ајде нека даваат хенди од едно 7,5 да ја лупам на контра. то би бил тип на денот!
инаку, од ова шо го видов денес, пласман во 1/8 финале би било премија. не го велам само заради инает или сл. туку заради повеќе настани кои претходеа на денешниот ден.
1.немавме никакви припреми. не се оди на ЕП или СП со една недела заеднички припреми и 3 пријателски. то не е нималку сериозно од репрезентација како нашата.
2.немаме ништо ново на тактички план, со кој можиме некого да изненадиме. лани сите не потценија, па зато и се пласиравме кај шо се пласиравме, но мора и тогаш да се има предвид дека СРБИЈА НИ ЈА ДАДЕ УТАКМИЦАТА, инаку ќе бевме многу подолу. сега сите ги знаат нашите слабости и во одбрана и во напад, а нашиве на уши си седеа и ништо не презедоа. е то ќе се плати на ова СП (се надевам дека грешам).
3.имаме дебил за селектор, кој нема никаков авторитет и углед кај играчите и е многу слаб на тактички план, а нема никакво познавање на ракометната игра. како најсвеж пример беа денешните неколку тајм аути, во кои целосно се загуби и се шо кажа, наместо конкретни тактички замисли беа, играта ни е катастрофа, имаме 15 загубени топки и ко че си сам пред гол-шутни. кретен

. играчите (кире и наумче) сами си се договараат, а овај стој ко мутав и чути

. врв на се беше кога чиле ни направи серија од 3-0 и ни стасува на 2 разлика 24-22 мислам беше и наместо шундо да бара тајм аут, тајм аут бара селекторов на чиле

.
4. имаме целосно несоодветна селекција на играчи, а капак на се беше оставањето на столбот на одбраната, темелков на трибини.
5.имаме неспособна раководна гарнитура на РФМ, која повеќе ја интересираат парите и нивните лични интереси отколку националните цели.
6.имаме играчи кои ги ставаат личните и интересите на некои нивни роднини, пред националните и ја условуваат федерацијата со нивно неиграње доколку истите не се задоволат.
штета е ваква генерација од играчи да не биди и подобро пласирана, но заради овие работи и да сака не можи.