Германец си е Германец..класа...

Затоа си ги поштовам етен,зошто никогаш не се предаваат...зошто имаат менталитет,зошто се борат до крај,зошто урлаат на секоја изгубена топка,зошто Хајненветер и кога не е во право урла по соиграчите,судиите,се расправа со противниците,тоа е тој фанатизам кој за жал ретко кој го има..
Затоа се успешни во се шо работат,капата долу за ова

..
Прилично бев убеден дека второ полувреме ќе биди друга песна,и бидна...
Едноставно како нова Германија да излезе на терен....
Можеби имаше грешки во мечот,можеби и Русите наивно подлегнаа,ама самите си се криви..
Имаш игра,имаш резултат и губиш...
Имаш ростер,наместо да ротира Кулешов фура со истите цело време..
Нормално беше дека не можат да издржат таква игра во двата правци,и не случајно лапнаа 18 гола во второ....
Секоја чест за Германците,можеби немаат звезди како порано,но си имаат хемија,да го имаа Гландорф ќе беа еден од најопасните тимови,вака само со Вајнхолд тешко ќе оди...
Имаат доста интересни играчи во бековска линија,но ниеден изразит шутер,имаат солидни бекови во Краус,Друкс,Штробел....добар пикер,сјајни крила,и два ненормални голмани(мислам по карактер)...

Заслужено тепаа денес,колку сака нека плачат Русите...
ВО другиот меч Аргентина уште еднаш покажа дека е опасна селекција...
Полска на мускули,ги извади Шмал на крај,со неколку скинати зицери и еден пенал,го скрши резултатот,заводеа со 3 разлика на 1 минута до крај,после само го чуваа водството..
Ама ако играат вака во понатамошниот дел тешко дека ќе направат нешто повеќе Пољаците....