Кажи ми зашто мислиш дека Германија, Бразил и Франција не се на исто ниво со Шпанија?
Затоа што се комплетни, немаат слаба точка на одредена позиција и како што ги гледав во квалификациите ептен се уиграни. Микс од Барса и Реал игра, како од двата клуба стилот на игра да го усовршиле во едно. Ептен моќен впечаток ми оставија, а и имаат јака клупа што нема да биде проблем доколку икс играч се пвореди или биде суспендиран за одредена утакмица или доколку не оди нешто во одредена утакмица имаш играчи како Асенсио, Родриго, Саул и Коке кои ќе внесат свежина и можат да променат многу нешта. Додека пак Германија ќе почнеш со Јонас Хектор каде што ќе биде слабата точка на тоа додај и инаетот на Лев кој сигурно ќе игра и ќе го стартува Озил на секој натпревар, а пошто кога се фати за нешто се држи за тоа па страв ме фаќа дека и со Дракслер ќе стартува пример и покрај тоа што има играчи на располагање како Сане и Ројс. Вернер е добар напаѓач, но неискусен сеуште за такви натпревари, млад играч кој ќе го запознаеме подобро на ова СП да видиме дали ќе покаже тоа што се очекува од него и во иднина и дали има навистина потенцијал да биде главен напаѓач на репрезентацијата во наредните години, а и дали е потенцијал да заигра за големите клубови како Баерн, Реал или Барса.
Бразил и немаат менталитет некако, они ќе бидат интересни за гледање општо со правење на гримаси на одредени играчи во погрешно време, себичноста на одредени играчи ќе се покаже уште толку, ќе имаат ситуации кога наместо да ја подаде ќе направи чекор повеќе одреден играч и ќе ја уништи акцијата или правење финти и гримаси во момент на акција или напад кога не треба тоа да го направи одреден играч. Затоа мислам дека Бразил нема да успеаат да станат светски прваци ова лето.
Кај Франција исто имаш бекови кои беа повредени долго време како Менди, а и Сидибе кој сезонава играше 3 натпревари по ред па 8 натпревари паузираше и се така во круг. Голманот не им е исто добар. Го имаш и Погба кој е променлив и кој може да одигра јака утакмица па следната да го снема. Додај на тоа и Жиру во напад за кој не велам дека е лош, но не верувам да можат да станат прваци со таков напаѓач. Требаше уште во кваилфикациите да ги уигра Гризман, Дембеле(или некој друг) и Мбапе.
Тоа е тоа зошто мислам дека Шпанија се малку над останатите.