Зависи што мислите под совршенство.
Постои сигурно, постојат форми кои се совршени. Совршенството дури има и свој коефициент 1.618(и уште многу други децималки). 12 е совршен број. 6 исто. Пентаграмот е совршен.
Има многу примери за совршенство.
Ако мислите на човекот, тој секако се стреми кон совршенство. Дали има или нема совршен човек, не знам. Али има некои кои се многу блиску. Сепак мислам дека 70 години се многу мало време за било кој човек да стане совршен. За тоа блиску мислев на физичката убавина и форма, и на психичката моќ. Некои апроксимираат на една, некои на друга, ретко кој и на двете.
Постојат пак, совршени дела, кои некој човек ги направил.
Љубовта(чистата љубов) е совршена.
И хаосот е совршен, иако на некои ова ќе им се чини невозможно.
Значи, совршенството постои, зависно само каде го барате.