Хах смешки, ги набројале најголем дел играчи кои нема ни шанса да добијат или пак кои немаат звучни имиња. Истото може да се направи со која сакаш репрезентација. А и типувањето во стил Баба Ванѓа, сигурно вака ќе биде се глупост голема. Сепак, кога ќе почни светското ќе можиме најдобро да процениме која екипа во каква состојба е. Во 2010 кој можеше да кажи дека ќе има таков раздор во екипата на Франција и дека така ќе се изглупираат или кој можеше да претпостави дека Форлан ќе игра во транс и на свои плеќи ќе ја носи целата репрезентација. Уругвај е моментално најпреценет заради минатото првенство. Голема им е предноста што ќе играат ко дома, ама такво нешто може да се кажи и за Аргентина, Чиле, Eквадор, Колумбија освен домаќинот.