Натпревар со многу грешки, каде победи екипата која помалку грешеше !
Добра одбрана изигра Исланд, не мрднавме до 7-8 минута, до негде и нападот ни беше безвеза, ама сепак добра одбрана цел меч изигра Исланд, исто така и ние не бевме лоши, за нападите често преку контри на Манасков се одеше кој изигра одлично на овој меч !
Овај Исланд ко не го победивме, нема шо да бараме во наредните прилики со Исланд ! И тие доста грешки имаја, се одеше преку Сигурдсон на нивните напади кој беше најефикасен !
Кај нас Борко ако не беше, ќе го јадевме сигурно со 10 разлика, тој и Манасков најдобри изиграја, Стоилов исто беше добар првото полувреме, второто не влезе. Димовски не е лош, знај да изнуди пенал, две минути, но Столе мислам дека треба пред него да игра, а Никола Марковски незнам зошто го зеле

Одиме со 3 пикери а 1 лево крило БРАВО МАКЕДОНИЈО !!!
Наумче дрво, тупец !!! Колку само аматерски изигра, чоек ќе мисли дека игра негде во 2 лига, 300 пробивања напрај !!
Миркуловски од ко влезе можи добивме на одбрана повеќе, исто напрај и неколку добри влезови. Треба поќе да се форсира Миркуловски !!!
Лазаров добро е шо се прибра самиот, не греши многу, нема многу изгубени топки, оди повеќе на додавања, но треба и да шутира во некои ситуации, нормално дека на негатива од 2-3 гола екипата чека од најдобриот, плус како капитен треба да ја превземи одговорноста, до душа денес неколку пати имаше фластер на него !
Друга работа, сега ќе дават изјави
ТРЕБА НЕШТО ДА ПРОМЕНИМЕ ВО ИГРАТА - ПА ФАЛА БОГУ сите ве научија како играте, арно некој напиша неколку страни назад дека играме ракомет од пред 30 години !!!
Чекаме до пасивен напад и после како пијани кокошки се сите или пробивање прат или шутираат од 10 метри, некој после ќе речи така се игра на Балканот - МА НЕМОЈ !
Гледајте ги малку Србија, Црна Гора и ќе ви биди јасно, мора малку да се убрза играта...