Еве еден мизерен пост, за овој мизерен меч.
Две мизерни екипи а мечот го доби онаа која беше помалку мизерна.
Меч кој одма треба да го заборават и да учат од грешките.
Доста беа технички грешки, неможеш да очекуваш да победиш ако имаш по 15 изгубени топки на меч...
Никаква идеја во нападот, што е и реалност со оглед на тоа што бековите ни стареат а замени немаме. Допрва ќе го јадеме стапот.
Манасков и Борко одлични, да не беа они ќе беше поголем поразот...
Столе и Кире добро функционираа во првиот дел, во второво Столе го одмараа пошто го потепаа и со Ванчо не одеше баш подмачкано а и ја прочитаа нашата единствена акција...
Од Кире сум задоволен што конечно не троши многу топки. Задоволен сум од неговиот денешен меч.
Одиме понатаму.