СП 2022 Катар - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Полска сега нема зошто да се брани,нема што да загуби. Франција игра ептен брз и добар фудбал, искрено и Полска прва да даде гол нема да ме чуди, имам такво чувство дека Полска нема што да загуби и затоа ќе се отвори.
Автоматски споено мислење:

Полска сега нема зошто да се брани,нема што да загуби. Франција игра ептен брз и добар фудбал, искрено и Полска прва да даде гол нема да ме чуди, имам такво чувство дека Полска нема што да загуби и затоа ќе се отвори.
 
Мислам дека еден аргентински новинар имаше напишано. Меси требаше да биде јаготката на шлагот на оваа репстација на Аргентина. Арно ама, Меси е и јаготката и шлагот. Наместо Меси да се чува за да решава големи мечеви, да не се троши многу, а другиве да влечат и играат, тоа обратно.
Срамота е на него да чекаат. На грб ги носи.

Скалони е лош, додуша тоа е изборот на Меси, да бидеме искрени. Тимот е просечен со чест на исклучоци, а дел од првотимците не заслужуваат да играат во стартни 11 (а играат меѓудругото поради тоа што Меси сака да играат).

Холандија не покажа којзнае каква игра, само не се сомневам дека Ван Гаал тактички ќе го надмудри Скалони, воопшто. Е сега, индивидуална брилијантност на Аргентинциве би можела да ги однесе во полуфинале. Да не речам, пак Меси.

Во секој случај, очекувам отров фудбал.
Како бе така сте убедени дека Меси поставува тренери и кажува кој да игра, од каде тоа?

Стварно не ми е јасно...
 
Цело полувреме Кристијан Кунде Голубовиќ игра со ланецот, сега им текна дека не смее и му го извадија. :pos:

Џабе ланецот, патем, го урнисаа по десна страна. Дупе.
 
Најпотецениот фудбалер што некад постоел. Колку вреди овој човек само. И прошлото светско им беше еден од клучните играчи, еве го сега па на 36 години. Класа.
 
Најпотецениот фудбалер што некад постоел. Колку вреди овој човек само. И прошлото светско им беше еден од клучните играчи, еве го сега па на 36 години. Класа.
Уште не можам да поверувам дека глупаците Челзи го пуштија така единствениот добар шпиц кој го имаа.
 
Немаше среќа да направи подобра клупска кариера ама во репрезентацијата Жиру е легенда. Ист случај како Клосе во Германија. Посебни феномени се двајцата
 
Немаше среќа да направи подобра клупска кариера ама во репрезентацијата Жиру е легенда. Ист случај како Клосе во Германија. Посебни феномени се двајцата
Па не е дека има лоша клупска кариера. Титули во Франција, Англија и Италија. Плус ЛШ со Челзи. 80% од фудбалерите може само да сонуваат таква клупска кариера.
 
Onda kreće ptica trkačica Mbappe, ali pojavio se kojot Cash. Да ги нема нашиве балкански коментатори, требаше да ги измислат.
 
Уште не можам да поверувам дека глупаците Челзи го пуштија така единствениот добар шпиц кој го имаа.

Не можеш да поверуваш, затоа што си ти глупак, плус длабоко неинформиран. Од сите профили.

Жиру самиот сакаше да смени средина, за да добие повеќе минути/првотимски статус меѓудругото и да биде подготвен и за ова Светско.
Никогаш Челзи немал идеја да го продава, само ја испочитува неговата желба.
 
Требаше да му го признаат голот на Жиру.
Не сум сигурен, ама мислам дека го свирна фаулот пред шутот на Жиру. Ако свирна, никако не можеше потоа да му го признае голот, затоа што Полјаците ззастанаа со играта. Без разлика што не беше фаул.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom