Совршеното општество

  • Креатор на темата Креатор на темата Toreador
  • Време на започнување Време на започнување
Човекот секогаш се стреми кон совршенство.
И убиецот како човек се стреми да стане совршен во она што го прави, адвокатот исто така, судијата исто така и се тоа така по ред.
Додека човекот се бори да стигне до врвот то ест совршенството, не сфаќа дека човековата способност има своја граница, затоа тој не може да е ни под разно совршен.

Е сеа, совршено општество не може да постои затоа што луѓето не се подредени да вршат една работа сите. Да беше така, то ест да бевме сите дали со една професија или едно хоби, тогаш би можело да се добие таканаречено совршено општество. Ама сепак, ова е хипотетична теза. И ако некогаш се случи сите луѓе да сме на граница на совршенството, сепак, на граница ќе сме. :)
 
Koga edno opshtestvo e "sovrsheno" togash e najnesovrsheno u realnost...ako se smeta za sovrsheno sto posto ima neshto ne u red so nego...
 
Факт е дека совршено општество нема да биде создадено никогаш...вистина е дека современите општества се високоорганизирани ама одржувањето на таквата состојба бара постоење на власт и моќ..Власт и моќ постои но колку се тие вршители на висина на својата задача...би рекол максимум 10%...сега ме мрзи да ги набројувам причините поради кои не може да биде создадено совршеното општество односно не ни мора оти сигурно веќе сите ги знаете...доволно сте информирани за се што се случува во општествата на денешницава така да нема шо повеќе да се коментира....
 
Прво ќе треба да умре пола од човечкава популација,па после тоа МОЖЕ ќе настапи некое посвесно и послободно општество,ако има основа за тоа.
А за тоа како би го уредил,па сигурно не на база на МОРАЛ :nenene:
Само некако би гледал да го сменам целиот тој систем со пари и слично со нешто попросто и попаметно...


А совршено општество е неговото отсуство.
 
А за тоа како би го уредил,па сигурно не на база на МОРАЛ :nenene:
Само некако би гледал да го сменам целиот тој систем со пари и слично со нешто попросто и попаметно...

абе моралот ти е no.1 контрола.....постојат толку многу постапки кои неможе да се исконтролираат со пишаниот закон, ако мислиш дека со негово изоставување ќе се постигне некој позитивен резултат, тогаш грешиш....(по твојата, да не речам стар трек претпоставка за создавање на ново посовршено општество ),човештвото би требало да се издигне на повисоко духовно и морално ниво согледувајќи ја загубата на половина и повеќе од населението (малце е пола , ај да речеме нека останат само неколку милиони)....Ако не го контролираш со морал...тогаш како , со тепање...така ќе се свртат наспрема тебе.

и ако мислиш дека има подобар и поефикасен систем , од системот на парите...повели , ќе те прогласат за светец....нема подобар начин од тоа , на сите да ни се бележи трудовата вредност преку иста мерка!!!
дали тоа ќе бидат сиви , плави , зелени ливчиња, метални мали кругчиња,дигитално запишани бројчиња....се е тоа истата филозофија и истата суштина
 
За мене опшеството би било совршено, или би било најблиску до совршеност доколку има воспоставено поредок - КОМУНИЗАМ.
Она што се случувало пред 20ина години не беше комунизам, тоа беше обид за воспоставување на комунизмот.
Комунизмот е врв на човековото размислување, врв на човековото опшество;
Нашето опшество до ова ниво нема доволни сили да го воспостави комунизмот...
 
нема совршено општество, како што нема совршен човек ни совршено суштество, нема ни совршено општество
 
~*~

Не постои совршено општество, збирот од интеракции е премногу комплесен за да може да биде и совршен.
„Сите“ се стремиме кон совршенство, но никој од нас не го достигнува, крајно, совршенството е различно за сите, по сопствените мерила.

:hihih:
 
Општеството е совршео само по себе, затоа што постои еквилибриум!!
, ако измислиме, рај , тој нема да биде совршен, затоа што ќе ја нема рамнотежата :)
 
~*~

Општеството е совршео само по себе, затоа што постои еквилибриум!!
, ако измислиме, рај , тој нема да биде совршен, затоа што ќе ја нема рамнотежата :)

Прости, не разбрав, а сега има рамнотежа? :nema teorija:
 
ДА сега има рамнотежа ....(нема сеа да коментирам те чекам ти да кажеш :) )
 
~*~

ДА сега има рамнотежа ....(нема сеа да коментирам те чекам ти да кажеш :) )

Прости што јас не можам да пронајдам рамнотежа во општ хаос кој што и самите „совршени“ одговорни органи не се способни да го контролираат.
Крајно, да беше се совршено и во рамнотежа сега ќе живеевме во ефтимија, а никаде не гледам знаци за тоа.:nema teorija:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom