Веќе неколку првенства, да речам од 2014та светското го терам муабетот дека фудбалот генерално како игра, оди во надолна линија. Барем фудбалскиот сегмент.
Организациски оди во нагорна линија, нема дилеми. Вар системот е најнова ствар која што реално има некои негативни аспекти, но генерално се покажа како интересен новитет кој ја праи играта поправедна, барем од судиски аспект.
Но, фудбалски ова е очај, очобол. Посебно потфрлија посилните репрезентации.
Изгледа ко да нема углед СП, се помалку и помалку има карактер на "најголем турнир во фудбалот". И за истото постојат повеќе причини, кои ќе пробам да ги наведам :
1. преголемо оптоварување со буквално непотребни купови од типот на Карабао, па дури и Европа лига, од кои што играчите буквално се преизморени, и тоа е евидентно.
2. Преплатеноста на самите фудбалери, што доведе до фактот да СП за нив е "разонода" а не "сон" ко што беше порано, бидејќи буквално исти курац им е, јер пак ќе клапнат 15+ милиони на крај од сезона, само од клубот, што порано не беше пример.
3. Монополизацијата на "големите клубови". Веќе во светот постојат само, 4/5 клуба, со повремен сјај на некои други. Реал, Барса, Баерн, Јувентус, Сити(сезонава) и ПСЖ. Другите, за жал, не постојат. Ливерпул/Атлетико/Рома се one season wonders, ајде и нека бидат 2 season wonders.
4. Толку се преплаќа во фудбалот што и тренерите се преплатени не верувам 1 репрезентација моментално може да си дозволи тренер од преголем калибар. Порано не беше така. Знаеме какви тренери имаа репрезентацииве. Сеа Тите, Саутгејт, Иеро ти реков ми рече. Порано доајени на фудбалот беа тренери на репрезентации.
5. Севкупниот квалитет во фудбалот опадна - посебно во дефанзива (за поголемите репрезентации). Отаменди, Вокер, Умтити и слични на нив станаа преценети играчи и најдобри бекови во своите репрезентации, но не се ни одблизу компетентни за нивни "славни претходници".
6. Фудбалериве денес имаат далеку помала интелигенција од оние порано (ова мислам дека е евидентно) и немаат поим да играат вон шаблон, преглед на играта - 0, интелигенција во минус отидена. Освен Модрич, тој е одраз на постарата генерација фудбалери - плејмејкери кои играа со мозок, а не ко овие сите бокс ту бокс стаминаши без мозок, кои стрикно се ослонуваат на своите физички особини и надмоќ.
Штета за првенствово кое на организациски план е ОДЛИЧНО, што на фудбалски план потфрлува целосно, барем засега.
Да се надеваме дека нема да има катенаџо во подоцнежните фази, иако не верувам.
1994 - 2010 беа и ќе останат златни години на фудбалските првенства, и на фудбалот генерално. Иако тоа од 1994 не сум го гледал (клипови и хајлајтси не се важат), сепак ќе го вбројам во таа група.