СП Ракомет: Maкедонија - Исланд 15.01.2013 18:00 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    183
Статус
Затворена за нови мислења.
леле се сеќавам јас кога игравме со исланд во кваликвикациите за ЕП, кога борко одбрани пенал и отидовме да освоиме 5то место :)
Ти или слабо се сеќаваш или тогаш беше многу мал па ич не се сеќаваш...тогаш игравме со Португалија.
Инаку како непоправлив оптимист сметам дека...можеби малку тешко...но сепак ќе ги добиеме овие заледениве...и така премногу ни должат од последниве 15-20 години.
Не навлегувам како 103,2 % од вас кој само за тоа зборуваат, во тактиката и начинот на водење на репрезентација...си има за тоа селектор и тренери(ми се допаѓале мене или не тоа е друга приказана) кој си се таму е треба да направат се како би покажале што подобра игра и би имале подобри резултати.
Формава на нашиве оди во нагорна линија...тоа е очигледно и сигурен сум дека во мечот со Исланд а и во тој потоа со Русија ќе го покажат вистинското лице и ќе си прокнижиме уште 4 бода.
и за крај...како што се слуша на тајмаутите на нашава ни репрезентација

ЗА КОГО,за македонија
.
.
.
у ствари тоа би требало да биде

ЗА КОГО,ЗА МАКЕДОНИЈА
 
Јас претходните пати гласав за Чиле и Катар и си тепавме како луѓе. Требало да ги ставите Исланд , сега ќе се чудите ако изгубиме што е работата.

Шала на страна , ја искрено се надевам дека нашите се праат мутави и дека ова им е тактика. 29 гола просек да примиш од Ш-состави е ужас.

Борко дремеше првите 2 меча (денес додуша фати нешто на крај), се надевам ќе му оди против Исланд , и да не се филма толку на одбранетите удари .
 
Цитро дај не заебавај , дај стави Исланд , да си гласам за Исланд !!!
 
Мора да влеземе многу претпазливо со Исланд и така да биде 60 минути а не да се губат на моменти.
Денес прво полувреме газеа ама после што кур се деси бе?

На секој тајм аут се тркалам од смеење еј,значи ваква легенда од тренер немало нит ќе има :pos::pos:

Штета што квалитетот на моменталнава репрезентација не може да го достигне врвот со шутракот,баш денес коа беше најжустро и коа се доближија ептен овие од Катар тој место да даде некој добар совет,нешто што ќе ги мотивира играчите тој земал вика : Ајде немој да примите гол,немој немој...
Па добро бе маме му ебам што праиш Дундо? Добар си?
 
Џенка, не заебавај бе, не биди како Сител и ти, уште од сега да ни пишеш победа...
Има и такви кои навиваат за Исланд. Ја корегирав анкетата, сега може да се гласа за двете репрезентации :)
 
Џенка, не заебавај бе, не биди како Сител и ти, уште од сега да ни пишеш победа... Има и такви кои навиваат за Исланд, како мене. Ја корегирав анкетата, сега може да се гласа за двете репрезентации :)
Знам де, ќе ја вратев, за заебанција 10-15 мин фала богу :)))))))
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom