СП 2015 Катар - Група Д (DEN, POL, RUS, KSA, ARG, GER)

Кои четири репрезентации ќе ја поминат групата?


  • Вкупно гласачи
    36
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.103
Поени од реакции
16.748
0_153_638x320-q15-master-a-eng-cmyk-jpg.110381

Група Д

groupD.JPG

Група Д, група во која најголем број на учесници се од Европа, воедно тие четири репрезентации од Европа се и главни кандидати за пласман понатаму т.е во 1/8 финалната фаза, која од ова првенство се враќа во препознатливиот нокаут систем, во кој нема назад.



Данска

Еден од главните претенденти за титула се наоѓа во оваа група, вице шампионот од последното СП одржано во Шпанија, репрезентацијата на Данска.

Данска на ова првенство ќе атакува на златниот медал, тие сеуште немаат злато на мундијалите, а на нив ќе учествуваат по 22 пат.

Пред 2 години во Шпанија имаа голема шанса, но беа спречени токму од нив, па на ова првенство ќе бараат шанса за реванш.

Данците имаат се што е потребно за успех, од одличен голман, голман од светска класа во името на Никлас Ландин, па се до бек, Микел Хансен, човекот кој Македонската ракометна репрезентација, а и Македонија ќе го памети уште долго (хинт ЕП 2012 Србија).

Воедно Хансен е само вториот ракометар во репрезентацијата на Данска кој не игра во Данско или Германско првенство, настапува во ПСЖ, другиот ракометар е Јеспер Нодезбо кој ги брани боите на Барселона во Асобал лигата и е прв пивот во репрезентацијата, на истата позиција се Рене и Микел Тофт Хансен.

Предводник на оваа генерација на Данска е познатиот Улрик Вилбек, во неговата кариера на клубско ниво има предводено само еден тим во машка конкуренција, Вирум, а потоа оди во Виборг каде по неколку успеси со тимот во домашното првенство е поставен од страна на ракометната федерација на Данска за предводник на женската репрезентација каде има освоено се што е можно да се освои од злато на ОИ, па се до злато на ЕП.

Во 2005 започнува да работи со машката репрезентација на Данска, а успесите со неа почнуваат во 2006 година, каде на ЕП во Швајцарија го освојува бронзениот медал, како што напоменав во воведот за оваа репрезентација, исто и на Вилбек му фали злато од СП.

Последниот успех за него е на првенството во Данска 2014, каде го освои сребрениот медал.
Вилбек е единствениот селектор во свет кој има освоено златен медал со машка и женска репрезентација т.е во двете конкуренции.


Клучни играчи на Данска: Микел Хансен, Никлас Ландин

Пласманот во Катар го обезбедија со второто место на ЕП.


Полска
Полска на овој мундијал се најде по двете победи над Германија, па за неуките и ракометните фанови кај нас кои излегоа последните неколку години, овој пласман на Полска после баражот против Германија е огромно изненадување, но..
Полскиот ракомет е во голема експанзија овие неколку години со успесите на Виве Киелце во ЛШ и со пласманот на Ф4 во Келн, но полскиот ракомет првите успеси ги има почнувајќи од ОИ во 1976 година каде освојуваат бронзен медал, 6 години подоцна успехот го повторуваат и на СП.

На последниот мундијал немаа забележителен резултат, па на крај завршија на 13то место.

Ростерот на оваа репрезентација претежно го сочинуваат играчи од полското првенство, најмногу од шампионот Виве Киелце..
Просекот на тимот е над 30 години, повеќе од искусен тим носи на овој шампионат Биглер.

Тимот на Полска наликува на нашата репрезентација, кога викам дека се слични на нас, не мислам на силината на тимот, туку за тоа дека во овој тим, исто како и кај нас настапуваат пар браќа, Лијевски и Јурецки, па заедно со левиот бек Карол Бјелицки ќе се и главни играчи на оваа репрезентација, подпомогнати од искусниот голман Славомир Шмал.


Михаел Биглер, германецот, е замената за одличниот Богдан Вента, па тој ја превзема одговорноста да ја води репрезентацијата на Полска.
На првенството во 2014 во Данска, минатата година, направи одличен резултат, освојувајќи го 6то место..

Клучни играчи: Славомил Шмал, Криштов Лијевски

Пласманот во Катар го обезбедија по плеј оф дуелот против Германија


Русија

Рускиот ракомет бележи огромен пад последните неколку години, како на клубско така и на репрезентативно ниво, последниот нивен успех на некој голем настан бил на Европското првенство во 2000 година, каде беа втори, од таа година, па се до првенството 2014 бележат пад, но континуирано се наоѓаат на првенствата.

Од Светските првенства како „Русија“ носат два златни медали, првиот освоен во 1993 во Шведска, а вториот четири години подоцна на првенството во Јапонија.

На последното во Шпанија го освоија 7то место.

Во тимот на Русија се наоѓаат четворица „македонци“, играчите на Вардар, тие и ќе бидат водечката сила на овој тим на Русија на првенството во Катар, Тимур Дибиров, едно од најдобрите пет крилни играчи во светот , пивотот Михаил Чипурин, левите бекови Сергеј Горбок и Алексеи Растворцев, освен овие четворица, русите ќе се надеваат и на Игропуло, единствениот играч во руската репрезентација кој игра во најсилната лига во светот *бундес лигата. Не смее да се изостави и довчерашниот играч на Металург, Павел Атман, но тој веќе некое време нема клуб, па не е познато во каква форма ќе заигра на првенството.

Според ова јасно е која репрезентација после нашата ќе ги има симпатиите на ова првенство..

На голманската позиција го имаат Олег Грамс, голманот на Чеховски медведи, кој е еден од поискусните во овој ростер со 109 настапи.

На селекторската позиција со 39 годишниот Олег Кулешов во тандем репрезентацијата ја води и Риманов Александер.

Овие двајца се поранешни репрезентативци на Русија и Советскиот сојуз.

Клучни играчи: Игропуло, Тимур Дибиров
Пласманот во Катар го обезбедија во плеј оф дуелот против Украина, каде во два наврати беа подобри.


Аргентина

Ех, Аргентина, да беше Светско првенство во фудбал, овој дел ќе беше полн со информации, но се работи за ракомет, а во ракомет оваа нација на Светско ниво е далеку од најдобрите.. го немаат ракометниот Меси.

На првенството доаѓаат како шампиони од Јужна Америка, во финалето на тоа првенство убедливо го совладаа Бразил со 30:19.

Ростерот на овој тим е составен од играчи од домашниот шампионат, има дел каде што настапуваат во Француско првенство, најпознати имиња им се голманот Диего Шулц од Нант и Диего Симонет од Монтпеље. Може да ги споменеме и играчите на Иври, Пабло Симонет и Себастиан Симонет (или е многу често ова презиме во Аргентина или и тука има ситуација „бате“)

Селектор на Аргентина е Едуардо Гаљардо.

Клучни играчи: Шулц , Симонет

Пласманот на првенството во Катар го обезбедија во ПАН Америка шампионатот, победувајќи го Бразил.



Саудиска Арабија
Оваа репрезентација ни самата не е свесна зошто се наоѓа на ова првенство во Катар, се најде по покана на ИХФ.


На Светските првенства досега имаат учествувано 6 пати, првенството во Катар ќе им е 7мо, а второ во низа, на последното во Шпанија го освоија 19то место.

Целиот тим игра во првенството на Саудиска Арабија. Прилично млад тим е репрезентацијата на Саудиска Арабија, најмладиот им е роден 1997 година.

Според информациите кои ги најдов за оваа репрезентација, најпознати играчи им се голманот Мохамед Алсалем и левиот бек Абдулах Алхамад.
Воедно тие ќе бидат клучните играчи на овој шампионат.

Селектор на оваа репрезентација е Горан Ѓокиќ.

Пласманот на првенството во Катар им го обезбеди ИХФ.


И стигнавме до последната по мој редослед, репрезентацијата на Германија.

Германија

Репрезентацијата на Германија на ова првенство дојде со „игра“ на маса, по поразот во плеј оф дуелот против Полска, Германија ги изгуби шансите за пласман на Светското првенство во Катар. За потоа челниците на ИХФ донесат одлука да Германија настапи на овој шампионат.


Па после пропуштеното ЕП во Данска минатата година, Германија повторно ќе биде дел од ракометната елита, без разлика дали заслужено или не.


Земјата во која се игра најквалитетниот ракомет, која ја има најсилната лига на светот (бундес лигата), во последните години има мала криза кога се работи на репрезентативно ниво, јас би рекол, после „Мустаклијата“ Бранд потоп, човекот кој беше неприкосновен во репрезентацијата во 2011 се повлече од кормилито на тимот, токму Бранд во 2007 им го донесе и последниот најголем успех на Германија, освојувајќи го златниот медал на СП, организирано токму од нив.

Во 2011 го замени Мартин Хеубергер, кој кратко се задржа на селекторското место, па во 2014 беше заменет со Даугур Сигурдсон.

И Германската репрезентација, исто како и С.Арабија и Аргентина целиот играчки кадар им е составен од домашното првенство, со една разлика што во Германија играат далеку по квалитетни играчи.

Гледајќи го составот на Германија пријавен за ова СП, поединечно изгледа премногу моќно(како тим досега не делуваат така), на секоја позиција имаат по двајца одлични играчи, изоставувајќи го пивотот каде мислам дека таму се најслаби, од сите пријавени на таа позиција Патрик Винчек ми изгледа за најдобар избор во прв тим.

На голманската позиција го имаат голманот на Фуше Берлин, Силвио Хаиневетер.

На левата крилна позиција го имаат најдобриот во свет, Уве Генсхајмер.

Од десната страна тука е Патрик Гроецки.

На пивот како што споменав погоре најверојатно ќе игра Винчек.

Лев бек ќе биде Криштоферсен, играчот на Хановер кој е еден од поискусните во оваа репрезентација.

На десен бек Милер од Мелсунген, и на централен бек Михаел Краус.


Дагур Сигурдсон е нов предводник на оваа генерација, освен што е селектор на германската репрезентација тој е и тренер на Фуше Берлин, каде во 2014 го освои и Германскиот куп, прв во историјата на Фуше.

Од оваа репрезентација се очекува најпрво пласман во 1/8 финале, но не би биле германци ако не атакуваат на што повисок пласман.

Клучни играчи: Хеиневетер, Генсхајмер

Пласман на првенството во Катар: Вајлд карта


Натпреварите од оваа група ќе се одиграат во две арени, Духаил Хандбал и Лусаил.


Распоред на натпреварите

raspored.JPG
 
Комплетно заборавив дека и Германците ги вметнаа на првенствово :@
#EHFMafia
 
Оваа група е веројатно најјака. Горе долу се е можно помеѓу Данска, Полска, Русија и Германија. Агентинците се солидни ама немаат шанси во ваква конкуренција. А Саудиска Арабија е можеби и најголем аутсајдер на првенството. Данска има блага фаворитска улога. Германија не смее да се потцени - најопасни се во вакви ситуации кога не се очигледни фаворити.
 
Една мала забелешка за текстот погоре. Колку што знам Вилбек веќе не е тренер на Данска (се пензионира). Тренер им е исланѓанецот Гудмундур Гудмундсон, бившиот тренер на Рајн Нехар Ловен.
 
Во скоро сите предвидувања на порталиве Полска ја ставаат во полуфинале. Некако преценети ми изгледаат Полјациве, не знам зошто толку голема фама. Не знам како иде точно вкрстувањето, можеби е ради тоа, но сепак мислам дека нема да се борат за медал.
 
Можам да замислам како се чуствуваат Пољаците сега кога губат 4 на полувреме од Кајзериве, а ги елиминираа во бараж. :D
 
Мех се враќаат во игра, уфф мн ги нејќам Полјаците сакам да изгубат поголем мајндфак нема да изгубиш од тие што ги тепаш у бараж.
 
Вајнхолд и Уве најдобри.[DOUBLEPOST=1421429470][/DOUBLEPOST]Ајде сисај Полска оле оле! Баварците победничка среќа носат у публика.:angel:
 
Последно уредено од модератор:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom