СП 2014 Бразил - генерална дискусија

Не ми е јасно зошто Холандија ја сметате за мала репрезентација? Па финале играа минатото светско со Шпанија а се чудите како ја победија Шпанија и ја ставате во ранг на мала репрезентација
 
И за вас, како и за мене Хондурас Vs Еквадор, е финале пред финалето? Не?

P.s Испочетка. И за вас како и за мене, Амди Бајрам Vs Шабан Салиу е поголемо дерби од Хондурас Vs Еквадор? Да?

Осум „проклетства“ кои кажуваат: Мексико ќе биде новиот светски шампион!

1. Ниту една европска селекција не триумфирала во Америка
- Во историјата на фудбалот досега се одржани седум Светски првенства на американскиот континент, а ниту еднаш до титулата на стигнала европска селекција. Во Уругвај во 1930 победи домашната селекција, а Уругвај славеше и 1950 година во Бразил. Бразил бил победник во 1962 година во Чиле, 1970 во Мексико и 1994 година во САД, а Аргентина триумфираше на СП 1978 на домашен терен и 1986 во Мексико.ЕЛИМИНИРАНИ СЕ ГЕНЕРАЛНО ЕВРОПЈАНИТЕ.
Пред 2010 Европјаните никогаш надвор од Европа не земале титула.
Така да традициите се тука за да се рушат. :icon_mrgr:
 
Првенствово е најретардирано од сите што сум ги гледал досега, не се знае кој пие, кој плаќа, 3 гола просек по утакмица :vozbud:. Не знам што ќе треба да се случи на некое од наредните за да го надмине ова, марсовци да слетаат и на месечина да се игра финалето.
 
Може се игра и таму а ние не знаеме хехехе
 
Не ми е јасно зошто Холандија ја сметате за мала репрезентација? Па финале играа минатото светско со Шпанија а се чудите како ја победија Шпанија и ја ставате во ранг на мала репрезентација
Не дека е мала репрезентација туку по повредите на Стротман и ВдВ и дечиштата кои им се во одбрана сите сметаа дека дека ќе бидат размонтирани уште по групната фаза. Лесно е сеа да се каже (не велам за тебе, општо зборам) ама на секои тројца, еден мислеше дека Шпанија и Чиле одат натака. Кога еден Де Гузман од Свонси стигна да ја држи средината со Де Јонг и Снајдер, шта речи... :) Бонус, Рон Влар од Астон Вила што го вртеше кој стигне е лидер во одбраната, на хартија ова кога ќе го видиш а си Холанѓанец, уплав да те фати.
 
Во темата за експертите иам пишано оти Холандија ќе биде прва, ама ајде да не се фалам пред време, да почекам да го тепаат Чиле.. (мада без Перси ќе бидат)
 
Во темата за експертите иам пишано оти Холандија ќе биде прва, ама ајде да не се фалам пред време, да почекам да го тепаат Чиле.. (мада без Перси ќе бидат)
Може останало уште нешто во Хунти :D Или Ленс што го мењаше РвП. Не знам комшијава мој е упатен во Нидерланден нека пише тој според инсајд инфо кој би требало да игра 9ка на последната текма @Ѓорче 1932
 
Не е лош Хунтелар, изгледав неколку утакмици од Шалке даваше голови, не знам колку собра на крај.. Ама кој го знае него, ништо чудно да се повредил при обид да ја штопне топката на денешниот тренинг. xD

Едит: Еве гледам, едвај 21 утакмица изиграл за Шалке во сите натпреварувања сезонава, дал 14 гола што е солидно во секој случај..
 
Све мислам дека нерешено таа ке заврши, Холандија прва, го избегнува Бразил, а Чиле иде на Мексико-Хрватска.
Е Чиле-Мексико ке биде дерби.
 
Све мислам дека нерешено таа ке заврши, Холандија прва, го избегнува Бразил, а Чиле иде на Мексико-Хрватска.
Е Чиле-Мексико ке биде дерби.
Ако Холандија го избегне Бразил, а Чиле оди на Мексико-Хрватска, дали тоа значи дека Холандија ќе игра со Камерун? :D

И јас се збунив вака пред некој ден уствари. :D
 
Све мислам дека нерешено таа ке заврши, Холандија прва, го избегнува Бразил, а Чиле иде на Мексико-Хрватска.
Е Чиле-Мексико ке биде дерби.
Бразил - Чиле или?
Не те разбрав?
 
Бразил Чиле де, што глупости сум пишал :confused:.

Холандија со кој и да се падне, ке има мака, и Бразил и Мексико се тврд орев. Едино, Хрватска ако не им помати сметки, али тешко.
 
Колку јако се уфрла Клинсман...
awrEo74_460sa_v1.gif

3Gay-rainbow_1_lw.gif
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom