Мистичен напиша:
На пример, што со компаниите? Подобјасни малку.
Капитализам, неолиберализам, најцрн облик. Како и секоја либерална теорија, и оваа ја зима природната сопственост како базичност за се понатаму, неотуѓиво природно право.
На сметка на приватна сопственост се губи државната. Приватизација, тоа е тоа.
Значи, царуваат приватните компании.
Напоредно, техолошко-технички напредок со експоненцијален развој.
Масовна производња. МАСОВНА. Правопропорционална потрошувачка. Се трупа капитал.
Компаниите стануваат меѓународни. Компаниите стануваат мегакорпорации, концерни, конголомерати, џинови. Под своја закрила земаат катаљони работници, бирократи, соработници и сл. Тие му плаќаат осигурување, тие му даваат леб, тие му даваат се` - тие се неговата средина каде што тој се остварува. Работникот без разлика од тоа дали е во земја (овдека може да се спори колку тоа зависи дали е земја од прв, втор, или трет свет, ама у глобала исти им се сегде животите). Пролетеријат шо вика Маркс. Само што сега, поучени од минатото, работниците имаат повишени права (благодарејќи на Маркс, и затоа марксизмот не е Маркс, шо е друга тема). Е сега, кога веќе компанијата се грижи за работникот, кога тој се остварува преку работата, а не преку друга дејност, автоматски него не му игра улога државата (ќе речеш Македонија вс. Америка, ама сегде е ист пролетерскиот живот, глеј однос према висина на трошкови и заработувачка).
Значи зависи тотално од компанијата. Дополнително е она со технологијата - таа оди напред, а работници губат работа на сметка на тоа. Машините ги заменуваат луѓето и се попрофитни, и компаниите отпуштаат луѓе. ДРЖАВАТА ТОА НЕ МОЖЕ ДА ГО РЕГУЛИРА. Кога работникот ќе биде отпуштен у Полска у фабриката на Мерцедес, тој НЕМА НИКАКВА ЛОГИЧЕН ИЛИ ПРАГМАТИЧЕН РАЗЛОГ да оди да се буни пред владата у Варшава. И што улога му игра него државата? Никаква.
Од тој аспект, компанијата станува новата држава. И кога на сметка на растот на профитот и милионските суми ќе се гледа да се запослат повеќе луѓе, тогаш ќе се оди уште еден чекор напред кон она што го дрвиме - идеалот на анархијата.
Сума сумарум - таа социјално - економска безбедност, не е веќе домен на државата. Шо значи, ни суверенитетот од тој аспект не е кај државата. Не е ова апсолутно, може да се приговара, ама малце погрубо кажано, тоа е состојбата и по тој пат оди.