Вака така го погодив точниот расплет на позициите во групата..(камо да имав среќа со комарот толку)

Единствено ми е жал за Босанците,не заслужија пораз во никој случај со Тунис....
Но тоа е,некогаш судиите знаат да те заебат гадно....
Очекуван расплет на групата....
Хрватска-рутински,иако не делуваат како некогаш,но сеуште оваа селекција не го кажала вистинскиот збор..
Допрва следува одговорот,дали оваа Хрватска има сила за борба за медал...
Македонија-како шо се надевавме,исполнување на планот,и тоа какво исполнување...
Две чисти како солза победи,и тоа против противниците од кои најмногу стравуваме,и две тесни победи против послабите селекции,но сепак заслужени победи...
И пораз од фаворитот Хрватска,можеби очекуван,но сепак да имавме малку повеќе концентрација во втората половина од првото полувреме кога Хрватите се вратија од почетниот шок се можеше да се случи...
Тоа е,нема враќање назад,планот е максимално исполнет,следува најважниот меч за нас во историјата на СП....
Австрија-Дојдоа самоуверени,полни со оптимизам,на крај можат да бидат среќни што ја освоија третата позиција..
Со Хрватска изиграа добар меч,малку беа потценети,но сепак Хрватска е преискусна селекција да дозволи изненадување...
Со Босна долго време ја бараа својата игра,едвај во последниот квартал на мечот успеаа да направат позитива која ги одведе во мирна завршница..
Со Тунис беа уште полоши,можат да бидат среќни што не го загубија тој меч....
Со Македонија,хмммм не е потребен коментар...
Тунис-освен првиот меч со нашата селекција,кога беа непропознатливи(најмногу благодарение на нас)

,на сите останати мечеви изиграа доста солидно..
Со Хрватска пружија достоен отпор,со Австрија беа на чекор до победа,со БИХ има ветер во грб од судиската двојка,иако мора да се признае дека речиси цел меч ја имаа контролата на резултатот и можеби заслужено на крај тепаа,но сепак во финишот на мечот немаа решение за одбраната на Бих,и ако не беа тие две врзани исклучувања на Босанците немаше шанси да тепаат...
Но некогаш и среќата(без разлика во каква форма доаѓа,макар и судиска)е составен дел од спортот..
Заслужено се во 1/8 финале...
Селекција што во своите редови ги има Теж,Магаеж,Хамза,Бугхами,Банур,Жалуз,Санаи и компанија сепак заслужува да оди понатаму...
Искрено најдобро ќе беше Австријците да испаднат а Босанците да продолжат...
Бих-лузери на групата..
Блиску беа на сите мечеви(освен со Хрватска)но скапо го платија данокот на неискуството...и налетаа на судиите против Тунис,добро им ја загореа кашата...
Нема збор дека се квалитетна селекција,пред се голманот Буриќ,и дека допрва доаѓа нивното време...
Иран-циркузантска екипа,дојдена да го усоврши новиот модерен Run@Gun

ракомет,омилена селекција на комарџиите во нашите кладилници кои се отепаа од фаќање на нивните утакмици..

И плус на противникот,и плус на цел меч....чиста работа...
