- Член од
- 29 март 2012
- Мислења
- 1.370
- Поени од реакции
- 1.235
РФМ и Шундовски во пакет за збогум…Червар би играл за МЕДАЛ!
Од sportarena1 / јануари 21, 2013 / Нема коментари
Дилудијумот меѓу Србија и Шпанија не се искористи за повисоко место на ѕвезденото небо…резултатите се како Немезис, го наградуваат доброто, го казнуваат лошото.
За казни нема простор, треба да им се честита на сработеното и за тоа што на овој народ му пружија моменти на неизмерна радост во Ниш и Белград, а за тоа што Севиља и Барселона беа само атонична, неуспешна реприза…на ред е збогум, толку било, повеќе очигледно оваа ракометна структура не може.
Ред е да се обидат други.
Можеби ракометарите ќе излезат после оваа шпанска епизода со нешто повеќе, можеби отворено ќе кажат, како што капитенот Лазаров најави, за се што имаа недоразбирање со Ракометната федерација. Веројатно не беа само неисплатените премии тема.
Не треба многу мудрување, организациски ова раководство веќе не може да го следи капацитетот на играчкиот состав, затоа без натегање, достоинствено Начевски и Михајловски треба да заминат. За да не се дојде до момент кога ќе треба некој да ги брка.
Сметка секако ќе треба да положат, од тоа нема бегање, за лошото менаџирање, за лошата организација и раководење кое датира од порано, не од сега.
Во тој пакет треба да е и селекторот Шундовски, но не во ист кош. Шундовски даде се од себе, толку е капацитетот, и да сака повеќе не може. Можеме сега да му ги редиме мааните во водењето и тактиката колку сакаме, ама не е ред. Зенитот го достигна на Европското, дека тоа му е врвот, со сите маани, знаеа многумина, посебно ракометните стручњаци, сега да му ги лепиме на човекот е малку невкусно. А има што да се каже, не дека нема, за изборот, за тактиката, за анализата. Затоа, фала му, ама доста е.
Иднина има секако, има нов кадар, му треба само шанса и простор. Низ Скопје се вртат муабетите дека човек за врвни достигнувања има…Червар со македонскиот пасош е селектор за медал. Ако е вистина, а нема зошто да не им се верува на едно потесно ракометно друштво, во тесен круг Червар кажал дека со македонскиот играчки кадар тој би играл… ЗА МЕДАЛ, веднаш, на следното европско…ама не со оваа и ваква ракометна структура.
Расположение кај големиот ракометен стручњак има…а, медал сакаме!
http://sportarena.mk/rfm-i-shundovski-vo-paket-za-zbogum-chervar-bi-igral-za-medal/
Дали би освоеле медал доколку беше Червар место Шутко - па не верувам баш...
Но во една работа сум 100% сигурен,со него ќе стигневме барем 1/4 финале.А зашто и не би кога Червар со истиве овие играчи остварува резултати во ЛШ.
Во целиот ростер го нема Вугринец но затоа го има Кире.Го нема Ракчевиќ но затоа го има феноменалниот Столе.Јас би рекол дека репкава ни е и поквалитетна од Металург.Епа зашто нема резултати?Јасно е ко ден,играчите во напад се тотално безидејни пошто нема кој да им каже како да играат доколку не оди.Затоа и прават по 15 тех. по натпревар кои завршуваат во нашата мрежа.
ШУНДО ОДИ СИ.......
Во право си! И 1/8 ќе се задоволев ако видев игра кај нашите ракометари,но друѓите биле подобри па не победувале, но лицето беше тотално изгубени, технички грешки се споредуваат со аматерските екипи на Австралија... Удари од 9м очај, и се ради таа ебена лева страна! Да ти стои играч како Ристо на располагање, а ти да несакаш да го земеш ни да го пробаш е во најмала рака ГРЕВ, КРИМИНАЛ ! Кое подмладување Киро го виде живти се и Стевчо со неговите 40 години ќе трчаше ко Манасков. Реалниот проблем ни е шутот од далечина од 9м. Нека земат статистика малку да видат!Шундо тикварот кој носи по три пикери и крила за на трибина нека отвори тоа статистиката!
Да си оди Шундо, нема никакви оправдувања! И со наредниот селектор несакам да ги видам овие братско/роднински врски во репрезентација освен ако не е заслужено!