Спиењето стана демоде?

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Возраст
36
Откако не успеаа да најдат начин да го продолжат регуларното траење на едно дено-ноќие,научниците се свртеа кон хакирање на човечкиот организам,кој во иднина ќе може да преживее со само два часа спиење дневно.

Според магазинот "New Scientist",новите лајфстајл таблети треба да им овозможат на луѓето да спијат подлабоко и погусто.по што тие ќе се чувствуваат посвежо и поодморено отколку од регуларен сон.Пилулите дури можат да им помогнат на луѓето да не спијат и по неколку дена по ред.
 
Хехехех
закон.
Баш супер ако е така. Само ова може да му наштети на човекот т.е здравјето или не?
 
Од секоја дрога се умира порано или подоцна, затоа спијте си по 8 саати и не му ја мислете многу многу :)

Концептот е интересен, но може да се имплементира само во научно-фантастично дело.
 
ц ц ц демоде??? ватс некст? сакаат најголемото задоволство да ми го скратат... нишо не може да замени 8-10 часа спиење...
 
:shok:
Шо нема да измислат, на крај у машини ќе не претворат. Бог да чува. И ја некад сакам да можам да спијам помалку (а голема спанка сум) и да иам поише време за други работи, ама ова, НЕ фала.:ne:
Неприродно и нездраво. :star:
 
sch00lGirL напиша:
Откако не успеаа да најдат начин да го продолжат регуларното траење на едно дено-ноќие,научниците се свртеа кон хакирање на човечкиот организам,кој во иднина ќе може да преживее со само два часа спиење дневно.

Според магазинот "New Scientist",новите лајфстајл таблети треба да им овозможат на луѓето да спијат подлабоко и погусто.по што тие ќе се чувствуваат посвежо и поодморено отколку од регуларен сон.Пилулите дури можат да им помогнат на луѓето да не спијат и по неколку дена по ред.

ejj nejkam nesto vakvo da se desi :) kje mi go unistat moeto hobi
;(
 
Tonchie напиша:
Од секоја дрога се умира порано или подоцна, затоа спијте си по 8 саати и не му ја мислете многу многу :)

Концептот е интересен, но може да се имплементира само во научно-фантастично дело.
не ти е добра математикава..
ако успееш да скратиш дел од твојот живот колкав че биде тој дел.. пошто ако заштдуваш 6 часа дневно тоа доаѓа околу 1/4 од денот значи продол`ување на живеењето за 1/4 но не на животот што следи до побрза промена на генерации а сепак сите млади.. па и да е дрога се додека не скратува појче од 1/4 тогаш и не е на одмет
 
Бљак.... ако спијам ке спијам.... не дека многу спијам.... зависи.... но јас да се дрогирам со некои таблети.... тоа не е нормално... не е природно... и гарант не е здраво.... јасно е дека секој сака да си име повеќе време во денот.... па некој си крати малку од спиењето но на навков начин сигурно дека нема да има баш некој убав ефект на самото тело.
 
Точно е Еко, замисли колкави подочњаци ќе се појават меѓу луѓето, ја не можам да замислам :)

Инаку тврдењето дека ке бидеме постојано млади така (умираш пред да остариш), не држи вода... ке бидеме млади, но и грди, како џанаци у криза.
 
Ама нели појче време за секс. И вели исто така одморен ќе си, шо му доѓе без подочњаци, нели.
 
Абе реклама си е реклама... то е јасно :icon_lol: ... а што се однесува до секс.... за тоа секогач се најдува време.... нели? :icon_lol:
 
Tonchie напиша:
Инаку тврдењето дека ке бидеме постојано млади така (умираш пред да остариш), не држи вода... ке бидеме млади, но и грди, како џанаци у криза.

6 часа плус во денот тоа ти е продолжувањене за 1/4, тоа не е малце
 
Да де... и по некое време ке измислат и пилули да не мора да јадеш.... па пилули за вода.... и тнт... и ко ме му ја седнеме од сабајле.... лапај пилули.... имај 24 саати од денот "слободни" и биди си "здрав, одморен и нормален" :lud: :lud: :lud: :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom