СП 2014 Бразил - генерална дискусија

По таа логика, Маусдонија ке беше европски, светски и азиски првак во секој можен спорт.

Македонија не може да банкротира, затоа што за да банкротираш треба да поседуваш капитал кој треба да го изгубиш за да се рече дека си банкротирал.
Ние нема што да изгубиме.
 
Азиски неможе никако, ама Јужноамерички може. :) Најозбилен сум за ова. :)
 
Досега квалификувани се:
Бразил
Јапонија
Австралија
Иран
Јужна Кореја
Холандија
Италија
Коста Рика
САД
Аргентина
Белгија
Швајцарија
Германија
Колумбија
 
Каков меч беше вчера Колумбија-Чиле... Гостиве водеа 3-0 и на крај Колумбија израмни, последните два гола пенали кои ги изведе Фалкао... За среќа Чилеанците иако ќе одеа директно ако победа, таква шанса имаат повторно ако изиграат нерешено дома со Еквадор па и овие ќе бидат сигурни за во Бразил... На крајот ќе се спаси Уругвај од испаѓање па ќе играат бараж со екипа од Азија односно со Јордан.
 
Брегот на Слоновата Коска - Сенегал
Етиопија - Нигерија
Тунис - Камерун
Гана - Египет
Буркина Фасо - Алжир
Би сакал Етиопија да идат на Светско. Да видат и тие шо е леб малце.
 
Ау Буркина Фасо - Алжир мечиште !!!
Три пати мораа да поведуваат домаќините за да победат 3-2. Питроипа и Банце итаат кон Бразил . Се надевам ќе издржат на реваншот. Овие Алжир беа на последното светско , не мора да ги гледам пак како се мачат.
 
А БСК примиле гол во 96та. Не оти 3-1 е лош резултат, ама 3-0 е преубедливо. :)
 
Франција смета дека системот за одредување на носителите за дополнителните квалификации кои се играат во ноември е неправеден и има намера до светската фудбалска асоцијација ФИФА тоа прашање да го разгледа пред ждребувањето кое треба да се одржи следната седмица.

Светскиот и европски фудбалски шампион Шпанија има три бода предност пред Франција во квалификациската група I и игра против Грузија во последниот квалификациски меч во вторник, додека второпласираната Франција, која речиси сигурно ќе оди во разигрувањето, игра против Финска.

Носителите ќе бидат одредени врз основа на пласманот на ранг листата на ФИФА, па Франција која е на 25-то место, најверојатно ќе добие некоја посилна селекција што ќе има статус на носител, како што се Португалија, Грција, Шведска или Хрватска.

Французите сметаат дека системот е лош, бидејќи тие се натпреваруваа во групата со само пет репрезентации, па така одиграле два меча помалку па и оттаму и коефициентот на нивната селекција на ранг листата на ФИФА е помал, додека сите други групи имаа по шест репрезентации.

„Ќе ја контактираме ФИФА. Има неправда меѓу другите од пет натпреварувачи и групите со по шест селекции. Нашите ривали од другите групи можеа да освојат повеќе бодови, и тоа е факт", изјави челникот на Француската фудбалска федерација (FFF), Ноел Лагарет.

Еј, кои идиоти се. Се ќе направат само за полесно да си поминат или да се протнат некако . Ептен ќе ми биде мило да не се квалификуваат.
 
Па во право се Французиве. Им се враќа кармата за нефер победата над Ирска ама во право се.
Замислете ваква ситуација:
Македонија завршува второ место со 17 бода а Франција во некоја друга група завршува второ место со 11 бода. Цели 6 меча помалку. Помалку поени освоиле од нас а сепак ќе бидат во делот за фаворити поради тоа што за разлика од нас пред 2 години играле на ЕП, а ние не.
Глупости.
 
И тоа баш сега им текна да се жалат, чудно (y)
 
Епа затоа Франзуците ќе се протнуваат сегде цело време. А ние коа ќе се протнеме?
 
Па добро, секој се жали кога ќе му дојде на гзот, нормално е тоа. :D
Не мора да значи на пример во тенисот има доста што се жалат 365 дена у годината за системот за бодување на пример без разлика кај се наоѓаат на листата, ама овие Французиве со сите оружја пробуваат да се пласираат. Фешти ќе е ако играат бараж со Англија, the clash of the shiteuns.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom