Совршеното општество

  • Креатор на темата Креатор на темата Toreador
  • Време на започнување Време на започнување
Абе нема шанси за било каква утопија. Едноставно нема... Компетитивноста е вградена, и државата е изградена само заради паранојата на војната на сите против сите. Ок, никад нема војна на сите против сите. Набргу се прават групи и кластери, обично на посилните(грабливките) и послабите(пленот) и општеството многу бргу се кристализира и поредокот се воспоставува. Дури и во војна која почнува со анархија, многу бргу, или уште од самиот почеток, постои поредок. Нема шанси...
 
Oфчар, се тоа океј, ама...

Да направиме ваква метафора:

Ако општеството го замениме со куќа, која според правилата во архитектурата и градежништвото се гради од темел накај кров, а ние предлагаме некое ново во кое кажуваме дека кровот треба да е таков и таков. Како да се стигне до кровот? Или, според "новите моменти", од кровот накај темелите?

Ја објаснуваш само крајната замисла и стартот, односно компетитивноста и шансата која би им била дадена на сите. Логично, сите нема да ја искористат шансата. Што правиме со тие кои нема да успеат? Како би се воспоставил тој поредок?
 
Мистичен напиша:
Да направиме ваква метафора:

Ако општеството го замениме со куќа, која според правилата во архитектурата и градежништвото се гради од темел накај кров, а ние предлагаме некое ново во кое кажуваме дека кровот треба да е таков и таков. Како да се стигне до кровот? Или, според "новите моменти", од кровот накај темелите?

Не моеш така да замениш.

Уствари може слично: општеството е дворот, а државата куќата. Го вадиш мебелот надвор, ја рушиш куќата, малце ладно е, и дигаш балон. И дворот ти станува ист ко куќа, само покомфорен.

Апла симболично ;))))

ej, aј еден подфорум филозофија, за таму е темава печена
 
Сега се сетив на НСК проектот...
Држава во време, а не во простор.
Нивната теорија, но и пракса се темели на интегрирање на уметноста во системот, но некои работи се многу корисни за опоставување на совршено општество :)

NSK State is an abstract organism, a suprematist body installed in real social and political space as a sculpture comprising the concrete body warmth, spirit and work of its members.

NSK confers the status of a state not to territory but to mind, whose borders are in a state of flux, in accordance with the movements and changes of its symbolic and physical collective body.

...
 
Абе...

Како да се постигне тоа? Тоа е фрката. Дал је могуче? Пошто и јас имам желби, ама немам можности.
 
Мистичен напиша:
Абе...

Како да се постигне тоа? Тоа е фрката. Дал је могуче? Пошто и јас имам желби, ама немам можности.

прочитај уште еднаш шо имам пишано, веќе е зачнат тој процес.
 
Видете вака јас сум чисто скептичен дека во реалниот свет може да се создаде утописко општество во кое основна единка ќе биде човекот, причините за ова можете да ги прочитате во постот на 606
Ама затоа јас успеав сега да најдам едно виртуелно општество кое е многу приближно на утопија а тоа е Република Кајгана , нормало само доброволно е да се биде жител , има некои непишани закони кои се базираат на општата етика, а секој си стои како индивидуа сама за себе. Го кажува своето мислење и се додека тоа мислење не повреддува никого може да опстане , ако не едноставно и многу безболно се брише.
 
ОФЧАРРРР!!!
Риспект чо`еку! Ама ептен риспект. Нема шо!!!
_______________________________________________


Кога веќе станува збор за некаква утопија (ако морам да бирам) во која човекот би живеел тогаш ниедна друга политичка филозофија не може вода да и носи на Анархијата.
Инаку Анархијата е утописки сон на десно ориентираните, оние кои се залагаат за индивидуалност и слобода со одговорност. Иако постојат многу прашања кои не се решени во Анархијата, самиот сон на индивидуалистичко, слободно и морално општество на одговорни поединци е вредно за сонување.

Патем, да се знае, е тоа што едно е човек да сонува за некаква утопија, а сосема друга работа е да се фрли човек на работа за остварување на некаква утопија. Второво е многу опасна работа. Колку ли крв е пролеана заради остварување на некаква утопија во минатото, а по се` изгледа дека и во однина животи ке се губат поради обиди за остварување на неостварливото.

Една работа го кочи процесот на создавање на утопија која е многу битна, а тоа е:
Слободните луѓе не се еднакви.
(битен предуслов за остварување на утопија)
 
protivpropaganda напиша:
Иако постојат многу прашања кои не се решени во Анархијата, самиот сон на индивидуалистичко, слободно и морално општество на одговорни поединци е вредно за сонување.

Општество за сонувачи и оптимисти значи, лото 6/39. Сонуваш, а појма немаш како ќе го решиш тоа, тоа и тоа. Ама, ти важно сакаш да го постигнеш тоа, тоа и тоа.
 
Мистик мен,
А бе, по се` изгледа дека ме имаш погрешно сфатено.
Кажав веќе:
Патем, да се знае, е тоа што едно е човек да сонува за некаква утопија, а сосема друга работа е да се фрли човек на работа за остварување на некаква утопија. Второво е многу опасна работа. Колку ли крв е пролеана заради остварување на некаква утопија во минатото, а по се` изгледа дека и во однина животи ке се губат поради обиди за остварување на неостварливото.

Од каде ли констатира дека сакам да постигнам совршено општество или пак дека би оправдал таква активност од кого било?
 
како што трганло да се развива оваа општество конечно ке дојде до врвот што ке придонесе до самоуништување на светот
 
protivpropaganda напиша:
Мистик мен,
А бе, по се` изгледа дека ме имаш погрешно сфатено.
Кажав веќе:


Од каде ли констатира дека сакам да постигнам совршено општество или пак дека би оправдал таква активност од кого било?
А ти од каде констатира дека мојот пост е реплика на твое писание? ;)

Ја чекам тоа елаборатот за анархијата од особата што вели дека го чува за докторат, само незнам дали го има сејвувано у ворд, ил само се курчи! ;)
 
Мистичен напиша:
Ја чекам тоа елаборатот за анархијата од особата што вели дека го чува за докторат, само незнам дали го има сејвувано у ворд, ил само се курчи! ;)

Абе го неам ни напишано.

За достигање на идеал нема средство, има само идеал кој ти е и патоказ и метод и репер - Платон

Уствари има. Бакунин, Чомски, па и Мил (тука више утилитаринијанизмот) па и воините за апсолутна слобода како Запата, Че, Зак Де Ла Рока, и така натака. Ама се` се тоа планови, идеи, начин НЕМА.

Ако нешто е совршено, значи не може да се постигне. Совршеното не се постигнува, се тежнее кон него. Ако се постигне, веќе не е совршено. А веќе по инерција се тежнее кон него. Особено на економска база. Државата веќе не е преставува економски суверен. Државата не одговара за невработените. Компаниите одговараат. И така натака.
 
Офчар напиша:
Ако нешто е совршено, значи не може да се постигне. Совршеното не се постигнува, се тежнее кон него. Ако се постигне, веќе не е совршено.
Епа сега, се постигнува или не? Или, само се тежнее кон него?
Офчар напиша:
Државата не одговара за невработените. Компаниите одговараат. И така натака.
Во ред, компаниите одговараат. Пред кого одговараат? Кога би ја имале одговорноста и со која постапка? Како ќе се определи која компанија би одговарала? Таа која ќе запосли најмалку? :-)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom