Во втора година средно(тоа беше после војната, 2001.година) бевме собрани кај еден другар кој живее веднаш во следната зграда до мојата за прослава на Нова година. Бевме друштво од вкупно 5 души,сите деца, прва и втора средно. Кога помина 12 часот сакавме да се префрлиме кај еден друг другар кој праеше баеги поголема журка од нашата мизерна а живееше во куќа преку улица. Најмногу сакавме да идеме поради фактот што бевме само машки, нешто како геј дочек за Нова година ни беше
Се упативме накај другарот и не знам поради кои причини, можеби на некој му пречеше дека пеевме македонски песни на Битпазар не пресретнаа 10+ души, од афект и страв не ни памтам точно колку беа и не нападнаа.Памтам убаво дека еден од нив имаше качкет со натпис УЧК. Другарите имаа среќа да избегаат, а јас завршив на тротоарот,склопен со рацете бранејќи се од шутевите и боксовите кои доаѓаа од сите страни. Не знам колку време ме шутираа, мене ми личеше дека тоа е цела вечност, тоа беше вистински пекол и агонија. Одеднаш се престана и се разбегаа копилињата, а кон мене се приближи еден средовечен човек(да,Албанец беше) кој ме праша како сум и со понуда да ме однесе во болница. Јас не сакав, се сомневав дека тој е од групата дечки,но тој ме убедуваше дека многу повреди имам на лицето и дека мора да ме однесе во Градска болница. Ме качи во кола, ме однесе таму и кога ме соблекоа цел видоа дека имам и две убодни рани од нож,покрај повредите на лицето. Едната на неполн сантим од 'рбетниот столб и една во левиот бубрег. Не сум ги ни осетил убодите, веројатно од адреналин преголем, а раните со оглед на локацијата(се знае кај се мава нож кога сакаш некој да убиеш или засекогаш оштетиш) беа со намера или да бидам убиен или да останам тежок инвалид. За среќа и инает на гнасните копилиња, преживеав и тоа без никакви последици.
Да не беше човекот кој возел од Чаир за накај дома и застанал да види што се случува и да не беше Албанец можеби и ќе ја оствареа целта. Не ги најдоа, нормално, се прашувам дали некој и се замараше од полиција со мојот случај. Благодарение на човекот, со кого и ден денес сме во контакт и добри односи, јас сум денес жив, тој ми пружи втора шанса за живот.