Франција смета дека системот за одредување на носителите за дополнителните квалификации кои се играат во ноември е неправеден и има намера до светската фудбалска асоцијација ФИФА тоа прашање да го разгледа пред ждребувањето кое треба да се одржи следната седмица.
Светскиот и европски фудбалски шампион Шпанија има три бода предност пред Франција во квалификациската група I и игра против Грузија во последниот квалификациски меч во вторник, додека второпласираната Франција, која речиси сигурно ќе оди во разигрувањето, игра против Финска.
Носителите ќе бидат одредени врз основа на пласманот на ранг листата на ФИФА, па Франција која е на 25-то место, најверојатно ќе добие некоја посилна селекција што ќе има статус на носител, како што се Португалија, Грција, Шведска или Хрватска.
Французите сметаат дека системот е лош, бидејќи тие се натпреваруваа во групата со само пет репрезентации, па така одиграле два меча помалку па и оттаму и коефициентот на нивната селекција на ранг листата на ФИФА е помал, додека сите други групи имаа по шест репрезентации.
„Ќе ја контактираме ФИФА. Има неправда меѓу другите од пет натпреварувачи и групите со по шест селекции. Нашите ривали од другите групи можеа да освојат повеќе бодови, и тоа е факт", изјави челникот на Француската фудбалска федерација (FFF), Ноел Лагарет.
Еј, кои идиоти се. Се ќе направат само за полесно да си поминат или да се протнат некако . Ептен ќе ми биде мило да не се квалификуваат.