Најдобриот меч досега...
Многу голови,добра игра за око..
Можеби заслужија Германците да тепаат,цела утакмица ја имаа контролата врз утакмицата..
Очекував дека вака ќе изиграат денес,доста ветува овај состав....млад полетен,добар селектор на клупа,борбенст,солидни голмани,би требало далеку да дотуркаат...
Штробел,Друкс се бекови за наредната деценија,надополнети со Краус како бек ап на среден или лев бек,плус перфектниот Вајнхолд...
Каде ќе им беше крајот ако го имаа Гландорф?
Плус можеби најдобрата двојка крила на првенството-Геншајмер-Грецки....
Најавуваат панцирите дека се враќаат на голема врата..
Данците ме разочараа...
Уште со Спелеберг,а нема место за еден Томас Могесен од Фленсбург(најверојатно сам се има откажано Могесен,за да се посвети на настапите во Фленсбург)....
Без идеја некако,освен играта кон крила когаа имаа вишок не видовме многу...
Нема кој да ги поврзи редовите,оставено е се на Хансен,кој не е способен да го носи цел напад секогаш,можеби со послаби селекции не се приметува,ама денес се виде колку фалеше добар среден бек...
Лауге Шмитт ни од далеку не е како Могесен,иако има квалитети дечкото...
И одбраната им затаи денес,но сепак играа против Германија,која блескаше во напад...
Ландин непрепознатлив...
Како и да е,можеби ремито е најереално,со овај бод Швабите одат на прво место,лесно ќе си ги шлакнат Аргентинците,со Арапите полесен тренинг и ќе си прчат во 1/8 финале....најверојатно против Египет....
Во другиот мечуште еднаш епитот лузери на денот го понесоа Русите...

Значи мајстори се за губење на добиени мечеви..
Со Германија така ја дадоа победата,со еден куп почетнички грешки во финишот,денес иста песна..
До 52 минута играа перфектно,и потоа се изгубија,нерезонски шутеви,иако не беа под закана за пасивен напад,тотално распашана команда...
Онај Кулешов беше голем играч,ама за

не го бива како тренер,класичен дебил..
Го остава Атман во клучни напади и со Германија ,а посебно денес,ги отепа едноставно,еден куп топки ги згреши,плус последниот напад за израмнување самиот реши да завршува,непотребно тргна во напад,иако имаа 30и кусур секунди до крај,и извади никаков шут,ниту скок ништо,од место,само поклонче за Шмал...
Тотално изгубени Германци се Русите

...затоа ќе си се борат за 4 место...

Имаат талент,имаат страшни играчи имаат се,ама џабе кога фалат тие мали нијанси кои ќе ги направат голема екипа...
И уште нешто...
На крај судиите во главен елемент...
Навистина не знам од кај ги копаат овие кретени од судии,не само на ова СП,туку и во ЛШ...
Пасивен напад држи рака цели 30 секунди,навистина несвојствено...
Претераа судиите,како да сакаат да бидат во фокусот...
Претерано се судат и пробивања,посебно од пикерите при обид да направат блок,па ракометот е груб спорт..
Многу слабо судење,на цело првнество,многу несвојствени одлуки....
Јас не знам шо ракомет играат таму во арапските земји,ама не можиш бре да судиш без врска на едно СП,па не е ова заливскиот куп,или некој пријателски турнир...
Којзнае шо мафија е замешана во ИХФ,кога вакви судии пуштаат...
