со нивни сопствени, трајни шеми на сензорно дошивување, размислување, и поврзување со себе и околината.
-Најмалку две личности превземаат контрола наизменично.
-Екстензивна неможност да се сеќаваат на лични информации(која неможе да се препише на конвенционална заборавеност)
-Состојбата да не биде директно поврзана од злоупотреба на супстанци или општа медицинска сосотојба.
А за сите кои се желни да им пружат спас на овие особи, нека им помогнат со психотерапија во комбинација со хипноза. Стручњаците не предвидуваат медикаменти за третман на оваа состојба.
Now, do the math
