Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дали има совршенство? Дали вие и општо луѓето несвесно или свесно се стремат кон тоа? А што е всушност совршенството?
Дали можеби човекот не го прифаќа совршенството затоа што тоа е некој вид конечна појава (па повеќе признава предмети како совршени) и со достигнување на истата, би се дошло до некаков крај за него и неговото творење и постоење?
Или пак едноставно, совршенството не е возможно од многу причини и на било кој начин да се постигне?:raz:
Столе никој човек не е совршен.Токму така совршено е во рајот нешто бескрај и Само БОГ е совршен!!! Кој е безгрев нека фрли камен врз мене!Совршенството, од моја гледна точка го класифицирам како ништо повеќе од една најобична илузија.
Нешто безкрај.
Види мајката...
Прво бевме до толку совршени што и на Бог му го дадовме своето лице, да биде лика и прилика на совршенството наше.
Сега гледам пишувате не сме совршени, ама пошто ние не сме пази некој друг да не е, па не постои совршенство.
Абе луѓе, кој отишол на планина над еве нека се 1000 метри висока видел што е совршенство.
Природата недопрена од човекот е совршенство, според мене:helou:[vladimir];2446630 напиша:Јас искрено ова неможам да го сфатам, за тебе постои или не постои совршенство?
Инаку на темава, кога би постоел само еден одговор за сите прашања, кога се што би направиле доаѓа до совршенство, дали би постоело доволно контраст во животот да би можело некој да тврди дека имал некакво искуство?
Без опасност, авантури... животот би ни бил како некоја детска игра, без можноста од неуспех, успехот не би имал вредност.Без смртта не би имало смисла да одбереме и донесеме една одлука наспроти друга во животот, затоа што и двете искуста би биле еднакви.
Кој би сакал да живее така?
Границите ја даваат смислата на она што лежи внатре во нив....
Природата недопрена од човекот е совршенство, според мене:helou: